Контакт

Свет

Алек Болдвин, по трагедијата, повторувал само едно: „Зошто добив наполнет пиштол во моите раце?!“

Објавено пред

По страшната трагедија што се случи на снимањето на филмот „’Рѓа“, Алек Болдвин постојано повторувал дека не му е јасно зошто добил наполнет пиштол во рацете, пренесуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

„Зошто добив наполнет пиштол во моите раце?!“, повторувал холивудскиот актер цело време по страшната трагедија на филмскиот сет за време на која со пиштол ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс, и го повреди режисерот Хоел Соуза.

Хачинс почина набргу откога актерот ја застрела на ранчот Бонанза Крик во Ново Мексико, а режисерот на филмот Хоел Соуза беше примен во болница со повреди по што беше пуштен на домашно лекување. Очевидци на трагедијата за американските медиуми изјавија дека Болдвин бил вознемирен по пукањето и на почетокот не му било јасно што се случило.

Набргу потоа светските медиуми објавија фотографии на кои 63-годишниот Болдвин телефонира пред полициската станица во солзи.

„Господинот Болдвин дојде доброволно да разговара со инспекторите и потоа си замина“, изјави Хуан Риос од канцеларијата на шерифот за „Гардијан“.

Многубројни познати актери и вработени во филмската индустрија се огласија на социјалните мрежи по трагичниот настан на снимањето на филмот „’Рѓа“. Сите пишуваа дека смртта била апсолутно застрашувачка, а режисерот Џејмс Ган признал дека еден од неговите најголеми стравови бил некој да не биде фатално повреден на неговиот сет.

Против актерот засега не е поднесено обвинение, а во тек е полициска истрага и утврдување на сите околности.

Свет

Сателитски снимки го покажуваат размерот на катастрофата во Украина: водата проголта цели градови, куќи, паркови

Објавено пред

Компанијата „Maxar Technologies“ објави сателитски фотографии од село во јужниот регион Херсон, направени пред и по уништувањето на браната и поплавите како резултат на тоа.

dobivaj vesti na viber

Горната фотографија го прикажува селото Корсунка направено со сателит на 15 мај, додека долната фотографија е направена вчера откако селото било поплавено.

На фотографијата подолу е прикажана споредба на фотографии од домови и фарми во селото Корсунка на 15 мај и вчера по поплавата предизвикана од уништувањето на браната Нова Каховка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека добил сериозна и моќна понуда од лидерите на западните земји за испраќање борбени авиони Ф-16 во Киев. Тој додаде дека чека конечен договор со клучните сојузници.

„Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни“, рече Зеленски.

Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со САД“, рече Зеленски. Се уште не е јасно кои сојузници на Киев се подготвени да испратат западни авиони во Украина.

Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави од двете страни на реката Днепар по вчерашното уништување на браната Нова Каховка, соопштија денеска украинските власти, предупредувајќи дека врвот на водениот бран ќе следи денеска.

Вчера, шефот на агенцијата за помош на ОН, Мартин Грифитс, му соопшти на Советот за безбедност дека уништувањето на браната ќе има „тешки и далекусежни последици за илјадници луѓе на југот на Украина од двете страни на линијата на фронтот, кои ќе ги загубат домовите, храната, водата за пиење и средствата за живот“.

„Вистинските размери на оваа катастрофа ќе станат појасни дури во наредните денови“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

„Еколошка катастрофа, Чернобил, помор и поплави“ – последиците од рушењето на браната во Украина би можеле да бидат огромни

Објавено пред

Украинските научници чекаат водата да се повлече пред целосно да го проценат влијанието врз животната средина од уништувањето на браната Каховка, но поранешен министер предупреди дека тоа може да ја предизвика најлошата еколошка катастрофа од нуклеарната катастрофа во Чернобил.

dobivaj vesti na viber

Аналитичарите за „Гардијан“ изјавија дека обемот на штетата ќе зависи од количината на ослободена вода и од степенот на штетата на браната, и двете се’ уште не се познати. Во најмала рака, уништувањето на браната принуди евакуација на илјадници луѓе, поплавени паркови и го загрози снабдувањето со вода на милиони луѓе. Во најлош случај, може да има долгорочна опасност за најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје.

Меѓународната агенција за енергија на Твитер објави дека нејзините експерти во Запорожје, лоцирани на 160 километри возводно од браната, внимателно ја следат ситуацијата. Тие рекоа дека нема директен ризик за нуклеарна безбедност бидејќи базените за ладење веќе се полни. Ова може да се промени ако резервоарот зад браната значително се испразни, што би го отежнало полнењето на системот за ладење и ракувањето со генераторот.

Поранешниот министер за животна средина Остап Семерак изјави за „Гардијан“ дека верува дека ова е голема закана и дека може да се појават други опасности во наредните денови и недели бидејќи поплавите ќе ги зафатат градовите, бензинските пумпи и фармите, ќе се контаминираат со агрохемикалии и нафтени деривати, а потоа ќе се слеваат во Црното Море.

„Ова ќе има влијание врз Романија, Грузија, Турција и Бугарија. Тоа ќе биде штетно за целиот регион“, рече тој.

„Нашата влада објави дека ова е најголемата еколошка катастрофа во Европа во последните 10 години и мислам дека може да биде најлошата во Украина од Чернобил во 1986 година“, додаде тој.

Снабдувањето со вода може да се намали или прекине во неколку градови, вклучувајќи го и Херсон, а наводнувањето може да се покаже невозможно во делови од земјоделското земјиште, што ќе влијае на посевите. Се очекуваат масовно истребување на риби и други водни видови, широко распространето уништување на живеалиштата и негативни влијанија врз еколошки важните национални паркови. Дополнително, вели тој, мините ќе се поместат и ќе бидат покриени со кал, што ќе го отежне нивното лоцирање.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за рушењето на браната.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Еди Рама ја зграпчи и ја бакна италијанската премиерка, опозицијата вели дека се однесувал како холивудска ѕвезда

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави видео на кое се гледа како ја бакнува во образот италијанската премиерка Џорџа Мелони.

dobivaj vesti na viber

Гестот на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.

Во видеото Рама ѝ приоѓа на Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот.

„Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџија Мелони“, напиша на Твитер новинарката Анета Захова.

Опозицијата го коментираше потегот на Еди Рама и порача дека премиерот се однесувал како холивудска ѕвезда на црвен тепих.

„Рама ја бакна Мелони, но не ја зголеми пензијата. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, но што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови“, изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Сателитски снимки го покажуваат размерот на катастрофата во Украина: водата проголта цели градови, куќи, паркови

Компанијата „Maxar Technologies“ објави сателитски фотографии од село во јужниот регион Херсон, направени пред и по уништувањето на браната и...

Македонија1 час

Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба....

Свет11 часа

„Еколошка катастрофа, Чернобил, помор и поплави“ – последиците од рушењето на браната во Украина би можеле да бидат огромни

Украинските научници чекаат водата да се повлече пред целосно да го проценат влијанието врз животната средина од уништувањето на браната...

Македонија13 часа

Зоран Трифуновски е нов директор на Железници

Владата го назначи  Зоран Трифуновски за нов директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје....

Македонија14 часа

(Вознемирувачко видео) Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи. На...

Македонија15 часа

Хари Локвенец поднесе оставка од директорската позиција во Железници

Хари Локвенец поднесе оствка од директорската позиција во Железници-инфраструктура. Локвенец за „Макфакс“ изјави дека се повлекува од функцијата од лични...

Топ16 часа

Двајца затвореници најдени мртви во „Идризово“

Двајца затвореници од Скопје биле најдени починати во затворот „Идризово“. Како што објави МВР, едниот починал синоќа по 3 часот...

Македонија18 часа

Двајца судии поднесоа оставки од Судскиот совет по хаосот и кавгите

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати...

Топ20 часа

(Видео) Меџити се налутил оти Јовев доцна му пратил покана за настан, тврди докторот, кој рече дека е жртва

Професорот Сашко Јовев, кој е сменет од директорската позиција на Кардиохирургија, посочува дека министерот за здравство, Фатмир Миџити, го сменил...

Македонија20 часа

(Видео) Револт за разрешувањето на Јовев, пациенти пред Кардиологија: Срамота е ова што се прави

Пред Кардиохирургија дојдоа пациенти, кои му изразуваат поддршка на професорот доктор Сашко Јовев, разрешен од министерот за здравство, Фатмир Меџити....

Македонија21 час

Зад смената на Јовев, апсолутно политика не стои, секаде каде што има злоупотреби, ќе има санкционирање, уверува Меџити

Смената на директорот на Клиниката за кардиологија, Сашко Јовев, кој ги предводеше трансплантациите на срце во земјат,а не е политичка,...

Македонија22 часа

Вмровските пратеници пред лидерската на Мицкоски: Уставни измени? Ни под разно!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став за уставните измени. Во објави на социјалните мрежи тие реагираат...

Топ23 часа

Бегајќи од полиција, излетал од патот со полн автомобил мигранти: приведени двајца тетовци

Синоќа, на регионалниот пат Удово – Демир Капија, кај местото наречено раскрсница Удово, полицијата привела две лица, кои со автомобил...

Свет24 часа

(Видео) Зеленски го свика Советот за безбедност: „Ова е доказ дека Русите се терористи“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Твитер“ објави видео од уништената брана „Нова Каховка“ нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“....

Регион24 часа

Ердоган го постави својот портпарол за шеф на државната разузнавачка служба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ). Ова го...

Свет24 часа

(Видео) Разнесена клучна брана кај Херсон, го снабдува Крим со вода: наредена итна евакуација

Украинската јужна оперативна команда рано утринава извести дека руските сили ја разнеле хидроцентралата „Каховка“. На социјалните мрежи се споделуваат видеа...

Македонија1 ден

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ2 дена

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија2 дена

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...