Контакт

Свет

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Објавено пред

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот министер за Европа, Алан Данкан.

„Тоа е основниот услов што го договоривме – дека нема да дозволиме да биде екстрадиран на место каде што би можело да добие смртна казна. Таа гаранција е цврста“, рекол Данкан.

Асанж во САД е обвинет за шпионажа и Вашингтон бара негова екстрадиција. Рочиштето по тоа барање е закажано за крајот на февруари в година во Велика Британија.

САД го обвинуваат дека ја загрозил безбедноста на нивните дипломати и војници кога „Викиликс“ во 2010 година објави 250.000 дипломатски документи и речиси половина милион доверливи предмети за активностите на американската војска во Ирак и Авганистан. Исто така, Асанж е обвинет и за заговор со некогашната воена аналитичарка Челзи Менинг, која му ги доставила документите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение за излез на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).
        
Конкретни предлози за тоа како да се реши спорот околу, според Џонсон, особено проблематичниот ќор-сокак околу граничниот сообраќај на Ирска и Северна Ирска, сепак, не беа претставени од двајцата шефови на владите, јавува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ).

Прашањето за границата меѓу Република Ирска – членка на Европската унија и на Северна Ирска, која заедно со Велика Британија ќе излезе од Унијата, е една од главните пречки во преговорите за Брегзит. Брисел инсистира на безбедносен механизам ,,бекстоп” (backstop), со кој би се спречило враќање на контролата на таа граница доколку во преодниот период не се постигне трговски договор.
       
Џонсон го повторил своето барање да се отстрани ирскиот ,,бекстоп”, но и се спротивставил на царинската контрола на границата на Ирска со Северна Ирска.
        
Меркел истакнала дека за ова прашањео решението би можело да се најде „во наредните 30 дена“.Џонсон смета дека британската влада во минатото не разговарала интензивно за можни решенија, пренесува ФАЗ.

Прикажи повеќе...

Свет

Во силни турбуленции во авион повредени 14 луѓе

Објавено пред

Поради силни турбуленции за време на лет на шпанската авиокомпанија „Евелоп“, повредени се најмалку 14 луѓе. Сите добиле медицинска помош во Мадрид.

„Авионот А330-343 Ербас безбедно слета на мадридскиот аеродром ‘Барахас’ по силните турбуленции кои траеја 15 секунди, поради што авионот ‘пропадна’ неколку стотици метри над Етиопија“, се наведува во соопштението на компанијата.

Меѓу повредените се и тројца членови на екипажот, кои се здобиле со полесни повреди.

Како што соопштија од компанијата, 11 повредени патници го игнорирале предупредувањето за врзување со сигурносниот појас пред авионот да влета во зоната на турбуленција.

Прикажи повеќе...

Регион

Албански брод спаси 36 Авганистанци од Егејското Море

Објавено пред

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека нивни брод, кој пловел во Егејското Море, спасил 36 Авганистанци кои се обиделе да дојдат до Грција.

Албанската министерка за одбрана, Олта Џака, напиша на „Твитер“ дека 19 деца од Авганистан, осум жени и девет мажи се спасени во соработка со албанскиот брод и Фронтекс.

Таа исто така напиша дека пронајдените лица се предадени на локалните власти, но не е јасно каде биле најдени авганистанските мигранти.

Албанија, НАТО-членка од 2009 година, е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското Море.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

„Ла верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето,...

Европа43 минути

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија12 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија12 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион13 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија15 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија16 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија16 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија16 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија19 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија19 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ22 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион23 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет23 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија1 ден

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион1 ден

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија1 ден

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија2 дена

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Досие