Контакт

Свет

Американски водител: Сомнителните пакети можеби се руска операција

Објавено пред

Беа потребни помалку од 48 часа за американските мејнстрим-медиуми да се префрлат од обвинување на претседателот Доналд Трамп за серијата сомнителни пакети испратени до водечките демократи и до Си-ен-ен до обвинување на кој друг, ако не на Русија, пишува РТ.

Американските власти сè уште се во лов на лицето или лицата одговорни за десет пакети со наводни бомби – од кои ниту една не експлодира – кои беа испратени до Си-ен-ен и до истакнати демократи во изминатите два дена.

Поголемиот дел од четврточната епизода на Meet the Press Daily на MSNBC, водителот Чак Тод и неговите гости ја следеа нарацијата што ја усвоија повеќето медиуми обвинувајќи ја потпалувачката реторика на Трамп против медиумите, а потоа Тод тргна во друга насока.

„Стравувам дека тоа би можело да биде некоја руска операција“, им рече Тод на своите гости.

Тод не е првиот противник на Трамп што го посочува прстот кон Русија, но до четвртокот вечерта таквите обвинувања беа само од група анонимни активисти на #Отпор на „Твитер“.

Изненадувачки е тоа што токму Тод, а не неговата колешка Рејчел Медоу, која ја тераше приказната за заговорт „Рашагејт“. Случајно или не, Медоу е единственото шоу на MSNBC кое има сличен рејтинг со „Фокс њуз”.

Оваа опсесија со Русија датира од изборите во 2016 година кога кампањата на Хилари Клинтон се обиде да го дискредитира својот ривал за Белата куќа, Доналд Трамп, тврдејќи дека има врски со Кремљ, врз основа на, како што се покажа, несериозно досие составено од британски шпион. По победата на Трамп, Клинтон го обвини за заговор со Русија. Обвинението се ширеше како шумски пожар меѓу незадоволните демократи и до ден-денес останува тема на разговор иако нема докази за тоа.

 

Свет

Помпео го повика Ватикан да го осуди кршењето на верските слободи во Кина

Објавено пред

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повика Ватикан да им се придружи на САД во осудата за наводното кршење на верските слободи во Кина.

Тој изјави дека Католичката црква треба да ја води борбата за основните човекови права.

На конференцијата за верска слобода, организирана од американската амбасада во Ватикан, Помпео рече дека никаде во светот верските слободи не се нападнати толку многу како во Кина, пренесува АП.

„Ние мора да ги поддржуваме оние кои бараат поголеми слободи“, рече Помпео.

Во исто време, тој повика на поголема посветеност на верските водачи и да се заложат за сите верници.

Секретарот на Светата столица за односи со државите, Пол Ричард Галагер, истакна дека Ватикан ја нагласува важноста на дијалогот и заемното почитување во сите свои дипломатски односи.

Во пресрет на неговата посета на Ватикан, Помпео напиша есеј објавен во магазинот „Фрст тингс“, во кој посочи дека Ватикан го загрозил својот морален авторитет со потпишување на договор со Пекинг во 2018 година.

„Близината на посетата на Помпео на Ватикан со претседателските избори во САД е причината зошто Светиот Отец не го прими државниот секретар на САД“, рече Галагер.

Наместо со папата, Помпео се состана со Галагер и со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето

Објавено пред

Колумбијката Анџелика Гаитан (46) е пронајдена истоштена и со хипотермија додека лебдела во море во близина на брегот на градот Пуерто Колумбија во провинцијата Атлантико. Таа е забележана во водата на 26 септември, две години по нејзиното исчезнување. Ја пронашол локалниот рибар Роландо Висабал.

Според колумбиските медиуми, рибарот на почетокот не сфатил дека станува збор за човечко тело.

Видеото, кое брзо се прошири на Интернет, покажува како рибарите ја влечат беспомошната жена со помош на јаже.

Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се опоравила, Гаитан изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.

– Благодарна сум, Бог ми даде нова можност да продолжам – рече таа.

Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена во изминатите две години.

Несреќната жена, за RCNRadio изјавила дека нејзиниот сопруг ја тепал и малтретирал за време на последните две бремености, пренесува DailyMail, а таа не можела да избега поради децата. И откако го пријавила неколку пати, сè се враќало по старо.

Во друго интервју, таа рече дека била заклучена во сопствената куќа и нејзиниот сопруг и забранувал да користи тоалет. Тој ја тепал и се обидел да ја убие во 2018 година.

Според нејзиното сведочење, пред две години,  избегала и шетала по улиците шест месеци сè додека не била примена во засолниште за жени каде што рече дека била исто така малтретирана и не го нашла засолништето по кое копнеела.

„Жените ја исклучуваа водата додека се туширав или ставаа течен сапун во мојот сок“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Свет

Ерменија планира признавање на независноста на Нагорно-Карабах

Објавено пред

Во екот на актуелната воена ситуација, властите на Ерменија ги разгледуваат плановите за официјално признавање на независноста на Републиката Артсак (Нагорно-Карабах), рече ерменскиот премиер Никол Пашинјан на прес-конференција со руските медиуми, пренесува „Арменпрес“.

Пашинјан нагласи дека дејствата што ги презема Ерменија се фокусирани на воспоставување трајна стабилност во Нагорно-Карабах.

„Да, прашањето за признавање на независноста на Нагорно-Карабах е на нашата агенда. Исто така, постои можност за формирање воен и политички сојуз со Карабах”, рече Пашинијан.

Плановите за воспоставување воен и политички сојуз со непризнатата република, претходно ги најави лидерката на владејачката парламентарна фракција „Мај степ алијанс“, Лилит Макунц, на својата страница на „Фејсбук“.

„Во сегашната ситуација активно се дискутира за нашите потенцијални активности, вклучително и склучување воен и политички сојуз со Артсак (непризната Република Нагорно-Карабах)“, напиша Макунц.

Пашинјан рече дека Ерменија ќе ја осигура својата безбедност со или без учество на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО). Во исто време, тој рече дека Ерменија е во постојан контакт со партнерите од ЦСТО.

Тој додаде дека Ерменија е подготвена да биде домаќин на претстојниот состанок на Меѓувладиниот совет на Евроазиската економска унија во Ереван, закажан за 9 октомври.

Само ден претходно, Виктор Бијагов, претставник на Ерменија во ЦСТО, рече дека како што продолжува конфликтот во Нагорно-Карабах, Ерменија е подготвена да ги активира воените механизми на организацијата, бидејќи постои значителна закана за суверенитетот на земјата.

Бијагов призна дека владата на Ерменија ќе мора да го спроведе овој протокол ако се прошири географијата на воените дејствија. Тој додаде дека Азербејџан почнал целосна војна, одбивајќи мировните разговори. Воената акција резултираше со многу цивилни жртви, вклучително жени и деца.

„Особено сме загрижени од безусловната воена и политичка поддршка на Турција за Азербејџан, што придонесува за понатамошна дестабилизација во областа на одговорност на ЦСТО и претставува сериозна закана за народите во регионот. Турските воени специјалисти се борат во редовите на вооружените сили на Азербејџан и се користи турско оружје, вклучително и беспилотни летала и воени авиони“, се вели во изјавата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. „Задната врата“...

Македонија2 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија2 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион3 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ4 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет4 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија4 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија5 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет6 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет6 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет20 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија21 час

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија21 час

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија21 час

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 ден

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Досие