Контакт

Европа

АП: Осумгодишни деца учат да убиваат Руси

Објавено пред

Децата, од кои некои имаат само осум години, учат да убиваат Руси и нивни приврзаници во еден камп што го основа украинската радикална националистичка група, пишува АП.

Во кампот, кој е сместен во шума во западниот дел на Украина, а кој беше посетен од новинарите од „Асошиетед прес“, децата се обучуваат со автоматски пушки.

Целите на кампот се обука на децата за одбрана на земјата и ширењето на националистичката идеологија.

Националистите беа обвинети за насилство и расизам, но и натаму сè уште се столб на волонтерските одреди во борбата против проруските бунтовници во источниот дел на земјата и одржуваат врски со владата во Киев, додава агенцијата.

Претходно оваа година, украинското Министерство за млади и спорт одвои четири милиони гривни (околу 150.000 американски долари) за финансирање некои од националистичките младински кампови.

Европа

Могерини: Мора да ги охрабриме политичките лидери во БиХ да преземат одговорност и брзо да формираат влада

Објавено пред

Ние пред околу три недели на седница на Советот за надворешни работи разговаравме за Босна и Херцеговина, пред сè мораме да ги охрабриме политичките лидери да преземат одговорност и брзо да формираат влада со цел властите да продолжат да напредуваат со агендата на реформи. Од 2014 година па до оваа година бев сведок на неочекуван напредок што го има направено БиХ, и тоа е прилично импресивно, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Могерини на прес-конференцијата во Брисел по состанокот на Советот за надворешни работи ја соопшти Делегацијата на Европската Унија во БиХ и посочи дека е нормално по избори да постојат одредени потешкотии.

„Јас сум убедена дека лидерите на земјата и нејзиниот народ можат со заеднички пристап да постигнат напредок во однос на реформската агенда. Тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ние исто така веруваме дека изборниот проблем во Босна и Херцеговина мора да се реши што е можно поскоро, каде што е потребно да се најде – а свесна сум дека ова е вежба од дипломатијата – рамнотежата меѓу уникатната структура на државата и стандардите на Европската Унија. Верувам и се надевам дека ова прашање може да се реши во духот на соработката по формирање влада и обновувањето на динамиката на реформската агенда”, рече Могерини.

Прикажи повеќе...

Европа

Гори депонија во Рим, токсичен чад се крева над градот

Објавено пред

Голем пожар избувна во општинската депонија во северен Рим, а фотографиите што се појавија по социјалните мрежи покажуваат густ црн чад на небото над местото на пожарот.

Властите објавија дека секој што чувствува непријатен мирис треба да ги затвори прозорците и да ги избегнува активности во тој дел од градот, објави „Ројтерс“.

Според извештајот, засега нема индикации што го предизвикало пожарот во депонијата, каде што се депонира една петтина од вкупниот отпад во Рим.

Пожарот избувна пред зори, а во неговото гасење учествуваат 20-тина пожарникари.

Некои италијански медиуми сугерираат дека чадот е токсичен и опасен.

Прикажи повеќе...

Европа

Рот: Меј не може да очекува ветување за нови преговори

Објавено пред

Германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, изјави дека британската премиерка, Тереза Меј, нема да добие никакво ветување за ново преговарање во однос на прашањето за брегзит од германската канцеларка, Ангела Меркел.

Рот истакна дека главните преговарачи за брегзит се во Брисел, а не во Берлин.

Прашан за коментар за она што би можела Меј да го очекува од денешната средба со Меркел, тој рече дека се надева оти ќе си посакаат една со друга среќен Божик, сила и сè најдобро во следната година, пренесува АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток48 минути

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија1 час

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија2 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа3 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет4 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија5 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа15 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија19 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија19 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија22 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија22 часа

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток24 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија1 ден

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Досие