Контакт

Вести

Американец осуден на смрт со бесење во Малезија

Објавено пред

(Фото: Адвокатот на Џералд Микелсон)

Судот во Малезија денеска го осуди на смрт со бесење Американецот Џералд Микелсон поради убиство на неговата поранешна сопруга.

Шеесет и тригодишниот Микелсон тврди дека во ноември 2016 година ја задавил сопругата во самоодбрана. Микелсон во Малезија работел како консултант, а планирал да се пресели на Филипините за да биде со новата сопруга.

Пред судот тој изјавил дека во хотел во Куала Лумпур дошло до расправија со неговата поранешна сопруга, која го нападнала. Судот донел поинаков заклучок, откако со аутопсијата било утврдено дека Гилда Микелсон освен што е задавена имала и повреди на главата.

Вести

Ватикан привремено суспендира бискуп осомничен дека силувал калуѓерка

Објавено пред

Од

Ватикан го прифати барањето на еден индиски бискуп привремено да биде ослободен од должноста затоа што е под истрага под обвинение дека силувал калуѓерка.

Во писмото објавено на веб-страницата на Католичката бискупска конференција на Индија, нејзиниот претседател, кардиналот Освалд Грацијас, навел дека папата Франциско примил барање бискупот привремено да биде ослободен од должноста.

Калуѓерката тврди дека бискупот Франц Мулакала, кој ја предводи Јаландхарската бискупија, ја силувал во период од две години. Против него сè уште не е поведено обвинение, но во интервју за медиумите ги отфрлил обвинувањата.

Ватикан вообичаено не ги објавува привремените промени на статусите, туку само трајните оставки на бискупите откако ќе ги прифати папата и стануваат официјални.

Прикажи повеќе...

Вести

Ким Џонг-ун му подари два тони печурки на претседателот на Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин – голема количина од ретките печурки мацутаке, соопштил портпаролот на кабинетот на Мун.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, рекол Јон Јунг.

Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот што не успеале да се сретнат со своите семејства во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја ќе може да им дадат утеха“, навел Мун.

Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

Прикажи повеќе...

Вести

Двајцата синови на Мубарак ослободени од затвор

Објавено пред

Од

Двајцата синови на поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, кој беше симнат од власт во 2011 година, се ослободени со кауција по нивното апсење за финансиски малверзации.

Гамал и Ала Мубарак и уште три лица се обвинети дека стекнале мнозинство акции во неколку банки преку фирми што служеле како параван за малверзации.

Тие се ослободени со кауција од 4.700 евра. Гамал Мубарак се сметаше за наследник на претседателското место.

Хосни Мубарак беше ослободен од затвор минатата година. Тој беше осуден за убиство на демонстранти, но и понатаму е под истрага за корупција.

Тој е прв претседател на Египет кој е симнат од власт во текот на уличните протести во арапските земји од регионот познати како Арапска пролет. Тој беше на власт повеќе од 30 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток11 час

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток12 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија18 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ19 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија20 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија22 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија23 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија23 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија24 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија24 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет1 ден

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија1 ден

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести2 дена

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион2 дена

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија2 дена

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 дена

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 дена

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие