Европа
Арестович се заканува со удар на Москва во случај на напад на Киев: „Украина ќе возврати“

Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, се закани дека ќе ѝ возврати на Москва во случај на руски напад врз Киев.
Реагирајќи на предупредувањето на Министерството за одбрана на Русија дека ќе ги нападне центрите каде што се носат одлуките, вклучително и Киев, Арестович за каналот Fagin Live изјави дека Украина ќе возврати, пренесува UNIAN.
Според Арестович, Украина е подготвена за таква ситуација бидејќи сѐ може да се очекува од Кремљ.
„Веднаш да кажам дека имаме големи можности да ѝ возвратиме на Русија. А тоа што сѐ уште не ги користиме, па секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, да ескалираме“, рече Арестович.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера изјави дека доколку продолжат обидите на украинските сили да нападнат руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучително и Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: Изворот на проблемот што води до глад се оние кои ни воведоа санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Западот дека предизвикува глобална прехранбена криза со воведувањето на најстрогите санкции во модерната историја на Русија поради војната во Украина.
„Русија отсекогаш била многу сигурен извозник на жито. Ние не сме изворот на проблемот. Изворот на проблемот што води до глад се оние кои ни воведоа санкции, како и санкции против самите себе“, рече Песков, пренесува Ројтерс.
Заедно, Русија и Украина носат речиси една третина од глобалните резерви на жито.
Украина е, исто така, најголемиот извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка, додека Русија и Белорусија сочинуваат над 40 отсто од глобалниот извоз на ѓубрива за култури познати како поташа.
Според Обединетите нации, 36 земји сметаат на Русија и Украина за повеќе од половина од нивниот увоз на жито, вклучително и некои од најсиромашните во светот, како што се Либан, Сирија, Јемен, Сомалија и Конго.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатата недела изјави дека е во интензивни контакти со Русија, Украина, Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија во обид да го обнови извозот на жито од Украина.
Песков повтори дека „пумпањето“ оружје во Украина нема да ја зголеми безбедноста или стабилноста во Европа.
Европа
Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна, со толку многу жртви, ако минатата есен беа воведени санкции кон Русија, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, обраќајќи се на видео врска до лидерите на Светскиот економски форум во Давос.
Да имаше целосно единство кога Русија го истражуваше Крим во 2014 година, немаше да има инвазија во февруари, посочи тој, пренесува Гардијан.
Основачот на Светскиот економски форум, го претстави Зеленски, кој беше пречекан со аплауз кога се приклучи преку видео врска, велејќи дека сите биле сведоци на неговото храбро лидерство и дека тој, како и сите присутни, сака да слушне како можат да и помогнат на Украина.
Зеленски рече дека му претставува голема чест што учествува на овогодинешниот Форум во Давос, чија тема е „Историјата на пресврт“.
„Оваа година зборот пресврт е повеќе од реторички – ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот“, рече Зеленски.
Како што истакна, доколку тоа се случи, тогаш собири како овој во Давос веќе немаат смисла.
Зеленски повика на максимални санкции против Русија, за да може таа и која било друга земја да бидат спречени доколку сакаат да извршат брутална инвазија против своите соседи.
Тој истакнал дека такви санкции во моментов не постојат и побарал Русија да воведе целосно ембарго на нафтата, да им се забрани на сите руски банки да бидат дел од глобалните системи без исклучоци, да се изолира рускиот ИТ сектор и да се запре секаква трговија со Русија.
Зеленски ги повикал сите лидери присутни во Давос кои се уште не ја „напуштиле“ Русија да го сторат тоа.
„Секоја компанија што ќе ја напушти Русија е добредојдена да се пресели на украинскиот пазар, каде што ќе ужива навистина голема поддршка и слобода“, кажал Зеленски.
Европа
Руски војник осуден на доживотен затвор за воени злосторства во Украина

Судот во Украина осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на цивили во Украина. Ова е прва пресуда за воени злосторства од почетокот на конфликтот во Украина.
Заробениот војник Вадим Шишимарин беше осуден за убиството на Александар Шелипов (62) во североисточното село Чупагивка на 28 февруари.
Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека постапил по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.
Украина истражува многу други наводни воени злосторства.
Москва негира дека нејзините војници биле насочени кон цивили за време на инвазијата, а Украина вели дека можеби се случиле повеќе од 11.000 злосторства.
Ова судење во Киев се смета за шанса, Украина, без сомнение, да докаже дека руски војник убил цивил, без оглед на правилата на војната, пренесе „Телеграф“.