Свет
Американецот кој испрати писмо со рицин до Трамп и Пентагон, испратил и до Путин и Кралицата Елизабета Втора
Американецот кој изврши неуспешен напад со отров против голем број високи американски официјални претставници, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп, тврди дека испратил и токсин за странските водачи, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, покажуваат судските документи, објави „Раша тудеј“.
‘Ex-Navy sailor’ sent packages tested positive for ricin to James #Mattis & Admiral John Richardson – report https://t.co/sHcJgInKnA pic.twitter.com/T4LCRDROFU
— RT (@RT_com) October 3, 2018
Како што се наведува, Вилијам Клајд Ален Трети, кој беше фатен како испраќа биолошки токсин до Доналд Трамп, директорот на ФБИ, Кристофер Врај, секретарот за одбрана Џим Матис и адмиралот Џон Ричардсон, исто така, испратил писма кои содржат рицин и до британската кралица.
„Осомничениот дополнително информираше дека испратил и други писма со иста содржина на главниот обвинител Џеф Сеси, кралицата на Англија, рускиот претседател Владимир Путин и секретарот на воздухопловните сили ( на чие име не се сеќава)“, се открива во вчера објавениот судски документ.
39-годишниот ветеран на американската морнарица, на сослушувањето пред неговото притворање во Јута, рекол дека ги испратил писмата за да испрати порака. Ален признал дека испратил идентични писма со белешката со зборовите: “Џек и ракетниот грав во прав”.
Во петокот тој беше обвинет за пет точки, вклучувајќи и закани дека ќе употреби биолошки токсин, според поднесената федерална жалба. Во жалбата, Ален е, исто така, обвинет за закана против владата во 2015 година, кога тој, наводно, испратил е-маил до ЦИА заканувајќи се дека ќе го убие претседателот, освен ако шпионската агенција не престане да ги повредува неговите уставни права.
Освен тоа, во февруари 2017, тој, се закани дека ќе ја бомбардира воздухопловната база Лакленд во Тексас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.