Контакт

Свет

Асанж се ожени во затворот

Објавено пред

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж (50), добил дозвола да се ожени со својата партнерка Стела Морис во затворот, јави Би-би-си.

Асанж и Морис имаат два сина, кои ги добија додека Асанж живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Затворската управа навела дека барањето на Асанж било разгледано на вообичаен начин од затворскиот управник. На затворениците во Велика Британија им е дозволено да се венчаат според законот од 1983 година, а доколку барањето биде одобрено, затвореникот и партнерот ја плаќаат целата цена на венчавката, без државна помош.

Морис и Асанж се познаваат од 2011 година, а идната сопруга на основачот на „Викиликс“ изјавила дека речиси секој ден го посетувала во Амбасадата на Еквадор и дека морала многу добро да го запознае Џулијан. Тие двајца се во врска од 2015 година, а се свршија две години подоцна.

Австралиецот е во затворот „Белмарш“ од 2019 година, каде што беше донесен од Амбасадата на Еквадор во Лондон кога беше уапсен поради кршење на условите за кауција. Асанж ја чека одлуката на британскиот суд дали ќе биде екстрадиран во САД.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лукашенко: Ќе му понудам на Путин да го врати нуклеарниот арсенал во Белорусија

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во интервју за Раша тудеј, рече дека не ја исклучува можноста за поставување на руско нуклеарно оружје во Белорусија.

Во извештајот на белоруската државна новинска агенција БелТА се наведува дека Лукашенко реагирал на неодамнешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој навести можност за распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа, пред се во Полска.

„ Да, тоа е точно. Ќе му понудам на Путин да го врати нуклеарниот арсенал во Белорусија. Ќе се договориме за типот на нуклеарното оружје, најверојатно за типот што би бил најефективен во случај на конфликт“, рече Лукашенко, потврдувајќи дека сите нуклеарни силоси од советската ера беа“.

Прикажи повеќе...

Европа

Омикрон во Холандија регистриран и пред да пристигнат заразените патници од Јужна Африка

Објавено пред

Омикрон-варијантата на коронавирусот е откриена во Холандија пред пристигнувањето на летовите од Јужна Африка минатата недела, соопштија холандските здравствени власти.

Најмалку 14 лица позитивни на омикрон пристигнале од Јоханесбург и Кејп Таун на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје (RIVM).

„Но, омикрон-варијанта најдовме и во два тест-примерока од 19 и 23 ноември“, соопштија од RIVM. „Сè уште не е разјаснето дали овие лица ја посетиле Јужна Африка“, додаваат тие.

Откривањето на омикрон-сојот го загрижи светот и се стравува дека постојните вакцини не се ефикасни против новата варијанта, што може да ја продолжи пандемијата, која трае речиси две години.

Холандските власти во меѓувреме бараат да стапат во контакт и да тестираат околу 5.000 патници што пристигнале од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и од Зимбабве.

Во Холандија во неделата стапија во сила построги мерки против Ковид-19 за да се спречи ширењето, со оглед на рекордниот број инфекции од речиси 20.000 дневно и да се намали притисокот врз болниците.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Москва ќе дејствува доколку НАТО ги премине црвените линии

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине своите црвени линии во однос на Украина наведувајќи дека Москва ќе го разгледа распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на украинска територија како активатор.

„Доколку некои ударни системи се појават на територијата на Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7-10 минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, рече претседателот на Русија.

На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија2 часа

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ3 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија4 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа5 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа6 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион6 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа7 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија21 час

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија22 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија23 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија1 ден

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија1 ден

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Досие