Контакт

Свет

Американците забрзано се подготвуваат за огромни бранови, силни ветрови и поплави

Објавено пред

Додека силниот ураган Флоренс се приближува кон источниот брег на САД, во делови од три сојузни држави е наредена евакуација на населението, а милиони Американци се подготвуваат за можеби еден од најопасните урагани во регионот во последниве децении.

Безбедноста на американскиот народ е наш апсолутен приоритет, изјави вчера претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој истакна дека федералната влада е подготвена да реагира, објави агенцијата АП. Трамп прогласи вонредни состојби во Северна и Јужна Каролина и во Вирџинија, а откажа и некои настани. Во меѓувреме телевизискиот канал Си-ен-ен наведе четири причини зошто Флоренс се смета за крајно опасна временска непогода.

Првата е дека овој ураган постигнува неверојатна сила, а се предвидува дека Флоренс може да стане уште посилен како што се приближува кон Северна и Јужна Каролина.

Како втора причина телевизијата ги наведува т.н смртоносни водни ѕидови, односно големите бранови што настануваат поради моќните удари на ветрот, а кои може да нанесат огромни материјални штети.

Исто така, Си-ен-ен предупредува дека налетот на ураганот може да предизвика големи поплави во градовите во внатрешноста. Ова посебно се однесува на Северна и Јужна Каролина бидејќи поради претходните обилни дождови, земјата е заситена и не може да апсорбира премногу вода.

Последниот проблем што го наведува Си-ен-ен во врска со ураганот Флоренс е дека тој ќе удри во области во кои луѓето претходно не биле соочени со временски непогоди од овие размери и немаат многу искуство како да се справат со нив. Според предвидувањата, Флоренс ќе зафати и северни делови од источниот брег кои досега не биле погодени од ураган од четврта категорија.

Регион

Брнабиќ: Прашањето за Косово во сегашните граници е црвена линија преку која Србија нема да помине

Објавено пред

Признавањето на Косово во сегашните граници е црвена линија преку која Србија нема да ја премине, рече премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека засега не гледа решение за косовскиот проблем.
        
Таа вели дека не е оптимист во врска со продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше прекинат откако Приштина воведе даноци на стоки од централна Србија и БиХ.
        
Според неа, „не е ниту фер, ниту прифатливо решението Србија да изгуби сè, а Приштина да добие сè“. Таа истакна дека треба да се вратат на полето на меѓународното право и правдата и рече дека европските интеграции би требало да зависат од други стандарди, а не од политичката одлука којашто има врска со Косово.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

Објавено пред

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот во еден момент забележале како авионот принудно слетува на патот. Според хрватските медиуми, станува збор за цесна во која се наоѓал пилот инструктор и една жена којашто ја обучувал. Најверојатно поради проблеми со моторот, тие биле принудени да слетаат.

,,Тој започна да го обиколува небото над нас, се спушти многу ниско, но сепак мислевме дека е нормално. Тогаш сфативме, така што тој навистина ќе слета таму! Авионот малку одеше лево – десно по патот се додека неговото крило не удри во оградата, по што застана во стоп-лентата. Од авион излегоа преплашени маж и една жена”, велат очевидци на настанот.

Инструкторот и жената требале да летаат кон Гробник, таму да направат неколку слетувања и потоа да се вратат во Загреб.

За среќа, слетувањето на авионите не предизвика несреќа и никој не е повреден во инцидентот. Поради несреќата, има застој во сообраќајот во правец на Риека.

Прикажи повеќе...

Свет

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Објавено пред

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара начин да го купи огромниот остров.

Тие ја отфрлија идејата островот да биде купен од САД. Изјавата следува по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп бил заинтересиран да ја купи територијата од Данска.
Во кус коментар на интернет-страницата, владата на Гренланд вели:

,,Имаме добра соработка со САД, и во ова гледаме зголемен интерес за инвестирање во нашата земја. Секако, Гренланд не е на продажба. Поради неофицијалниот карактер на веста, владата на Гренланд нема натаму да коментира”.

Интересот на Трамп за купување на Гренланд за првпат го објави „Волстрит журнал“. Весникот објави дека луѓето запознаени со разговорите изјавиле дека претседателот го поставил прашањето за време на состаноци и вечера, прашувајќи помошници и слушајќи сериозни совети за можноста и придобивките од поседувањето на Гренланд. Тој, исто така, побарал мислење и од Советот на Белата куќа да ја истражи оваа работа.

Данските политичари ги сметаат извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува интерес за купување на Гренланд – автономна данска територија – за незамислива шега, напишаа поранешни членови на данската влада на своите официјални страници на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ2 часа

Гори планината над Буковиќ, отежнато гаснењето на огнот

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет2 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет4 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет4 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура4 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија5 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија6 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија20 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ23 часа

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија24 часа

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Досие