Свет
Амбасадата на Русија во Босна и Херцеговина: Нешто не е во ред со логиката на генералниот секретар на НАТО

Руската амбасада во Босна и Херцеговина оцени дека „нешто не е во ред со логиката“ на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кога зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија во Босна и Херцеговина.
„Од една страна, тој зборува за дестабилизирачкото влијание на Русија, а од друга, ја поздравува едногласната одлука во Советот за безбедност на ОН за продолжување на мисијата ЕУФОР, ‘Алтеа’, која ја смета за стабилизирачки фактор. Како што е познато, Русија начелно ја поддржа оваа одлука“, се нагласува во нивното соопштението.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Сараево изјави дека е загрижен поради сецесионистичката и разделничка реторика во БиХ, но и за негативното руско влијание во оваа земја.
„Загрижени сме поради сецесионистичката и поделена реторика, како и за надворешното влијание, особено на Русија. Ова се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите“, рече Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.
Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.
Свет
(Видео) Морничави снимки од земјотресот од 7,6 степени на Филипините

На социјалните мрежи објавена е вознамирувачка снимка од моментот на силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер што ги погоди денес Филипините.
Потресот се случи на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од потресот.
Video of the recent earthquake in Philippines. #Mindanao #Philippines #earthquake $Portal@Portalcoin pic.twitter.com/fKt5FxB6o5
— Z0X (@NorisKris1) December 2, 2023
Свет
Столтенберг: Европските земји не можат да го прошират производството на оружје за Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека европските земји ги следат сопствените интереси и не можат да го прошират производството на оружје за Украина.
„Не сме во можност да соработуваме толку блиску колку што треба, што доведува до повисоки трошоци и го отежнува проширувањето на производството. Мора да се реши проблемот со фрагментацијата на европската одбранбена индустрија“, изјави Столтенберг во интервју за студиото АРД во Брисел.
Тој рече дека е важна поголемата слика и колективниот интерес.
Како пример за потребата од подобрување, Столтенберг го наведе производството на муниција, кое во моментов е во посебен фокус поради големата потреба на Украина од оружје во конфликтот со Русија.
„Важно е да се спречи поскапувањето на муницијата поради зголемената побарувачка. Потребна е повисока понуда. Зголемувањето на производството е клучно“, заклучи генералниот секретар на НАТО.