Контакт

Свет

Адвокатите трагаат по белоруските опозициски политичари Колесникова, Кравцов, Родненков

Објавено пред

Адвокатите се во потрага по претставниците на Координативниот совет на белоруската опозиција Марија Колесникова, Иван Кравцов и Антон Роденков, со кои не можаат да стапат во контакт, соопшти прес-службата на Советот, пренесува ТАСС.

„Досега не успеавме да стапиме во контакт со Марија Колесникова, Иван Кравцов и со Антон Роденков. Адвокатите трагаат по нив. Соодветни известувања за прифаќање на одбраната наскоро ќе бидат испратени на Комитетот за државна безбедност (КГБ) и на Истражниот комитет“, се вели во извештајот.

Максим Занк, член на Координативниот совет на белоруската опозиција, изјави дека неговите обиди да стапи во контакт со неговата колешка Марија Колесникова биле неуспешни.

Претходно, белоруските медиуми соопштија дека утринава, неидентификувани лица ја киднапирале Колесникова во близина на Националниот музеј на уметноста во Минск. Таа, наводно, била принудена да влезе во комби на кое имало ознака „Комуникации“.

„Потврдувам дека не сум во можност да контактирам со Колесникова“, изјави Знак за ТАСС.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Швајцарија ќе ја воведе највисоката минимална плата во светот

Објавено пред

Женева ќе воведе минимална плата од 4.086 швајцарски франци месечно (3,786 евра) што е највисока во светот.

Околу 500.000 гласачи во овој кантон ја одобрија минималната плата предложена од локалните синдикати и левичарските партии, откако двапати ја одбија во 2011 и 2014 година, објави британски „Гардијан“.

Минималната исплата по работен час е 23 швајцарски франци, двојно повеќе отколку во соседна Франција, со загарантирана минимална месечна плата од 4.086 швајцарски франци врз основа на работната недела од 41 час или 49.000 швајцарски франци годишно (53,370 долари) во еден од најскапите градови во светот за живот.

Телевизијата „Франс 3“ објави дека мерката е донесена откако швајцарскиот град, чија економија зависи од туристички и деловни посетители, е особено погоден од епидемијата на Ковид-19.

Мишел Шара, претседателот на независната организација „Групмен трнсфронталие еуропен“, која ги поддржува оние кои живеат и работат ширум француско-швајцарската граница, го опиша резултатот од гласањето како знак на солидарност со сиромашните во градот.

„ Ковид-19 покажа дека одреден дел од швајцарското население не може да живее во Женева… 4.000 (швајцарски франци) е минимум да не падне под границата на сиромаштијата и да не се најде во многу тешка ситуација“, вели Шара.

Од мерката ќе имаат корист 30.000 работници со ниски плати, од кои две третини се жени.

Прикажи повеќе...

Свет

Стапи на сила забраната за пластични сламки и лажички во Британија

Објавено пред

Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи денеска на сила во Англија.

Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а според неа продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот.

Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува Би-би-си.

Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.

Прикажи повеќе...

Регион

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Објавено пред

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се придржува и да го исполнува Договорот за пријателство и добрососедство кој го потпишавме, вели бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство, што е критериум за членство којшто не го измисли Бугарија, туку е европско – што треба да се набљудува во рамките на преговарачката рамка“, вели Захариева.

„Повеќепати повикувавме да се вратат кон исполнување на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Мешовитиот комитет за историски прашања. Неговата работа беше запрена еднострано од Скопје пред една година“, изјави шефот на бугарската дипломатија за БТВ.

На прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ, Захариева вели: „Сè уште сме во процес на разговори за преговарачката рамка во европските работни групи, таа дури не го достигна нивото на амбасадори“.

Таа очекува нејзиниот колега Бујар Османи да ја посети Бугарија следната недела.

„Историјата мора да биде признена каква што е. Ова не се работи за илјадници години, има доволно напишани автентични историски извори”, додава Захариева.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се...

Свет6 часа

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет7 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија9 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Европа10 часа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран. Доаѓајќи на...

Македонија10 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион10 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет10 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет11 час

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија12 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ13 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион13 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ15 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија16 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија17 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија2 дена

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија2 дена

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Досие