Контакт

Свет

Австралија од ноември ја укинува забраната за патување во странство

Објавено пред

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска објави дека 18-месечната забрана за Австралијците што патуваат во странство ќе биде укината следниот месец, со што ќе се олесни едно од најстрогите ограничувања воведени како дел од борбата против Ковид-19 на глобално ниво.

Повторното отворање на меѓународната граница за граѓаните ќе биде поврзано со воспоставување домашен карантин во осум австралиски држави и територии, рече Морисон, што значи дека некои делови од земјата ќе се отворат порано од другите, наведува „Ројтерс“.

Првата фаза од планот, додава тој, ќе се фокусира на дозволување на граѓаните и постојаните жители да ја напуштат Австралија.

„Време е да им го вратиме животот на Австралијците. Спасивме животи“, рече Морисон за време на телевизиската прес-конференција.

Според планот објавен денеска, Австралијците што се целосно вакцинирани ќе може да патуваат во странство и да одат во седумдневен карантин по враќањето дома. Луѓето што не се вакцинирани ќе мора да поминат 14 дена во карантин во хотел по враќањето во земјата.

Морисон рече дека неговата влада работи и на можноста да се патува без карантин со земји како Нов Зеланд.

Извор од австралиската влада наведува дека се разговара и за плановите да им се дозволи на странските посетители да влезат во земјата, но дека сѐ уште не е можно да се дефинира временска рамка.

Морисон ја затвори меѓународната граница во март 2020 година. Оттогаш само на ограничен број луѓе им беше дозволено да ја напуштат земјата од деловни или хуманитарни причини.

На граѓаните и постојаните жители им беше дозволено да се вратат од странство под услов на ограничени квоти и задолжителен 14-дневен карантински период поминат во хотел на сопствен трошок.

Регион

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според неа, атентатот бил детално и долго планиран, а требало да биде извршен на 27 јануари годинава, на откривање на споменикот на Стефан Немања во Белград.

„Планиран е долго и детално. Формирани се паралелни структури во МВР и водени се кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот за дехуманизација на Вучиќ и од него и неговото семејство направија криминален клан“, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа не наведе детали зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.

„Ако го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: ‘Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство’. Се случуваа многу работи во МВР. Монструозно е колку добро таа мрежа беше поврзана“, посочи Брнабиќ.

Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

„Знам дека Српската напредна партија е единствената партија во историјата на Србија која рече дека сите се третирани еднакво и дека нема заштитени“, рече Брнабиќ.

Според неа, врз Вучиќ се врши притисок преку напади врз неговиот син Данило, бидејќи, како што кажа, не може да му забележат ништо што е поврзано со економските и политичките прашања.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Објавено пред

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг.

„Околу 1.068 милијарди луѓе сега се вакцинирани со потребните дози, од вкупното население од 1.412 милијарди“, рече Ми на брифингот со новинари, пренесуваат светските медиуми.

Во земјата се дадени 2,245 милијарди дози вакцина против Ковид-19 до 23 октомври.

Кина во голема мера го ограничи ширењето на инфекцијата во повеќето области, а спорадичните локални епидемии се мали во споредба со оние во другите земји.

Сепак, Ми предупреди дека постои зголемен ризик од повторно разгорување на епидемијата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Гувернер доби шлаканица додека држеше говор

Објавено пред

Промовирањето на новоименуваниот ирански гувернер Зеинолабедин Корам беше драматично прекинато откако маж излезе на говорницата и му удри шлаканица.

Инцидентот се случи додека Корам, новиот гувернер на провинцијата Источен Азербејџан, држеше говор во џамија во градот Табриз на североисток од земјата, пренесува Си -Ен -Ен.

На видеото објавено на интернет од иранската новинска агенција Фарс се гледа како маж мирно му приоѓа на Корам, му удира шлаканици, а потоа го турка. На снимката се гледа како обезбедувањето трча кон мажот, кој е идентификуван како Ајуба Ализадех, припадник на иранските вооружени сили, и го влече од бината.

На настанот присуствуваа министерот за внатрешни работи на Иран, претставници на канцеларијата на Ајатолах Хамнеи и други високи државни функционери.

Во интервју за државната телевизија ИРИБ, новиот гувернер рече дека не го познава лично сторителот.

Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет55 минути

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ1 час

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија17 часа

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија18 часа

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија23 часа

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет24 часа

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија1 ден

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет1 ден

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион1 ден

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет1 ден

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија2 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија2 дена

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет2 дена

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 отсто кај децата на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето симптоматски инфекции кај деца на...

Свет2 дена

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија2 дена

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија2 дена

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ2 дена

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет2 дена

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион3 дена

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Досие