Контакт

Свет

(Видео) Американската војска открила мистериозни кинески конструкции во море

Објавено пред

Американската телевизија Си-ен-ен денеска објави неверојатна приказна од Јужното Кинеско Море, каде што кинеската морнарица создава вештачки острови како воени бази, иако соседните земји го оспоруваат кинескиот суверенитет над овие води.

Откако во Окинава се качиле во надзорен авион на американската морнарица, модел P8-А Посејдон, новинарите на Си-ен-ен имале можност да летаат над водите кои се предмет на еден од најголемите територијални спорови во светот.

Виетнам, Филипини, Тајван, Индонезија, Малезија и Брунеи, сите овие земји положуваат право на спорните делови од морето, кои покриваат 3,6 милиони квадратни километри, но Кина има далеку поголеми барања од другите. Кинескиот режим тврди дека најголемиот дел од ова море е дел од кинеската територија уште од античко време.

Екипажот на американскиот воен авион во текот на летот добил дури шест посебни предупредувања од страна на кинеската армија, во кои јасно било наведено дека авионот лета над кинеска територија и дека треба да го напушти воздушниот простор на земјата.

„До американското воено воздухопловство, ова е Кина. Напуштете ја веднаш и држете се подалеку за да се избегне какво било недоразбирање“, вели гласот од контролата на летови.

Од кабината на „Посејдон“ како одговор била емитувана иста порака: „Ова е суверен авион на американската морнарица кој спроведува легитимна воена активност надвор од националниот воздушен простор на која било од крајбрежните држави. При вршењето на овие должности загарантирани со меѓународното право, се однесуваме со почит кон правата и обврските на сите држави“.

Пилотот на американската морнарица летал во близина на четири клучни острови каде што Кина има изградено четири утврдувања: Subi Reef, Fiery Cross Reef, Johnston Reef и Mischief Reef. Од прозорецот на авионот, далеку долу, Си-ен-ен добил јасен поглед на воздушната и радарска инсталација поставена на вештачки острови под кинеска контрола, кои некогаш биле само купчиња песок во морската шир.

Пекинг тврди дека е неопходно да расте военото присуство на Кина во Јужното Кинеско Море, со цел да се заштити сувереноста на земјата, обвинувајќи го Вашингтон и неговите сојузници за тензиите во регионот. Кинеските власти го вперуваат прстот кон редовната ротација и летовите на авиони од морнарицата на САД над Јужното Кинеско Море, велејќи дека тоа е обид за американска милитаризација и провокација.

Во изминатата година, САД ги засилија своите операции со цел да обезбедат слободна навигација во регионот. Меѓутоа, изгледа дека ова време минува бидејќи Кина е сè погласна во ставот дека нејголемиот дел од Јужното Кинеско Море е во рамки на нејзината територија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

Објавено пред

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на Москва, порача американскиот шеф на дипломатијата, Мајк Помпео, по објавата на извештајот за истрагата за тоа прашање.

„Јасно ќе им кажеме дека тоа е неприфатливо“, рекол Помпео.
„Ќе преземеме одлучни мерки за уште повеќе да ги платат своите злонамерни дејствувања и ќе продолжиме да го правиме тоа“, додаде Помпео.

Одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер, кој ја спроведе истрагата за наводното руско мешање, тој вели дека се работи за сериозна работа.

„Тоа е сериозно, Русија се меша во изборите во целиот свет, не само во нашоте во 2016 година, туку и во другите“, нагласил Помпео.

Прикажи повеќе...

Свет

Демократите бараат објава на целиот извештај на специјалниот истражител Милер, без прикривање на информациите

Објавено пред

Демократите од американскиот Конгрес по правен пат побараа увид во сите докази од специјалниот посебен истражител Роберт Милер, од неговата истрага за можно мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Претседателот на одборот за правосудство на Претставничкиот дом, Џеролд Надлер, побарал од Министерството за правосудство да му го предаде целосниот извештај на Милер нагласувајќи дека не може да прифати редигирана верзија објавена вчера поради која на Конгресот сè уште голем дел од содржината на извештајот му е непознат.

„Мојот одбор треба и има право на целосна верзија на извештајот и доказите на кои се темели во согласност со претходната пракса. Се чини дека редигирањето е значајно. Досега не сме виделе никакви вистински докази, кои посебниот истражител ги утврди во овој случај“, рекол Надлер.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се урна ѕид од црква во Јужна Африка, има жртви и повредени

Објавено пред

Најмалку 13 луѓе загинаа и голем број се повредени кога ѕид се урна во црква во Јужна Африка за време на велигденската миса. Службите за итна помош соопштиле дека 29 луѓе биле итно пренесени во болница по несреќата.

Локалните власти рекле дека причина за несреќата биле поројните дождови во регионот. Повеќето од жртвите се жени, а меѓу нив најмладата имала само 11 години.

Ѕидот на предната страна од црквата се урнал на почетокот на мисата, која била планирана за престојниот викенд по повод христијанскиот фестивал за Велигден.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201910 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија16 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија19 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија19 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа21 час

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие