Свет
Американски сенатори предложија закон за санкции против Русија во врска со Навални

Двопартиска група американски сенатори го претставија нацрт-законот на американскиот Конгрес за санкции против Русија поради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, објави прес-службата на сенаторот Марко Рубио, републиканец од Флорида, пренесува ТАСС.
Како што забележа прес-службата, законот за повикување одговорност на Русија за малигни активности од 2021 година беше повторно воведен од американските сенатори Марко Рубио и Крис Кунс (демократ од Делавер), на кои им се придружија Бен Кардин (демократ од Мериленд), Мит Ромни (републиканец од Јута), Крис Ван-Холен (демократ од Мериленд) и Дик Дурбин (демократ од Илиноис).
„Овој предлог-закон ќе воведе насочени санкции против руски официјални лица соучесници во дрското кршење на меѓународното право, вклучително и труење и затворање на опозицискиот лидер и активист за борба против корупцијата, Алексиј Навални“, се вели во соопштението.
Освен тоа, оваа иницијатива, ако биде одобрена, ѝ наложува на американската администрација да утврди дали Кремљ ги прекршил законите на САД за забрана на употребата на хемиско и биолошко оружје. Предлог-законот исто така бара извештај за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов.
Прес-службата повтори дека минатиот септември пратениците претставиле сличен нацрт-закон пред Конгресот на САД. Според базата на податоци на Конгресот, на 24 септември иницијативата била упатена до релевантен комитет на Сенатот, но нема информации за какви било понатамошни активности во врска со документот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Нов земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди областа Сисак, ноќеска околу два часа по полноќ, објави Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километри.
Според описите на жителите во коментарите на објавата на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван во пошироката област на округот Сисак-Мославина.
Свет
СЗО не ги препорачува ковид – пасошите

Висок официјален претставник на Светската здравствена организација рече дека таканаречените ковид – пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања поради бројни проблеми, вклучително и етички причини бидејќи вакцините за коронавирус не се лесно достапни на глобално ниво.
На брифинг со новинарите, шефот на Одделот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека постојат практични и етички разгледувања за земјите што размислуваат да користат сертификати за вакцини како услов за патување, додавајќи дека здравствената агенција на Обединетите нации засега не ги препорачува.
„Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа“, рече Рајан.
СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од вакцините и дека податоците сè уште се собираат.
Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна за луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето ковид – пасош може да дозволи неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот.
Свет
Вакцината на „Фајзер“ ефикасна и против бразилскиот вид на коронавирусот

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ успеа да ја неутрализира новата варијанта на коронавирусот што брзо се шири во Бразил, покажа лабораториска студија објавена во New England Journal of Medicine.
Студијата наведува дека крвта на луѓето кои ја примиле вакцината ја неутрализирала вештачката верзија на вирусот која ги содржела истите мутации што ја има многу заразната верзија на коронавирусот откриена во Бразил.
Научниците во студијата наведуваат дека неутрализирачката способност е приближно еднаква на нивната вакцина за претходната, помалку заразна варијанта на вирусот од минатата година.
Во претходно објавеното истражување, „Фајзер“ открива дека нивната вакцина ги неутрализира и другите заразни варијанти на вирусот, британската и јужноафриканската варијанта, иако е докажано дека јужноафриканската варијанта може да го намали нивото на антитела произведени по вакцинацијата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“