Свет
Асад би соработувал со САД против Исламската држава
Сириската влада би можела да се согласи со присуство на американски сили на својата територија во борбата против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, доколку Вашингтон чесно и искрено ги гради односите со Дамаск, изјави во петокот сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто информативниот портал Yahoo News, но го отфрла создавањето безбедносни зони за бегалците во Сирија, идејата којашто ја поддржува американскиот претседател Доналд Трамп.
Одговарајќи на прашањето дали Сирија е подготвена да повика американски војски за борбата противи Исламската држава, како што ги повика руските, сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави „Би биле подготвени да ги повикаме, доколку Американците се однесуваат кон нас со искрено почитување„.
„Војниците (американските) се само дел од целокупната ситуација, којашто, исто така, вклучува такви аспекти како што е неопходноста од зачувувањето на единството на Сирија“, вели Асад истакнувајќи дека „токму таква позиција зазема Русија“.
„Овие фактори ќе доведат до формирање доверба, кога испраќате војници. Така беше и со Русите, тие не само што испратија војски, туку во прв ред имаат јасна политичка позиции во смисла на споменатите фактори, па Русите беа во состојба да бидат успешни во борбата против тероризмот“, додава сирискиот претседател.
Асад признава дека во моментов не очекува оти САД ќе соработуваат со Дамаск. Сепак, тој не ја исклучува соработката со администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп доколку има „приближување на позициите“ меѓу Русија и САД. „Секоја соработка во врска со кој и да е конфликт во светот бара обновување на односите меѓу Русија и САД“, заклучува.
Како главен услов во борбата против Исламската држава, Асад притоа посочува дека во сегашното справување со тероризмот особено на територијата на Сирија е невозможно без соработка со владата во Дамаск.
„Не можете да ги поразите терористите во една земја без соработка со нејзините власти и нејзиниот народ“, ѝ порачува сирискиот челник на новата американска администрација.
„Доколку САД се искрени во своите намери, тие треба да ѝ се обратат на сириската влада. Ние сме Сиријци, ние раководиме со земјата, и никој не може да ја познава Сирија како нас“, вели Асад.
Според него, не е доволно да се имаат хеликоптерите „Apache“ и авионите „F-16“ и „F-35“ за да победи тероризмот. „Неопходно е сеопфатен приод кон овој сложен проблем“, смета Асад.
„Ги повикавме Русите, бидејќи тие искрено му пријдоа на овој проблем. Доколку Американците бидат искрени, се разбира, не ќе ги повикаме, како и секога држава којашто сака да учествува во борбата против тероризмот. Ние тоа го велиме без двоумење“, порачува сирискиот претседател.
САД под водство на демократскиот претседател Барак Обама инсистираше на заминувањето на Асад, што беше главна желба на американските сунитски сојузници на Блискиот исток, и ги подржуваше бунтовниците кои се борат против него. Сириската влада ги отфрли сугестиите на поддржувачите на бунтовниците, како Катар, за формирање ткн безбедносни сони кои и коишто би можеле да го зајакнат военото присуство на САД во Сирија, но и да водат кон поделба на интегритетот на земјата.
„Тоа воопшто не е реална идеја. Тука може да имате природни безбедни зони, а тоа е нашата држава. Не ни се потребни никакви безбедни зони“, истакнува Асад
„Многу е поодржливо, попрактично и поевтино да имате стабилност отколку безбедни зони“, заклучува сирискиот претседател и додава дека постои ризик таквите зони да бидат нападнати од вооружените групации
Безбедносните зони не ги поддржаа ниту Обединетите нации, тврдејќи дека моменталните услови во Сирија, во која уште траат судири во повеќе покраини, не се соодветни. Трамп, пак, не се произнесе подетално за своите идеи за ваквите зони, освен тоа дека нивното одржување ќе ги плаќаат заливските земји./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп
Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на американскиот претседател пред полетувањето за Соединетите Американски Држави, според написите.
„Американскиот персонал зел сè што кинеските претставници ѝ ги предале на делегацијата, вклучувајќи ги и акредитивите, привремените телефони и беџовите и ги фрлиле во корпа пред да се качат на авионот „Ер Форс Уан“. Ништо од Кина не било дозволено во авионот“, напиша таа на Икс.
Трамп беше во тридневна посета на Кина, прва посета на американски претседател од 2017 година.
Тој претходно денес изјави дека војната со Иран е меѓу главните теми на дискусија со кинеското раководство, сугерирајќи дека Пекинг го дели ставот на Вашингтон за потребата од прекин на конфликтот и отворање на Ормускиот теснец.
Трамп, исто така, рече дека тој и Шји постигнале „фантастични трговски договори“ и дека сè уште не донел одлука за големата продажба на американско оружје на Тајван.
Свет
СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет
Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес изјави дека во Соединетите Американски Држави е потврдено дека едно лице кое имало нејасен резултат од тестот подоцна било негативно на хантавирус, што го намалило вкупниот број на случаи во светот од 11 на 10.
Ван Керхове изјави дека претходниот извештај на агенцијата вклучувал едно лице кое имало неопределен резултат од тестот, а тоа било лице од Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.
„Подоцна добивме потврда од САД дека ова лице било негативно“, истакна таа.
Во САД, здравствената состојба на 41 лице се следи поради можноста да се заразени со хантавирусот, објави вчера Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).
Овие лица беа замолени да останат дома и да избегнуваат контакт со други во текот на 42-дневниот период на следење.
Дејвид Фитер, докторот задолжен за ситуацијата со хантавирусот во ЦДЦ, рече дека сите потенцијално заразени лица доаѓаат од „три главни групи“ на потенцијално заразени.
„Ова се патници кои неодамна се репатрирани и се наоѓаат во Небраска и Емори, потоа патници кои го напуштиле крузерот и се вратиле дома пред да се забележи епидемијата, и трето, оние кои можеби биле изложени на вирусот за време на патувањето, особено на летови каде што имало симптоматски случаи“, рече Фитер.
Епидемија на смртоносен хантавирус (сој од Андите) избувна на холандскиот крузер „MV Hondius“ во април оваа година, додека бил на пат од Аргентина кон Зелен ’Рт, а СЗО предупредува дека се очекува зголемување на бројот на случаи поради долгиот период на инкубација (шест до осум недели) и блискиот контакт на патниците.
Свет
Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец.
Аракчи напиша на платформата Икс дека имал плодни разговори со својот индиски колега, Субраманјам Џајшанкар, и дека во таа прилика појаснил дека Иран секогаш ќе ја исполнува својата историска должност како заштитник на безбедноста во Ормускиот теснец. Тој додаде дека сите пријателски земји можат да сметаат на безбедноста за време на трговијата. Аракчи се наоѓа во Њу Делхи, каде што се одржува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС.
БРИКС е основан во 2006 година од Русија, Кина, Индија и Бразил. Јужна Африка се приклучи во 2011 година, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати во 2024 година, а Индонезија во 2025 година. На листата на земји-партнери се наоѓаат и Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда, Узбекистан и Нигерија.
