Европа
Американскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Киев
Министерот за одбрана, Лојд Остин, рано утринава пристигна во Киев во ненајавена посета. Тоа е важна посета бидејќи доаѓа во време кога иднината на американската помош за Украина зависи од исходот на претседателските избори во САД, а во исто време Русија продолжува да прави мали, но постојани успеси на првите линии.
Остин ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за одбрана Рустем Умеров во Киев и ќе разговара за потребите на Украина за оружје и за тоа како САД може да продолжат да ја поддржуваат војската на земјата во текот на следната година, изјави министерот за оваа група новинари, кои патуваа со него во Киев.
„Апсолутно е брилијантно што Украина можеше да го направи она што го направи“, им рече Остин на новинарите. „Успеа, се разбира, поради фактот што ние ги поддржавме од самиот почеток и собравме 50 земји да бидат дел од таа поддршка.
Американските власти се надеваат дека коалициите ќе се одржат, но потенцијалната победа на Доналд Трамп фрли многу под сомнеж. Поранешниот претседател минатиот месец одби да каже дали сака Украина да победи во војната опишувајќи го Зеленски како продавач, кој „никогаш не требаше да дозволи таа војна да почне“.
Висок претставник на одбраната рече дека Пентагон сè уште планира како поддршката да продолжи, а Остин во петокот рече: „Секој ден градиме долгорочни капацитети за Украина“.
„Сите сме свесни за политичката неизвесност во САД, но и во Украина“, рече претставникот на одбраната.
Американските власти исто така се надеваат дека двопартиската поддршка за Украина ќе остане во Конгресот. Сепак, ниту тоа не е загарантирано. Годинава, во Капитол веќе се водеше голема борба за одобрувањето дополнителни средства за Украина. Спорот беше поттикнат од екстремно десничарските републиканци, кои се противат на помошта за Украина, а нивното влијание ќе расте само ако Трамп стане претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција издаде налог за апсење на Башар ал-Асад
Француското правосудство вчера издаде налог за апсење на соборениот сириски лидер Башар ал-Асад под сомнение дека учествувал во воени злосторства, особено во врска со смртта на маж со француско-сириско потекло во 2017 година. Истражните судии го сомничат Асад за соучесништво во убиства и напади врз цивили.
Весникот „Ле Паризиен“ објави дека 59-годишен маж бил убиен кога неговата куќа, во јужниот сириски град Дара, била бомбардирана од хеликоптери на сириската армија во јуни 2017 година. Повикувајќи се на истражители, весникот наведува дека француското правосудство се сомнева дека Асад го наредил нападот и ги обезбедил потребните средства за него. Во тоа време владата на Асад се обидуваше да ја преземе контролата врз Дара од опозициските сили.
Во 2023 година француското правосудство издаде налог за апсење на Ал-Асад во врска со напади со хемиско оружје. Ова особено се однесува за тешките хемиски напади во регионот Источна Гута во близина на Дамаск во август 2013 година. Во нападот со нервен гас сарин загинаа стотици луѓе. Организациите за човекови права известуваат за повеќе од 1.000 смртни случаи.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.
Европа
12-годишно момче избодено до смрт во Британија, уапсен 14-годишник
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“.
Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин.
Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и е поддржано од специјалисти, велат од полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата отвори портал на кој граѓаните доколку знаат нешто можат да ги контактираат.