Контакт

Вести

Американски медиуми му порачаа на Трамп: Не шириме лажни вести

Објавено пред

Доналд Трамп, медиуми

Некои американски медиуми денеска во уводниците ги осудија и ги отфрлија наводите на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека новинарите се непријатели на граѓаните и дека шират лажни вести. Весникот „Бостон глоуб“ ги повика весниците од светот денеска во своите уводници да застанат во заштита на медиумите. Уредничката на „Бостон глоуб“, Марџори Причард, рекла дека 350 медиуми најавиле учество.

Некои од уводниците со осуда на изјавата на Трамп беа објавени уште вчера на интернет. Меѓу нив е и уводникот на „Пост диспеч“ од Сент Луис, кој ги нарекол новинарите највистински патриоти, а „Чикаго сан тајмс“ навел дека верува оти повеќето Американци знаат дека Трамп зборува бесмислици.

Во акцијата учествува и „Њујорк тајмс“. „Претплатете се на локални весници ако досега не сте го направиле тоа. Фалете ги кога мислите дека направиле добра работа и критикувајте ги кога мислите дека можат подобро. Заедно сме во ова“, се наведува во уводникот на весникот.

Има и медиуми што не се согласуваат со акцијата. Во една колумна објавена во „Волстрит џурнал“ е наведено дека таквата акција не е во склад со независноста на уредништвото и дека Трамп има право на слобода на говор еднакво како и неговите противници и медиумите.

„Иако се согласуваме дека нарекувањето на новинарите ‘непријатели на американскиот народ’ и дека шират лажни вести не само што е штетно за нашата фела туку е и деструктивно за нашата демократија, сепак координираниот одговор на независните, да не речеме мејнстрим-медиумски организации, го потхранува наративот дека медиумите се некако настроени против овој републикански претседател“, се наведува во уводникот на „Балтимор сан“.

Вести

Унгарија продава 19 ловци „миг-29“

Објавено пред

Министерството за одбрана на Унгарија одлучи на аукција да ги продаде своите ловци „миг-29“. Унгарските медиуми објавија дека на аукција ќе се најдат сите летала од советско производство кои не се во оперативна употреба од 2010 година.

Сите 19 ловци се продаваат во пакет, а некои од нив се делумно демонтирани. Во пакетот има и 20 мотори и уште 300 други делови вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти или околу 10 милиони долари. Но, пред да бидат официјално понудени на продажба, потребна е дозвола од Русија.

„Миг-29“ е советски повеќенаменски ловец. Унгарија во 1993 година добила 28 авиони од овој тип.

Прикажи повеќе...

Вести

Елизабет Ворен влегува во трката за претседател на САД

Објавено пред

Демократската сенаторка Елизабет Ворен и официјално ја најави својата кандидатура за претседател на САД. Кампањата за изборите што ќе се одржат во 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борбата против економската нееднаквост и создавање на Америка која ќе биде добра за сите.

Ворен повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се нашла средната класа и ситуацијата во која богатите не мора да сносат одговорност, а сите останати добиваат премалку прилики за успех.

Таа и нејзините приврзаници се надеваат дека оваа порака ќе ја одвои од останатите бројни кандидати за претседателска номинација од Демократската партија.

Ворен инаку е првиот истакнат демократ кој покажа интерес да се вклучи во трката за Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп одби да се состане со Мадуро

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека постои можност да се испратат војници во Венецуела, американскиот претседател посочи и дека тој го одбил барањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за средба.

„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.

Според Трамп, Мадуро побарал средба со него, но тој го одбил бидејќи, како што посочи тој, отишле далеку во процесот.

Во интервјуто, американскиот претседател, исто така говореше и за американската база во Иран, за која тој посочи дека е многу важно да се задржи, така што Вашингтон да може внимателно да го следи Иран.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Седум деца на сириски бегалци изгореа во пожар во Канада

Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата. Words...

Европа9 часа

(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според...

Македонија9 часа

Ѝ се слоши на обвинетата Стефановска – судењето за „Титаник 2“ одложено

Од 11 до 18.30 часот, со две паузи, траеше денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 2“. Денеска требаше да...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија10 часа

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток12 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија12 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија12 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија14 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија15 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија15 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија16 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија16 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток17 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток17 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ17 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет18 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија18 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет19 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет19 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Досие