Контакт

Европа

По Ковид-19, антителата траат уште 8 месеци, покажа новата студија

Објавено пред

Антителата создадени кај пациенти што се заразиле од коронавирусот остануваат кај пациентите најмалку осум месеци по дијагностицирањето, без оглед на тежината на болеста, возраста на пациентот или присуството на други болести, покажа новата студија објавена денес во списанието „Нејчер комуникејшнс“.

Во истражувањето спроведено од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано се наведува дека оние што нема да успеат да произведат антитела во првите 15 дена од заразата имаат поголема веројатност да развијат потешка форма на болеста.

Групата пациенти се состоела од 67 проценти мажи, со просечна возраст од 63 години, од кои половина имале и придружни болести.

Резултатите на студијата покажуваат дека 79 проценти од пациентите успешно развиле антитела.

Истражувањето сеопфатно ја мапира еволуцијата на одговор на антителата на Ковид-19 и дава важни индикации како за клиничкото лекување на болеста така и за епидемиолошкото запирање на епидемијата.

Европа

Во Русија за две недели дуплиран бројот на новозаразени

Објавено пред

Во Русија, во изминатите 24 часа, потврдени се 14.057 нови случаи на коронавирус, што е скоро двојно повеќе отколку пред две недели.

Во исто време, во последните 24 часа починале 416 лица, пишува ТАСС.

Најголема концентрација на инфекција има во Санкт Петербург, а вкупниот број на заразени лица во Русија од почетокот на пандемијата е 5.264.047.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, вчера предупреди дека ситуацијата со коронавирусот е драматична и во руската престолнина.

Собјанин изјави дека во болниците има повеќе од 12.000 пациенти и дека бројот на новозаболени е на ниво на пиковите од претходните бранови на епидемијата.

Како што пренесува РТ, Москва во моментот е првиот град во светот со задолжителна вакцинација не само за здравствените работници туку и за вработени во други индустрии.

Вработените треба да ја примат првата доза вакцина до 15 јули, а втората до 15 август.

Ова првенствено се однесува на вработените во услужниот сектор, трговијата, угостителството, транспортот, здравството, домувањето и комуналните услуги, образованието и културата.

Прикажи повеќе...

Европа

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус, соопшти денеска рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Дадени се сите податоци за клиничките испитувања на „спутник В“, GCP (добра клиничка пракса) инспекцијата е завршена и добиена е позитивна проценка од Европската агенција за лекови (ЕМА), наведе РДИФ, пренесе Тасс.

„ Податоците за одложување на одобрувањето на руската вакцина од страна на ЕУ не ја одразуваат реалноста“, нагласи РДИФ.

Временската рамка за добивање на одобрување на „спутник В“ од ЕМА стана предмет на постојани шпекулации во медиумите, кои се повикуваат на анонимни извори на информации, изјави рускиот фонд, додавајќи дека овие шпекулации немаат никаква врска со реалноста и го забавуваат процесот на регистрација.

Експертизата продолжува, не се зборува за никакви одложувања, иако одлуката за времето на одобрување е надлежност на ЕМА, тимот на „спутник В“ очекува да добие регистрација на вакцината во рок од два месеци, наведува РДИФ.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанецот што ја уби и ја изеде својата мајка доби 15 години затвор

Објавено пред

Шпанец е осуден на 15 години затвор за убиство на својата мајка, чии остатоци потоа ги јадел.

Алберто Санчез Гомез (28) беше уапсен во 2019 година кога полицијата пронајде остатоци од човечки труп во куќата на неговата мајка. Некои од нив биле во пластични садови за храна.

Санчез се бранеше со ментална неурамнотеженост изјавувајќи дека за време на убиството имал психотична епизода, но судот ги отфрли неговите аргументи и го осуди на 15 години затвор за убиство на мајка му и на уште пет месеци затвор поради криење на нејзините останки.

Исто така, наредено му е да му исплати 60.000 евра отштета на својот брат, пишува Би-би-си.

Пријател на Марија Соледад Гомез (60) се јавил во полиција во февруари 2019 година изјавувајќи оти е загрижен дека таа не е добро. Полицајците го посетиле нејзиниот дом во Мадрид и ги пронашле нејзините останки.

За време на судењето се дозна дека Санчез, тогаш 26-годишен, ја задавил својата мајка за време на расправија. Потоа тој ја распарчил и јадел делови од нејзиното тело следните две недели, притоа хранејќи го дури и своето куче.

Шпанските медиуми наведуваат дека младиот човек веќе ѝ бил познат на полицијата поради насилство врз својата мајка и дека имал забрана за пристап.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија46 минути

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија2 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија3 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија4 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија6 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ7 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија8 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија8 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт9 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија9 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет22 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет22 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет24 часа

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа24 часа

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Досие