Контакт

Европа

Швајцарија полека останува без снег

Објавено пред

Швајцарија, земја позната по луксузни скијачки одморалишта и планински врвови покриени со снег, останува без оваа бела покривка, предупредуваат научниците.

Научниците ги анализираа сателитските снимки од изминатите 22 години кои ја покриваат целата швајцарска територија.

Поради глобалното затоплување, Швајцарија загуби една петтина од снегот во тој период, пишува „Дејли мејл“.

Затоплувањето опфати некои од најпознатите скијачки центри во Швајцарија, вклучително и делови од швајцарските Алпи и планината Јура.

Научниците од универзитетот во Женева рекоа дека снегот исчезнал на површина од над 5.000 квадратни километри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Неофицијално, пожарот во Нотр Дам го предизвикал краток спој

Објавено пред

Краток спој, најверојатно, го предизвикал пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, тврди неименувано официјално лице на француската судска полиција.

Меѓутоа, тој напоменува дека од безбедносни причини лицата што ја водат истрагата сè уште не добиле зелено светло за работа во катедралата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави претходно петгодишен план за обнова на Нотр Дам. Експертите го оценија планот како премногу амбициозен бидејќи проценуваат дека обновата би можела да трае и до 15 години.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Обвинение против поранешен чувар за помагање при 5.230 убиства

Објавено пред

Обвинителството во германскиот град Хамбург поведе обвинение против поранешен чувар од германски нацистички логор од Втората светска војна, кое го товари за помагање при 5.230 случаи на убиства, главно  Евреи.

Обвинителството соопшти дека 92-годишникот, чиј идентитет не е откриен, се сомничи дека додека работел во концентрациониот логор „Штутхов“ помеѓу август 1944 и април 1945 година, помагал во убивањето затвореници, пренесе АП.

Обвинителството исто така соопшти дека обвинителите прецизирале оти осомничениот за време на злосторствата имал помеѓу 17 и 18 години и бил само дел од големата машинерија за убивање во нацистичкиот режим.

Како што јави германскиот дневен весник „Велт“, осомничениот признал дека бил свесен за постоењето на гасните комори во логорот и видел како од нив се изнесуваат тела во крематориум.

Прикажи повеќе...

Европа

Мистеријата решена, пронајдени таткото и ќерката од фотографијата пред Нотр Дам

Објавено пред

Туристиката од САД, Брук Виндзор, успеа да ги пронајде таткото и ќерката кои биле фотографирани пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот во катедралата.

Таа ги фотографирала пред несреќата по што јавно замоли на социјалните мрежи да ѝ се помогне да ги пронајде бидејќи сакала да им ја подари фотографијата за спомен.

Како што пренесе Би-би-си, Брук успеала да ги пронајде, а за тоа се пофалила на „Твитер“.

„Потрагата заврши, а фотографијата дојде до нив“, наведе таа.

Семејството се заблагодарило на убавиот гест.

„Благодариме за убавата фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа“, напшале во пораката.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20197 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија9 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија10 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201910 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија11 час

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија13 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет14 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет15 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет17 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија17 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет17 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа17 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија1 ден

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие