Контакт

Свет

„Астра зенека“ ги отфрли обвинувањата на Европската комисија

Објавено пред

Компанијата „Астра зенека“ ги отфрли обвинувањата на Европската комисија дека не го почитува договорот за испорака на вакцини наведувајќи дека оваа правна постапка нема правна основа и најави дека силно ќе се брани пред судот, пренесува „Ројтерс“.

Европската комисија вчера соопшти дека во име на сите 27 земји членки на ЕУ ја тужи компанијата за непочитување на договорите за набавка на вакцини против коронавирусот и дека нема кредибилна програма за да обезбеди редовни испораки.

Британско-шведската компанија вети дека ќе вложи најдобри разумни напори да ѝ достави 180 милиони дози вакцини на Европската Унија во вториот квартал од вкупно 300 милиони дози закажани за периодот од декември до јуни. Но, „Астра зенека“ на 12 март објави дека ќе испорача само една третина до крајот на јуни.

Одложувањата во испораката ја забавија вакцинацијата на населението во земјите членки на ЕУ бидејќи евроблокот првично пресметуваше дека оваа вакцина ќе биде клучна во кампањата за имунизација во Унијата во текот на првата половина на оваа година.

По обновувањето на намалувањето на испораките, плановите во рамките на ЕУ се променети, а администрацијата во Брисел сега главно се потпира на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Регион

Седум починати и 289 нови случаи на коронавирус во Словенија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија од коронавирус починаа седум лица. Нарпавени се 2.406 тестови, а потврдени се 289 нови случаи или 12 проценти, што е најмал удел на позитивни наоди од 12 октомври минатата година.

Вкупно 499 лица се во болница, со што се исполнува еден од условите за понатамошно олеснување на мерките. Просечниот број на дневни инфекции на неделно ниво се намали на 619.

Вакцинирани се 251.755 лица, или 23 проценти од населението.

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба, од утре, хотелите со повеќе од 60 соби ќе можат да понудат сместување во повеќе од половина од капацитетите, под услов гостите да го прележале коронавирусот во последните шест месеци, да се вакцинирани или да имаат негативен тест.

Владата објави дека вакцинирањето на помладите категории кај населението ќе започне утре, иако постарите и ризичните категории ќе продолжат да имаат предност.

Прикажи повеќе...

Свет

Борел: Европската унија станува сè посилна

Објавено пред

По повод Денот на Европа, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, оцени дека Европската унија не е завршен проект и дека се соочува со голем број проблеми.

Тој посочува дека овие проблеми мора да се решат, но ЕУ не е слаба. „Напротив, станува сè посилна секој ден“, вели Борел.

Тој е исто така убеден дека ЕУ е потребна повеќе од кога било, иако е изграден траен мир меѓу Европејците.

За него Европа значи повеќе пријателства и можности, заедничка борба за зелена планета. Но, тој, исто така, верува дека Европа некогаш им понудила на своите млади многу поголема економска безбедност за да станат независни.

„Мислам дека тоа е изгубено и тоа е нешто што треба да го вратиме. Убеден сум дека помладите генерации ќе знаат како да дадат нов поттик на Европа“, рече Борел.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија првпат по шест месеци помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Денес, првпат од ноември минатата година, во Србија се потврдени помалку од илјада новоинфицирани со коронавирус, објавија здравствените власти.

Во последните 24 часа направени се 9.389 тестови, а потврдени се 834 случаи, што не се случило од 2 ноември 2020 година, кога имало 802.

Починале 19 лица, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 6.558.

Во болница има 3.827 ковид – пациенти, од кои 137 се на апарати за дишење, објави српското Министерство за здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет4 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион6 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ6 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија6 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија7 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија8 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет8 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија9 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет10 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет21 час

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион22 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт1 ден

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ1 ден

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие