Свет
Анкета: Израелците ја обвинуваат владата за нападот од Хамас, бараат оставка од Нетанјаху

Четири од пет израелски Евреи веруваат дека владата и премиерот Бенјамин Нетанјаху се виновни за масовната инфилтрација на терористите на Хамас во Израел и масакрот што следеше, вели анкетата објавена во четвртокот од Центарот за дијалог.
Огромно мнозинство, 86 отсто од испитаниците, вклучително и 79 отсто од поддржувачите на владејачката коалиција, изјавиле дека ненадејниот напад од Газа е неуспех на раководството на земјата, додека 92 отсто рекле дека војната предизвикува вознемиреност.
Понатаму, речиси сите испитаници (94%) сметаат дека владата мора да сноси дел од одговорноста за недоволната безбедносна подготвеност што доведе до нападот, а повеќе од 75% од нив велат дека владата сноси најголем дел од одговорноста, пишува „Ерусалим пост“.
Истражувањето, во кое беа анкетирани 620 израелски Евреи од целата земја, исто така покажа дека мнозинството од испитаниците веруваат дека Нетанјаху треба да поднесе оставка по завршувањето на операцијата Железни мечеви.
Тесно мнозинство од 56 отсто рекоа дека Нетанјаху мора да поднесе оставка на крајот на војната, а 28 отсто од гласачите на владејачката коалиција се согласуваат. 52 отсто од испитаниците очекуваат и оставка на министерот за одбрана Јоав Галант.
Покрај тоа, повеќето испитаници рекоа дека не веруваат дека владата ќе води војна во Газа, иако анкетата беше спроведена пред поранешниот министер за одбрана Бени Ганц да се приклучи на владата на национално единство во средата навечер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.