Свет
Американскиот суд одобри истрага за запленетите документи на Доналд Трамп

Американскиот Апелациски суд во Атланта го отфрли назначувањето на судијата за независен арбитер за преглед на документите запленети од ФБИ од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида.
Судот на тој начин дозволи да се користат сите записи во кривичната истрага против него, а Трамп може да поднесе жалба само до Врховниот суд на САД.
Комитетот од тројца судии, кој пресуди во корист на Министерството за правда, исто така ја поништи претходната судска одлука да им се забрани на истражителите пристап до повеќето од запленетите документи, објави „Ројтерс“.
За време на претресот, агентите на ФБИ заплениле околу 11.000 документи, меѓу кои и околу 100 означени како доверливи. Портпаролот на Трамп одлуката на судот ја нарече „процедурална“.
Поранешниот американски претседател се соочува со федерална кривична истрага поради наводното задржување на чувствителни владини документи откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година, која ја чуваше во неговата резиденција на Флорида.
Тој може да биде обвинет и според Законот за шпионажата од 1917 година, кој објавувањето информации штетни за националната безбедност го прави кривично дело, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Ново видео од Турција: Случајно снимен момент кога се уриваат згради како шпил карти

Камера прикачена на пилотската кабина на автомобил го снимила моментот кога се урнале неколку згради во Турција, пишува „Скај њуз“.
По прегледувањето на снимката, утврдено е дека се работи за населба во близина на Елбистан во провинцијата Кахраманмарас, на околу три часа оддалеченост од епицентарот на вчерашниот земјотрес.
Kahramanmaraş #Elbistan'da yaşanan #deprem ve sonrasında binaların çöküş anı araba kamerasına yansıdı. pic.twitter.com/LioL8OAqRG
— Ortadoğu Haber (@haberortadogu) February 6, 2023
Како што автомобилот се повлекува, камерата почнува да се тресе и се гледаат луѓе како панично трчаат.
За неколку секунди три згради се претворија во куп шут, а облак од шутот ја покри улицата.
Свет
Мариупол се тресе од експлозии, руски авиони над небото на градот

Пет силни експлозии одекнаа денеска во окупираниот град Мариупол, објави советникот на градоначалникот Петро Андриушченко. Според Андриушченко, експлозиите се случиле во делот на градот каде Русите неодамна складирале воена опрема и поставувале противвоздушна одбрана. Сепак, советникот на градоначалникот на уништениот град не прецизираше што точно се случува.
Андриушченко додаде дека голем број руски воени авиони биле забележани на небото над Мариупол.
Пред три дена беше објавена информација дека Русите донеле меѓу 10 и 15 илјади војници во самиот град.
– Вкупно има околу 30.000 руски војници присутни во градот Мариупол и неговата околина – напиша Андриушченко.
Кремљ ги повика официјалните лица да организираат и опремат засолништа низ Русија додека продолжува војната во Украина, изјавија извори за The Moscow Times.
Свет
(Видео) Спасено новороденче од под урнатините во Сирија, се уште било поврзано со мајката која не преживеала

Во урнатините на куќа во Јандаирис, Сирија, место кое беше тешко погодено од катастрофалниот земјотрес, спасувачите пронајдоа живо, новороденче кое сè уште е поврзано со папочната врвца со мајката, која не преживеала.
Девојчето е единственото преживеано од семејство чии членови загинаа во уривањето на четирикатницата.
Во тоа село на границата со Турција, спасувачите ги извлекле телата на нејзиниот татко Абдула Млеихан, мајката Афра, трите сестри, братот и тетката.
Life amidst Destruction!
A pregnant woman fighting for life under the debris gave birth to a child.#earthquake #Turkey #TurkeyEarthquake #PrayForTurkey #earthquakeinturkey #Turkiye pic.twitter.com/rsG2WTIQox— Payal Mohindra (@payal_mohindra) February 7, 2023
„ Го баравме Абу Рудејн (прекарот на Абдула) и неговото семејство. Прво ја најдовме неговата сестра, потоа неговата сопруга и него, тие беа еден до друг“, изјави за AFP семејниот пријател Халил Савади, кој беше во шок.
„ Потоа слушнавме глас додека копавме … и набрзо го најдовме бебето, фала му на Бога“, рече тој.
Детето се уште било поврзано со мајката со папочната врвца. „Ја исековме и братучед ми го однесе детето во болница“, додал Халил Савади.