Европа
Амбасадорот на Украина: Меркел би можела да посредува во конфликтот со Русија

Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, смета дека поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можела да посредува во конфликтот меѓу Русија и Украина.
„За жал, Меркел очигледно реши да не се меша во дневната политика. Доколку чувствува потреба да ни помогне да ја завршиме оваа ѓаволска војна, таа е добредојдена, особено затоа што со децении негува однос на доверба со Владимир Путин“, објасни Мелник во интервју за германскиот весник „Меркур“.
Запрашан дали има шанси да се дојде до решение преку преговори, тој рече дека секоја војна завршува на преговарачка маса и дека руската агресија не е исклучок.
„Во моментот шансите за такво нешто се многу мали. Путин досега не сакаше да разговара со претседателот на Украина. Сите напори за посредување, дури и со германско посредништво, беа неуспешни. За нас тоа значи дека Путин ќе биде отворен за преговори, само ако му ги покажеме границите на бојното поле“, истакна тој.
Мелник, кој е познат по тоа што ја критикува германската влада, рече дека е охрабрен од одлуката за испорака на тешко оружје.
Тој, сепак, додаде дека е тажен поради реализацијата.
Потсети дека Украина пред три недели поднела барања за испорака на оклопни возила „Леопард“ и „Мардер“ и дека се уште чека зелено светло од германската влада.
„Ние не сакаме само стари системи за оружје. Оваа војна може да се добие само ако добиеме модерно германско оружје, без одлагање“, рече тој.
Во таа насока тој побарал од канцеларот Олаф Шолц да одржи кризен состанок со претставници на германската индустрија за специјални намени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите нападнаа повеќе од 40 градови во Донбас

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.
– Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, меѓу кои 38 куќи и едно училиште. Во гранатирањето загинаа пет цивили, а 12 се ранети – објавија на Фејсбук украинските вооружени сили.
Во соопштението се наведува дека се одбиени 10 напади, а уништени се четири тенкови и четири дронови.
Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спроведуваат интензивна офанзива врз клучниот град Лиман во областа Доњецк.
Лиман е важен железнички центар и ако Русите успеат да ја преземат контролата таму, блискиот град Славјанск станува поранлив на напади, а украинските војници југоисточно од градот стануваат поизложени на опасностите од опсада, пренесуваат мадиумите.
Европа
Кадиров и се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и се закани на Полска. Тој на својот канал на Телеграм објави видео во кое вели „го интересира Полска“.
– По Украина, ако добиеме нарачка, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни. Подобро би било да си го вратите оружјето и платениците – рече Кадиров.
Кадиров рече дека е подобро Полјаците да побараат официјална прошка за тоа што му го направија на рускиот амбасадор Сергеј Андрејев, кога, потсетуваме, го испрскаа со црвена боја на Денот на победата.
„Ние нема само да го игнорираме, имајте го тоа на ум“, рече Кадиров.
Poland, Ramzan Kadyrov has set his eyes on you
(with subtitles, including all 'dons' for purposes of accuracy) pic.twitter.com/nSOq9BNQjn
— Francis Scarr (@francis_scarr) May 25, 2022
Европа
И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор и Турција се уште се противи на приемот на двете скандинавски земји во НАТО.
Според турскиот портпарол, претседателот Ибрахим Калин, процесот на проширување на НАТО со скандинавските земји не е можен додека не се решат безбедносните грижи на Турција.
На состанокот беше истакнато и дека Турција забележала позитивен став кон укинување на ембаргото за оружје.
– На оваа средба видовме позитивен став кон укинувањето на ембаргото за производите од одбранбената индустрија, што е пријатен развој – рече Ибрахим Калин.
Да потсетиме, Шведска и Финска го забранија извозот на оружје во Турција по нејзиниот упад во Сирија против сириската курдска милиција ЈПГ. Анкара смета дека групата е идентична со ПКК, пренесуваат агенциите.