Контакт

Регион

„Антисорос“ движење и во Србија

Објавено пред

 

Српското народно движење „Наши“ во Србија покрена акцијата „Стоп операција Сорос“, инспирирана од македонската таканаречена организација „СОС“.

Претседателот на СНД „Наши“ Иван Ивановиќ, за А1он вели дека ја напаѓа Фондацијата Отворено општество – Србија за истите работи за кои Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски напаѓаат во Македонија. Идентично како во Македонија, ова проруско движење обвинува дека „Сорос и неговите невладини го уривале уставниот поредок во Србија“.

„Во бројните акции кои ги имаме спроведено до сега, лепење плакати, организирање трибини за невладини организации, објавување на списоци од каде која невладина се финансира, сега одлучивме да оформиме нешто слично како кај вас во Македонија“, вели Ивановиќ за А1он.

Тој вели дека сè уште немале никакви контакти со Чилиманов, Србов и Мирчевски, но тоа им била една од целите во наредните денови.

„Засега немаме никакви контакти, но тоа е еден од нашите цели во наредните денови кои сакаме да ги направиме со цел слични организации да се вмрежат на цел Балкан и целосно да се стопира работата на невладините организации кои се финансираат од Фондот на Сорос“, вели Ивановиќ.

Водени од максимата „Не прашувај што државата направила за тебе, туку што ти си направил за државата”, со Иницијативен одбор пред десетина дена е формирано на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос”.

Во наредниот период преку ова граѓанско движење ќе се иницира и ќе се даде придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија, појаснија од таму.

Откако јавно прозваа повеќе организации и невладини здруженија дека се платени од Џорџ Сорос, речиси 120 од нив им најавија тужби./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Објавено пред

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.

Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.

Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.

Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.

Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран

Објавено пред

Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник.

Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан.

Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник.

Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив.

„Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 секунди

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава7 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт13 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...

Свет19 минути

Кси и Санчез ветија продлабочување на врските: „Светот е во хаос“

Кина и Шпанија денеска ветија дека ќе ги продлабочат врските и ќе го заштитат глобалниот мир и развој во време...

Свет30 минути

Иран: Безбедноста во Ормускиот теснец е за сите или за никого

Неколку часа по воведувањето на блокадата, и повеќе од една недела по почетокот на двонеделното примирје договорено меѓу САД и...

Свет38 минути

Јужна Кореја очекува долгорочни нарушувања на енергетските пазари

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу...

Свет43 минути

(Видео) Нетанјаху ја нападна Европа: Израел и САД се на чело на слободниот свет

Израел вчера започна со одбележување на Денот на сеќавањето на холокаустот, при што главната комеморација во Јад Вашем беше претходно...

Забава52 минути

Храната како најдобар третман против стареење: Овие намирници ја затегнуваат кожата подобро од кој било крем

Иако стареењето е природен процес, надворешните фактори како што се изложеноста на сонце и, најважно од сè, исхраната, играат голема...

Забава1 час

(Видео) Познатата манекенка не забава со милијардерот со кого има три сина

Миранда Кер уживаше во времето поминато со Еван Шпигел, со кого има три деца и со кого влезе во врска...