Контакт

Европа

Англичаните го земаат најпрецизниот серолошки тест на пазарот, другите не биле сигурни

Објавено пред

Здравствените службеници во Англија го одобрија тестот за антитела за да откријат дали некое лице е заразено со коронавирус и можеби развило имунитет на болеста.

Досега Англија не користела слични тестови затоа што официјалните лица сметале дека ниту еден не бил доволно сигурен. Владата неодамна потроши 16 милиони фунти на пакет слични тестови за кои беше утврдено дека не се доволно ефикасни.

Најновиот тест го изработи швајцарската фармацевтска компанија „Рош“, а Би-би-си пишува дека ова е прв тест што има сериозен потенцијал за ефикасност.

Соработник на Би-би-си за здравствени прашања, Фергус Волш, вели дека сè уште е нејасно колку присуството на антитела помага да се спречи идната инфекција и колку долго може да трае имунитетот.

Англискиот министер за здравство, Едвард Аргар, изјави дека новиот тест првично ќе се користи кај здравствените работници, но не е сигурно кога ќе почне тестирањето.

Професорот Џон Њутон, национален координатор на програмата за тестирање на коронавирус во Велика Британија, рече дека тоа е позитивен развој во борбата против пандемијата.

„Во принцип, ова може да ни овозможи да откриеме имунитет за идните инфекции“.

Луѓето задолжени за медицинските прописи во Европската Унија и во САД веќе го одобрија тестот на „Рош“.

Европа

Германија во сојуз со три земји ќе се бори за вакцини против коронавирусот

Објавено пред

Германија и уште три земји членки на ЕУ градат нова алијанса која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирусот, откако тие ќе бидат достапни.

Целта е да се осигура дека тие се фер дистрибуирани низ целиот свет, објави весникот „Ханделсблат“.

Весникот го цитира германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмо до Европската комисија велат дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои треба да се занимава Европската Унија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Затоа, оваа група на земји се ангажира да постигне најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да спречат можност ЕУ да ја згуби трката за вакцината со САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да бидат првите што ќе добијат пристап и контакт со пронаоѓачите на вакцина, во замена за милијарди долари вложени во фармацевтските компании, се следат со сомнеж во Европа, додава „Ханделсблат“.

Соединетите Држави обезбедија речиси третина од првите милијарда дози на експериментална вакцина за Ковид-19 од Астра Зенека, ветувајќи и до 1,2 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Европа

Кина сака да ја засили соработката со Германија и Европска Унија

Објавено пред

„Кина е подготвена да соработува со Германија и Европска Унија за зајакнување на соработката, зачувување на мултилатерализмот и исполнување на глобалниот предизвик“, рече кинескиот претседател Шји Џјинпинг во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Кинескиот претседател, исто така, истакна дека е подготвен да ги зајакне односите со Германија и Европската Унија со цел да внесе безбедност во сегашниот свет на несигурност.

Кси истакнал дека Кина ќе остане отворена за странски инвестиции и дека ќе создаде поволна атмосфера за германските претприемачи, пренесува „Ксинхуа“.

Како дел од овие намери, делегација германски претприемачи ја посетија Кина и покрај ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус, а новата економска посета започна во Шангај.

Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, изјави по телефонскиот разговор помеѓу Ангела Меркел и Шји Џјинпинг дека е договорено откажување на планираниот самит ЕУ-Кина, што требаше да се одржи во септември во Лајпциг.

„Со оглед на општата состојба во врска со пандемијата, самитот не е можен во планираното време, но тој ќе се одржи подоцна“, рече Зајберт.

Како што понатаму е соопштено, Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена да ги зајакне врските со Кина, додавајќи дека меѓународната солидарност и мултилатерализам се клучни во глобалната борба против пандемијата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Паѓа довербата во шведските власти поради големиот број на починати од Ковид-19

Објавено пред

Одлуката на шведските власти да не воведат карантин како оној во повеќето европски земји, првично наиде на поддршка од граѓаните, но во последните недели се забележува зголемена критика за високата стапка на смртност поврзана со коронавирусот, во споредба со другите нордиски соседи.

Така, високиот или релативно високиот процент на граѓани кои веруваат во можноста на владата да се справи со пандемијата, месецов паднал на 45 проценти, во споредба со 63 проценти во април, покажува истражување на агенцијата „Новус“ спроведено за јавниот тв-канал СВТ.

Паднала и поддршката за Шведската агенција за јавно здравје, која ја водеше кампања за воспоставување мерки за физичко растојание и хигиена, од 73 на 65 проценти.

Во посебна анкета на „Демоскоп“ за дневниот весник „Афтонбладет“, бројот на оние со голема или релативно голема доверба во владините активности поврзани со пандемијата на коронавирус паднала од 65 на 55 проценти.

„Имајќи предвид дека шведските бројки за смртност се разликуваат во споредба со меѓународните податоци, впечатливо е што нивото на доверба е повторно прилично високо“, коментира аналитичарот на „Демоскоп“, Питер Сантесон.

Додека голем дел од Европа воведе карантин во борбата против пандемијата, а Шведска се потпре на поблаги мерки, засновани на одговорноста на граѓаните, со цел да се забави ширењето на епидемијата, но и да се спречи голема штета за економијата.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.500 луѓе починале, а над 40.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион3 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија4 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ6 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија6 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија7 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија9 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион10 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија10 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија10 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ11 час

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија11 час

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион14 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет14 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет14 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет15 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија16 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија1 ден

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија1 ден

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија1 ден

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Досие