Свет
Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во емотивна изјава пред неговото официјално проштално обраќање.
„Ги дадов срцето и душата на нашата нација“, рече Бајден во писмото објавено од Белата куќа.
„Бев благословен милиони пати за љубовта и поддршката на американскиот народ“.
Бајден (82) во понеделник „ќе му ја предаде штафетата“ на Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во ноември минатата година.
Бајден не само што ќе ја напушти Белата куќа по четири години на чело на најмоќната демократија во светот, туку и ќе ја заврши својата политичка кариера.
„Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години“, напиша Бајден.
„Никаде на друго место на Земјата не би можело дете со скромно потекло од Скрентон, Пенсилванија и Клејмонт, Делавер, кое пелтечеше, еден ден да седне на маса во Овалната соба како претседател на Соединетите држави“, рече тој.
Белата куќа, исто така, објави долга листа на достигнувања на Бајден како претседател, вклучително и историското закрепнување од пандемијата на коронавирус и економски раст и намалување на трошоците.
Но, многу Американци ќе го паметат и по неговото инсистирање да се кандидира за втор мандат, иако долго се поставуваше прашањето дали е способен да го стори тоа поради годините.
По катастрофалниот настап во телевизиска дебата, Бајден на крајот се повлече од трката само неколку месеци пред изборите, а демократите ја номинираа потпретседателката Камала Харис за свој претседателски кандидат.
„Историјата е во вашите раце. Моќта е во вашите раце. Идејата за Америка е во вашите раце. Треба само да ја задржиме вербата и да се потсетиме кои сме“, заклучува Бајден во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кинескиот јазик станува вториот најпопуларен странски јазик во Москва

Градскиот совет на Москва го прогласи кинескиот јазик за втор најпопуларен странски јазик меѓу студентите, соопшти денеска московското Министерство за образование и наука.
Како што е соопштено, московските ученици денес имаат пристап до клубови каде што можат да научат повеќе од 20 странски јазици – од англиски, кинески и германски до хинди, хебрејски и свахили.
Во Москва има повеќе од 600 клубови за кинески јазик за ученици.
„Тој стана вториот најпопуларен странски јазик меѓу учениците“, се вели во соопштението, пренесено од Интерфакс.
Регион
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица: уапсена е мајката

Откако вчера беше пронајдено мртво бебе во корпа за отпадоци во Подгорица, полицијата започна потрага по мајката на детето и утврдување на околностите на овој страшен чин.
Вишото јавно обвинителство на Црна Гора соопшти дека мајката на новороденчето е идентификувана, а денеска соопштено е и дека мајката е уапсена. Жената е 28-годишна жена од Плужине, која живее во Подгорица, се вели во соопштението на полицијата, а пренесува РТЦГ.
Како што наведуваат, прегледани и одземени се поголем број снимки од надзорните камери, прибирани се информации од граѓани, а извршени се и бројни увиди и проверки, по што бил лоциран станот што го користела мајката. Извршен е претрес и пронајдени се предмети кои се директно поврзани со трагите што ги имала полицијата.
Осомничената била прегледана од лекар, по што било потврдено извршувањето на кривичното дело што и се товари.
„Во соработка со Вишото државно обвинителство преземени се мерки и дејствија, при што во понатамошна правна квалификација, по наредба на државен обвинител при Основното државно обвинителство во Подгорица, мајката е лишена од слобода поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело убиство на дете за време на породување – соопшти полицијата.
Регион
Дојавата за бомба во училишето во Загреб била лажна

Занаетчиско училиште за лични услуги на улицата Савска утрово било евакуирано откако добиле заканувачки мејл, а загрепската полиција сега потврди дека ништо не е пронајдено и дека пријавата е лажна.
Тие претходно известија дека ги презеле сите неопходни превентивни мерки и дека нема место за паника.
„Можеме да потврдиме дека по електронска порака која пристигнала на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни“, соопштија претходно од полицијата.
„По сознанието за инцидентот, полицијата врши безбедносен увид во институцијата и сите неопходни превентивни дејствија“, соопштија претходно од полициската управа во Загреб.
Тие нагласуваат дека нема опасност за учениците и бараат да не се шири паника.
Минатата недела низ Хрватска беа регистрирани над 90 лажни пријави за поставени експлозивни направи во средните училишта, а пораки со слична содржина добија над 220 училишта во Словенија и околу 260 во Унгарија пред десетина дена.
Сите пријави во хрватските училишта се покажаа како лажни.