Контакт

Свет

Австрија организира конференција за борба против антисемитизам

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, како претседавач со ЕУ, најави дека ќе организира на 20 и 21 ноември во Виена конференција за борба против антисемитизам и порача дека Европа без Евреите не е Европа.

Собирот ќе биде организиран заедно со Европскиот еврејски конгрес во соработка со Еврејската заедница во Виена.

Викендот во американскиот град Питсбург вооружен напаѓач отвори оган во синагога за време на саботната служба, кога имало голем број верници. Во нападот беа убиени 11 луѓе. Напаѓачот беше ранет и уапсен.

Европа

(Видео) „Ангелитe на пеколот“ протестираат во Берлин против забраната за носење значка во јавност

Објавено пред

Неколку стотици членови на бајкерската група „Ангели на пеколот“ од цела Германија протестираат во Берлин против забраната на владата за јавно прикажување на логото на групата.

Мотоциклистите се собрани кај Бранденбуршката порта и многумина од нив носат маички на кои пишува „Слободата е наша религија“.

„Има луѓе во оваа земја кои сакаат да ја ограничат нашата слобода заради она што го нарекуваат безбедност, но едноставно го добиваат спротивното“, рече претседателот на клубот, Андре Сомер.

Според законот донесен од германскиот сојузен парламент во 2017 година, на „Ангелите на пеколот“ не им е дозволено да ја носат својата клупска значка „главата на смртта“, односно череп со запален шлем.

Полицијата соопшти дека протестот започнал без инциденти.

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: САД мора да се извинат за бомбардирањето на поранешна Југославија

Објавено пред

САД мора да се извинат за бомбардирањето на поранешна Југославија во 1999 година и да им исплатат компензација на роднините на убиените и повредените во воздушните напади на НАТО, поддржани од САД, изјави во неделата портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„За почеток, САД треба да им се извинат на оние што ги бомбардираа, да им исплатат обештетување на роднините на загинатите, како и на ранетите и на оние чие здравје е оштетено, поради проектилите со осиромашен ураниум. И дури кога ќе го сторат тоа, кога ќе се постават соодветните темели, може да ги повикаат другите да одат напред“, напиша таа на „Фејсбук“ коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во заминување во Србија, Кајл Скот, кој рече дека Србите треба да ги гледаат бомбардирањата на НАТО во 1999 година од поширока перспектива.

На 24 март 1999 година НАТО почна воена операција против Сојузна Република Југославија за која тврдеше дека е наводно за спречување геноцид на албанското население во Косово. НАТО соопшти дека за време на 78-дневната операција нивните авиони извршиле 10.000 бомбашки напади.

Воени експерти откриле дека алијансата лансирала 3.000 крстосувачки ракети и исфрлила 80.000 бомби, вклучително и кластер-бомби и бомби со збогатен ураниум. Според српските експерти, НАТО во текот на тримесечните бомбашки напади испуштил 15 тони осиромашен ураниум и ја направи земјата број еден во однос на случаите на карцином. Речиси 30.000 нови случаи на рак се регистрирани во првите 10 години по бомбардирањата со стапка на смртност од 10.000 на 18.000 пациенти.

Материјалната штета достигна 100 милијарди американски долари.

Според Љубиша Ракиќ, српски научник и член на српската, руската, евроазиската, европската и други академии, количината ниско збогатен ураниум исфрлен од НАТО на Балканот е доволна за да се направат 170 А-бомби како онаа што САД ја фрлија на Хирошима.

Прикажи повеќе...

Свет

Лидерот на Донецк бара санкции за Киев за неисполнување на мировниот договор од Минск

Објавено пред

Како гаранти, Германија и Франција треба да го казнат Киев со санкции поради неподготвеноста да ги исполни договорите од Минск за решавање на кризата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Народна Република Донецк, Денис Пушилин, за ТАСС.

„Изјавите на новиот министер за надворешни работи на Украина дека Киев не планира да го измени уставот за да му даде на Донбас посебен статус не не изненадија. Украинските политичари, кои ветија целосна посветеност на Минск, со години се обидуваат да ја избегнат одговорноста со неисполнување на обврските“, рече Пушилин.

Лидерот на Донецк потсети дека специјалните одредби за статусот на регионот и за ослободување лица поврзани со настаните во Донбас беа потврдени со договорот од Минск, кој беше поддржан со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.

„Никаква измена и дополнување на договорите во Минск не доаѓа предвид. Ако меѓународната заедница и гарантите на договорот од Минск се непристрасни, тогаш веќе требаше да има санкции за Украина, барем од Германија и од Франција, за кршење на договорите и неисполнување на обврските“, истакна Пушилин.

Министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Пристајко, на 14 септември рече дека Киев нема да го измени уставот на земјата за да ги вклучи одредбите за доделување посебен статус на Донбас. Тој исто така изјави дека нема да биде обезбедена амнестија за учесниците во украинскиот конфликт иако тоа беше предвидено со мировните договори во Минск.

Претходно, шефот на делегацијата на Украина во контакт-групата, Леонид Кучма, даде слична изјава нагласувајќи дека претседателот Владимир Зеленски нема да му даде на Донбас посебен статус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Фатиме Фетаи се враќа во скопското обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавни обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка...

Македонија18 минути

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавни обвинители го стави...

Свет3 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија3 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија3 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион4 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ4 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет4 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет5 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион17 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија23 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Досие