Контакт

Свет

Австралискиот премиер ќе се сретне со претставници од државната телевизија

Објавено пред

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека во вторник ќе се состане со претседателката и извршниот директор на националната телевизија во обид да ги смири тензиите по двете полициски рации против истакнати медиумски организации.

Полицијата минатата недела изврши рација во седиштето на австралиската радиодифузна корпорација (AВС) и домот на уредникот на News Corp, во време кога се водат две истраги за наводно споделување информации од национална безбедност.

Рациите, за кои полицијата соопшти дека се неповрзани, предизвикаа поплаки за напади врз слободата на печатот.

Морисон, кој оттогаш се најде под голем притисок, рече дека ќе ги разгледа сите предлози за подобрување на заштитата на медиумите кога ќе се сретне со претседателката на ABC, Ита Бутроуз, и извршниот директор Дејвид Андерсон.

„Ако има предлози или докази или каква било анализа што открива дека има потреба од понатамошно подобрување на тие закони, тогаш владата е секогаш отворена за тоа“, изјави Морисон за новинарите.

Австралија нема основните заштитни мерки за слободен говор во својот устав. Кога владата ги заостри законите за шпионажа во 2018 година, таа додаде одредба за заштита на информаторите.

Морисон, кој беше во странство за време на полициските рации, не може да си дозволи да го развлече проблемот, велат аналитичарите. Тој сака парламентот да ги одобри ветените даночни намалувања кога законодавците се враќаат по изборите, но некои пратеници сакаат да дадат приоритет на амандманите за заштита на слободата на печатот.

Свет

Помпео најави санкции за ирачките власти

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави денеска дека Соединетите Американски Држави се подготвени да воведат санкции за ирачките власти кои ја украле државата и оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

„Нема да стоиме додека ирачките власти прават народот да страда“, рече Помпео пред новинарите во Стејт департментот, пренесува „Ројтерс“.

Тој најави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние што повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Прикажи повеќе...

Свет

Шест лица загинаа во лавина во Индија

Објавено пред

Четворица војници и двајца цивили загинаа денеска во лавина на глечерот Сијачен, на источниот крак на Хималаите и на надморска височина од 5.700 метри, а осум лица останаа заробени, соопшти индиското Министерство за одбрана.

„Причина за смртта е екстремна хипотермија“, изјави портпаролот на Министерството и додаде дека две лица, кои биле заробени во снегот, се спасени.

Индискиот портал „Индија тудеј“ јави дека се спасени сите осум заробени војници.

Седум лица добиле сериозни повреди и тие со хеликоптери се префрлени во најблиската воена болница.

Глечерот Сијачен е познат како највисока воена област на светот.

Прикажи повеќе...

Свет

Чавушоглу: Анкара би можела да иницира нова операција во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара ќе поведе нова воена операција на североистокот во Сирија доколку областа не се исчисти од терористи.

Тој рече дека САД и Русија не го направиле она што требало за договорот со кој беше сопрена турската операција во Сирија минатиот месец, пренесе „Ројтерс“.

Според тој договор, курдските сили би требало да бидат оддалечени од североистокот во Сирија, која се граничи со Турција.

„Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно“, изјави Чавушоглу.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија13 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија15 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија18 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија18 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија19 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија19 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет21 час

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет21 час

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија22 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија23 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија2 дена

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион2 дена

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие