Контакт

Култура

Актерот од „Луди седумдесетти“ обвинет за силување

Објавено пред

Дени Мастерсон, познат по улогата на Хајд во серијата „Луди седумдесетти“, е обвинет за три случаи на силување.

Тој бил уапсен вчера, но бил ослободен само неколку часа подоцна со кауција од 3,3 милиони долари. Според Си-ен-ен, Мастерсон е обвинет за силувања што се случиле меѓу 2001 и 2003 година, а судењето на актерот треба да се одржи на 18 септември.

„Секако дека г. Мастерсон и неговата сопруга се шокирани, со оглед на тоа што овие ненадејни обвинувања се појавуваат по речиси 20 години. Сепак, и тие и целото семејство наоѓаат утеха во тоа што вистината ќе излезе на виделина. Тие што го знаат Мастерсон знаат дека овие обвиненија се лажни“, рече неговиот адвокат.

Според соопштението на полицијата, Мастерсон е обвинет за силување 23-годишна девојка во 2001 година. Тој исто така, наводно, силувал 28-годишна девојка во април 2003 година и 23-годишна девојка помеѓу ноември и декември истата година.

Ако судот одлучи дека Мастерсон е виновен, тој би можел да добие казна затвор од 45 години.

Актерката Леа Ремини реагира на случајот за Мастерсон. Таа целата работа ја стави во малку поширок контекст затоа што Мастерсон е член на Сциентолошката црква.

„Конечно, време е да го чуеме гласот на жртвите кога станува збор за сциентологијата. Ова е само почеток. Готово е со тоа секој пат да се извлечете, тие денови се одбројани“, објави Леа Ремини на „Твитер“, која е поранешна членка на Сциентолошката црква.

Сепак, по напуштањето на оваа контроверзна организација, таа е еден од нивните најгласни критичари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Кино на отворено од 10 до 13 јули во дворот на Кинотеката

Објавено пред

Кинотеката утре почнува со летната кинопрограма на отворено, во дворот на оваа културна установа, на која до 13 јули ќе бидат прикажани четири современи европски филмови.

Програмата почнува со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната награда LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар-Митевска.

На 11 јули ќе биде прикажан филммот „Гостин“, на 12 јули „Земјата под моите нозе“, а на 13 јули „Сонот на Катрина“. Проекциите ќе почнуваат во 21 часот, а цената на билетот е 100 денари.

Сите посетители ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид-19:

• Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот;
• Задолжително носење маска или заштита преку устата и носот;
• Задолжително одржување дистанца додека се следи проекцијата;
• Пушењето за време на проекција е непожелно;
• Забрането е внесување пијалаци (алкохолни и безалкохолни).

Општина Карпош ги информира жителите од околните згради дека за време на кинопроекциите ќе биде изгаснато уличното осветление на дел од улицата Никола Русински, со цел подобра реализација на летната кинопрограма.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Нов сингл и спот на „Љубојна“

Објавено пред

Новиот сингл на „Љубојна“ е со наслов „Љубов по Татунчо“, од музиката за македонскиот игран филм „Стела“, чија премиера се очекува набргу.

Композитор е Оливер Јосифовски, а текстот е на Вера Јосифовска. Спотот за новиот сингл е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во „Студио подрумот“. Ова е истовремено и најава за новиот албум на „Љубојна“ со целосната музика од филмот „Стела“.

Прикажи повеќе...

Култура

АКТО – фестивалот за современи уметности – продолжува во Домот на културата во Ченто

Објавено пред

Со изработка на мурал на фасадата на Домот на културата во населбата Ченто во Скопје продолжува програмата на јубилејното 15-то издание на АКТО – фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У).

Автор на муралот е младиот уметник Владимир Милиќ и е во продукција на ФР~У во партнерство со организацијата „Културно ехо“, Општина Гази Баба и Град Скопје.

По минатонеделното отворање на 15-тиот АКТО со муралот во Битола на колективот КУРС од Белград, АКТО продолжува со интервенции во други градови во државата во соработка со локалните заедници и разни партнери.

Идејата за мурал во Ченто е во правец на соработка и активирање на оваа локална заедница во продукција на културни настани за заедницата, но и во насока на зачувување и ставање во функција на Домот на култура во населбата. Муралот, пак, е развиен како неколкумесечен процес на работа на уметникот Владимир Милиќ од Ченто со пошироката локална заедница и се однесува на потенцирање на важноста на солидарноста, особено во овој дел од населбата.

Иницијативата за овој мурал се однесува на две линии на значења: едното е обновување и повторно ставање во функција на бетонскиот културен дом во Ченто и со тоа реобмислување на модернистичкото незаштитено културно наследство на Скопје, а вториот е потенцирањето на важноста на солидарноста на заедницата за време на поплавите на подрачјето на општина Гази Баба, кои се случија пред четири години.

Од Општината велат: „Да не се заборави поплавата што ја зафати нашата општина, елементарна непогода која не бираше нација, вера и политичка определба, а токму во тие моменти се покажа колку можеме да бидеме солидарни и да си помогнеме едни со други. Општина Гази Баба е мултиетничка средина, место каде што сите ние дејствуваме секојдневно и затоа мораме да ги почитуваме различностите и да си помагаме еден со друг“.

Овој мурал е дел од серијата мурали што деновиве се изработуваат во уште 5 други града во земјата, и тоа во Штип, Прилеп, Велес, Кочани и Гевгелија, а веќе се заврши муралот во Битола, кој, за жал, беше нагрден со пораки на говор на омраза само неколку часа подоцна. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со „Гласен текстилец“ – Штип; БОШ-фестивал – Гевгелија; „Културно ехо“ – Скопје; Центарот за современи ликовни уметности ЦСЛУ – Прилеп и „Јавен простор“ – Прилеп; Народниот театар од Битола; Домот на културата од Ченто; Општина Гази Баба; Општина Велес, Општина Кочани и Домот на културата „Бели мугри“ – Кочани.

Овој зафат, кој се протега на површина од 600 квадратни метри, и тоа паралелно во седум града, е концепт, кураторство и во организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Денис Ампев, Александар Јовановски и Ивана Васева.

Покрај во Битола и Ченто, во периодот што следува муралите се сликаат во следните градови:

Гевгелија
ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА, СОЦИЈАЛНА БЛИСКОСТ/КОМШИЈАТА И ВО АРНО И ВО ЛОШО/
Автор: Миле Ничевски во соработка со М.Ц. и во партнерство со БОШ-фестивал.

Прилеп:
НАПРЕД, САМО БЕЗ ЗАБОРАВАЊЕ!
Автор: Ристо Аврамовски во соработка со Филип Јовановски и Ненад Тонкин
Во партнерство со ЦСЛУ и „Јавен простор“ – Прилеп

Штип
ЕДНАКВИ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
Авторка: Јана Јакимовска
Во партнерство со „Гласен текстилец“ – Штип

Велес
СОЛИДАРНОСТ, МОБИЛНОСТ, ИДНИНА
Автор: Давор Кешкец
Во партнерство со Општина Велес

Кочани
СОЛИДАРНОСТА ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ
Автор: Ненад Тонкин
Во партнерство со Општина Кочани и Домот на културата „Бели мугри“ – Кочани.

Иницијативата за исцртување мурали на јавни простори има цел на креативен начин да зборува за одредени теми што иницираат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата на коронавирусот. Покрај тоа, оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет. Таа се манифестира преку креативни формати на акција – мурали, произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и организации во секоја локална заедница одделно.

Покрај муралите, годинешната програма на јубилејното 15-то издание на АКТО ќе вклучува и други содржини, кои ќе се објават дополнително.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет2 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион3 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ3 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија3 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион4 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија5 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион6 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија6 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион15 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион17 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион17 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет20 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион22 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија23 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија23 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Досие