Свет
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што се вели, тековните регионални тензии.
Објава на платформата Икс наведува дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани и дека јавноста ќе биде известена кога амбасадата ќе се врати во нормални операции.

Амбасадата, наводно, вчера била цел на напад со беспилотно летало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Португалија избувна епидемија на норовирус: заразени повеќе од 120 лица
Во Португалија избувна епидемија на норовирус, во која се заразени повеќе од 120 лица, а се сомнева дека фокусот на инфекцијата бил спортски настан во градот Калдас да Рајњи, во централниот дел на земјата, објавува „Euronjuz“.
Меѓу симптомите што помогнале во дијагностицирањето на болеста биле повраќање, дијареја, гадење, покачена телесна температура, болки во стомакот и главоболка.
Сè започна минатата недела, кога Одделот за итни случаи на болницата во Калдас да Рајњи лекувал повеќе од 60 лица со симптоми на гастроентеритис. По добивањето на резултатите од лабораториските анализи, градските власти, според локалниот весник „Jornal das Caldas“, потврдиле вкупно 122 случаи на инфекција.
„Сите примероци од столицата испратени до Националниот здравствен институт „Д-р Рикардо Жорже“ биле позитивни на норовирус од геногрупа II, што потврдило дека овој вирус е најверојатната причина за епидемијата“, се наведува во официјалното соопштение.
Утврдено е дека околу 80 заразени лица биле поврзани со меѓународниот младински фудбалски турнир, кој се одржа од 24 јуни до 8 јули во општините Калдас да Раинја и Обидос.
Институтот за јавно здравје и Управата за безбедност и економија на храната (ASAE) спроведоа инспекција на кетеринг услугата што подготвуваше оброци за учесниците на турнирот. Од работните површини беа земени примероци од храна и брисеви, но досегашните анализи не покажаа дека кетерингот е извор на инфекцијата.
Истрагата за потеклото на епидемијата сè уште е во тек.
Организаторот на турнирот објави на Фејсбук, наведувајќи дека овогодинешното издание беше особено тешко.
„Оваа година ни донесе предизвици што не можевме да ги предвидиме – силен топлотен бран и вирусна епидемија што ги погоди учесниците на нашиот турнир. Тоа беа многу тешки денови, во кои се обидувавме да донесуваме брзи и точни одлуки, секогаш ставајќи го здравјето на сите на прво место“, според објавениот извештај на „Еуроњуз“.
Норовирусот е една од најчестите причини за вирусен гастроентеритис и е исклучително заразен. Се пренесува преку директен контакт со заразено лице, преку контаминирани предмети и површини, како и со консумирање контаминирана храна и вода, особено сурови школки и недоволно измиен зеленчук.
Свет
„Буквално возев низ оган“: Драматични признанија на жители евакуирани во Шпанија поради шумски пожар
Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари во кои досега загинаа 12 лица. Локалните власти во областа Лос Галјардос предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Армијата користеше беспилотни летала и 32 авиони за да ги искористи подобрите временски услови, поради што погодената област остана на 6.600 хектари. Андалузиската влада одобри враќање на повеќе од 600 жители од 1.400 луѓе кои беа евакуирани претходно. Екстремно високите температури, сувото земјиште и силниот ветер придонесоа пожарот да се прошири многу брзо.
Трогателните искази на евакуираните жители ги опишуваат драматичните моменти кога шумски пожар зафати изолирана заедница на доселеници на југот на Шпанија.
Пожарот избувна во близина на планински венец во покраината Алмерија, а Британецот Џефри Кембер рече дека едвај успеал да избега.
„Сопругата влезе во својот автомобил, јас во мојот. Исто така, се обидувавме да ѝ помогнеме на соседката која беше на одмор со пријателка со две мали бебиња. Во еден момент се разделивме, таа отиде на едната страна без својот телефон. Мислев дека веројатно отишла во друго село, Албарико. Тргнав оттаму, поминав низ Лос Пинос и продолжив. Возев директно низ пламенот, буквално низ огнот. Помислив: Не можам да застанам, само треба да продолжам“, рече тој.
Јавните служби велат дека повеќето од мртвите починале откако не ги послушале упатствата да останат во своите домови, додека за многумина бегството преку сувото речно корито било смртоносна стапица.
„Спиев во фотелјата до вентилаторот, загрижен дека чадот нема случајно да влезе во куќата. За среќа, тоа не се случи. Излегував надвор секој час за да проверам дали пожарот се приближува или оди кон планината. Бев на должност до четири часот наутро, и дури тогаш заспав. Така беше претходните две ноќи“, рече Мигел Паљот, жител на Бедар.
Рекордна топлина
Во јуни, Шпанија доживеа неколку дена рекордна топлина, а се проценува дека повеќе од 1.000 дополнителни смртни случаи се поврзани со екстремни температури.
Делови од Западна Европа моментално минуваат низ својот трет топлотен бран за само шест недели.
Европа
(Видео) Крадците од Лувр откриваат детали: „Знаевме дека мора да си заминеме за три минути“
Двајцата мажи осомничени за кражба на крунски накит во вредност од 88 милиони евра од парискиот музеј Лувр во октомври минатата година, наводно, им кажале на истражителите дека мозокот зад грабежот бил разочаран од пленот. Тој мислел дека „можеле да земат повеќе“, објавува „Гардијан“.
Францускиот весник „Ле Монд“ објави транскрипти од осомничените, идентификувани како Абдулае Н. и Геламалах А., кои се испрашувани од истражните судии. Нивните искази даваат детален преглед на провалата што го шокираше светот и доведе до оставка на директорот на музејот. Осомничените тврдат дека провалиле во Галеријата д’Аполон по налог на клиент чиј идентитет одбиваат да го откријат од страв за безбедноста на нивните семејства.
Круната на царицата Евгенија е оштетена
Двајцата украле осум парчиња накит од витрините, вклучувајќи тијари, брош, ѓердани и обетки. Сепак, за време на нивното бегство, тие испуштиле круна со скапоцени камења што ја носела царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, во 19 век.
„Да, јас бев, ми падна од чантата“, наводно признал Абдулае Н. пред судиите додека му покажувале фотографија од тешко оштетената круна. „Она што го направивме е погрешно, многу е сериозно“, додаде тој.
Незадоволен клиент
Според Абдулае Н., по грабежот, тие го предале преостанатиот плен на наводниот организатор, кој „не бил задоволен“ од исходот. „Мислеше дека можевме да земеме повеќе“, им рекол на истражителите.
Регрутирање и подготовка за грабежот
Двајцата мажи рекле дека биле вработени само два или три дена пред провалата. За да се подготват, им било прикажано видео снимено во галерија со накит од времето на Наполеон. Абдулае Н. рекол дека им била дадена јасна задача: „Скршете ги прозорците и извадете го накитот од витрините“.
Абдулае Н. рекол дека е „во тешка финансиска ситуација“. За неговата улога во грабежот, му биле ветени помеѓу 15.000 и 20.000 евра, „а можеби и повеќе, во зависност од заработката“. Тој тврди дека мотивот на клиентот бил чисто финансиски и дека планирал да го препродаде украдениот накит.
🚨 The moment the thieves fled the Louvre was caught on camera!
The robbers left the museum using a lift and then escaped on scooters. 🛵💨 pic.twitter.com/D3xVW8maHe
— NEXTA (@nexta_tv) October 23, 2025
Различни сознанија за целта
Додека Абдулае Н. им признал на истражителите: „Знаев дека ќе го ограбам Лувр“, Геламалах А. тврдел дека не знаел кој е целта. Тој вели дека грабежот првично му бил претставен како провала во „некоја париска работилница за накит“, а не во најпосетуваниот музеј во светот.
„Никогаш немаше да стапнам таму да знаев“, рекол тој, додавајќи дека се согласил на надомест од помеѓу 20.000 и 25.000 евра.
Двајцата наводно се качиле на балконот на првиот кат со службениот лифт, скршиле прозорец во Галерија д’Аполон и влегле во музејот. Таму почнале да го сечат стаклото на две витрини. „Кога влеговме, немаше никој таму, беше темно, само светлата беа вклучени во витрините“, рече Абдулае Н.
„Ги видов обезбедувачите како се движат во далечината, зад некои врати.“ Тој рече дека биле свесни дека имаат многу малку време. „Моравме да земеме што е можно повеќе накит. Знаевме дека мора да заминеме за три минути или ќе нè најдат. Сето тоа изгледаше како да трае предолго.“
И Абдулае Н. и Геламалах А. тврдат дека не знаат што се случило со накитот по грабежот. Тие одбија да им го откријат на истражителите идентитетот на организаторот или на соучесниците од страв од одмазда.
