Контакт

Свет

Американски и канадски воени инспектори во набљудувачки летови над Русија неделава

Објавено пред

Група американски и канадски воени инспектори ќе изведат набљудувачки летови над територијата на Русија неделава во рамките на меѓународниот договор за отворено небо, пренесува весникот „Краснаја ѕвезда“ повикувајќи се на висок функционер од руското Министерство за одбрана.

Руските воени инспектори, пак, ќе изведат набљудувачки летови во рамките на договорот  за отворено небо неделава над териториите на Белгија, Холандија, Луксембург и на Португалија.

Шефот на Националниот центар за намалување на нуклеарните ризици при руското Министерство за одбрана, Сергеј Рижков, изјави дека Русија ќе изведе набљудувачки летови во периодот од 16 до 20 септември над териториите на Бенелукс и Португалија со авиони „ан-30Б“ и „ту-154М-ЛК-1“.

„Заедничка мисија на САД и Канада ќе изведе набљудувачки летови над територијата на Русија во периодот од 16 до 20 септември со авиони ‘ОЦ-135Б’, кои ќе полетуваат од аеродромот ‘Кубинка’“, додаде Рижков.

Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и вклучува 34 земји членки, а стапи во сила во 2002 година. Набљудувачки летови се спроведуваат над Русија, САД, Канада и над европските земји.

Клучните задачи на договорот се да се развие транспарентност, да се следи исполнувањето на договорите за контрола на вооружувањето и да се прошират можностите за спречување кризи во рамките на ОБСЕ и други меѓународни организации.

Свет

Брисел е подготвен за одлагање на брегзит

Објавено пред

ЕУ ќе одобри одлагање на брегзит и по 31 октомври ако британскиот премиер, Борис Џонсон упати такво барање, но блокот нема да го направи првиот чекор, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на извори во Брисел.

Претставници на 27 членки на Унијата ќе се состанат утре за да го разгледаат најновиот развој на настаните. Џонсонпретходно во обраќање до пратениците рече дека не верува дека ЕУ ќе понуди дополнително одлагање и дека нема за тоа да преговара.

Но, претставниците на ЕУ рекле дека било јасно за време на дискусијата на лидерите на самитот дека ќе одобрат продолжување на рокот.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадрид го одби повикот за разговори со Каталонците

Објавено пред

Шпанската Влада го одби повикот на каталонскиот лидер, Квим Тора за нови преговори. Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво мора недвосмислено да ги осуди немирите со кои беше зафатена Каталонија.

Тој додаде дека Владата на Шпанија повеќе пати соопштила дека проблемот на Каталонија не е независноста, што нема да се случи, бидејќи е незаконска и не е желба на мнозинството Каталонци, туку коегзистенција. Претходно, Тора побара разговори со Владата во Мадрид, по пет дена немири предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.

„Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас“, истакна Тора, додавајќи оти минатонеделното насилство не ја отсликува „мирната природа“ на движењето за независност на Каталонија.

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Каталонската и шпанската полиција синоќа ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои шест часа го блокираа градот. Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот. Синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во северна Сирија, ако САД не ги исполнат своите обврски.

Обврска на САД е да влијаат на повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.

„Во овој момент ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите мораат да бидат повлечени од безбедносната зона и треба да го предадат тешкото вооружување. Мораат да бидат уништени нивните позиции. Ако тоа не се случи, операцијата ќе биде обновена. Нашата војска е целосно подготвена за тоа“ рекол Акар.

Турскиот претседател Ердоган и потпретседател на САД Мајк Пенс се договорија турската офанзива во Сирија да биде прекината на пет дена поради повлекување на курдските сили од границата со Турсија. Пенс соопшти дека договорот подразбира повлекување на курдските сили и дека САД ќе допринесат во тој просец. Тој истакна дека американската војска нема да се врати во оваа област.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет16 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет16 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ17 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија21 час

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести21 час

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија21 час

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија22 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет22 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија23 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа24 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија1 ден

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт1 ден

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија1 ден

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија2 дена

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура2 дена

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија2 дена

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија2 дена

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија2 дена

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие