Свет
Австриското село Фукинг ќе го смени името по несаканото внимание од туристите

Жителите на малото австриско село Фукинг гласаа за промена на името кога претрпеа несакано внимание од туристите од англиското говорно подрачје. В година, селото со 100 жители во близина на германската граница, ќе го носи името Фугинг, пишува регионалниот дневен весник Oberoesterreichische Nachrichten.
„Можам да потврдам дека селото се преименува. Навистина не сакам да кажам ништо повеќе – во минатото имавме доволно медиумско лудило за ова“, вели Андреа Холцнер, градоначалник на Тарсдорф, општина во која се наоѓа селото.
Туристите од англиското говорно подрачје сè повеќе доаѓаат во Фукинг за да се фотографираат со сообраќајната табла со името на селото. Некои дури прават зачудувачки безобразни пози пред таблата за да ги споделуваат на социјалните мрежи.
Наводно биле украдени и патоказите, што ги натера властите да вградат нови со бетон за да ги одвратат туристите од кражбите.
Мапа од 1825 година го покажува името на селото Фукинг, но некои експерти веруваат дека името датира од 11 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес го потресе подрачјето на Еласона во грчката област Тесалија, јавува АНА.
Агенцијата наведува дека нов земјотрес е регистриран денес во 11,36 часот, со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.
Земјотресот е дел од оној со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди централна Грција, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси беа почувствувани синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.
Регион
Во Хрватска се појави чешкиoт вид на коронавирус

Институтот „Руѓер Бошковиќ“ потврди дека, покрај бразилскиот, њујоршкиот, британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирус, во Хрватска се појавил и чешкиот.
Кристијан Влаховишек, професор по компјутерска биологија на Факултетот за науки во Загреб, го потврди тоа за порталот ХРТ.
Тој рече дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава, и во соработка со проф. Вранеш од НЗЈЗ „Д-р Андрија Штампар“ го изолирале чешкиот сој кај 20 проценти од примероците.
„Чешкиот сој е комбинација на мутации од шкотска и британска варијанта на коронавирус. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација во САРС-CoV-2 виру “, рече проф. Влаховишек.
Тој нагласува дека не се знае многу за заразноста на чешкиот вид, но дека во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие варијанти на вирусот и да се следат и веднаш да се изолираат заразените лица, пред тие да се прошират во населението.
Свет
Австралија: По цели 14 години загина човек од смртоносен убод на медуза

Тинејџер на возраст од 17 години, од австралиската држава Квинсленд, почина од убод на медуза, што е прва смрт во таа земја од ова подводно животно по цели 14 години.
Момчето пливало кога на него наишла медуза позната као морска оса, која се смета за најотровната медуза и едно од најопасните морски животни, објави австралискиот сајт „7њуз“.
Несреќата се случила на 22 февруари, итната помош пристигнала брзо, го интубирала тинејџерот, кој потоа со хеликоптер бил пренесен во болница, на оддел за интензивна нега.
Полицијата во Квинсленд денес потврди дека момчето починало во понеделникот.
Откако почнале да се бележат нападите на морската оса, од 1880 година во Австралија се забележани најмалку 70 смртни случаи, но смртта на момчето е прва во последните 14 години.
Претходниот пат, настрада шестгодишно дете, кога во 2007 година го нападнала медуза во Северната територија на Австралија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер