Контакт

Свет

Три ракети паднаа врз аеродром во Багдад, има повредени

Објавено пред

Три ракети паднаа на меѓународниот аеродром во Багдад.

Како што информираа властите, ракетите паднале во близина на карго-терминалите.

Во нападот биле запалени две возила, а неколку лица се повредени. Нападот се случи во момент на засилени тензии со САД, откако милиции поддржани од Иран пред два дена ја нападнаа американската амбасада во Багдад.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Над 30 лица загинаа во напад во Јемен

Објавено пред

Над 30 луѓе се убиени денеска во напад на бунтовниците Хути врз центар за обука во Јемен, објави државната телевизија на Саудиска Арбија, „Ал Акбарија“.

Телевизиjaта пренесе изјави од медицински извори според кои во нападот загинале 32 војници, информира агенцијата „Ројтерс“.

Веќе неколку години Јемен е зафатен од вооружен судир меѓу владините сили, предводени од претседателот Абдрабух Мансур Хади и бунтовниците Хути.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, на барање на Хади, од 2015 година изведува воздушни напади против бунтовниците, поддржани од Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од шест степени по Рихтер ја потресе источната индонезиска провинција Папуа, објави американскиот геофизички институт.

По земјотресот, кој според локалното време, се случил во недела, не е објавена опасност од цунами.

Потресот се случил на оддалеченост од 158 километри од главниот град на провинцијата Џајапурa, на длабочина од 34 километри.

Индонезискиот архипелаг се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, што се смета за многу сеизмички активна област.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Хари и Меган останаа без кралските титули

Објавено пред

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите Кралско височество и нема официјално да ја претставуваат британската кралица, објави Бакингамската палата.

„Хари, Меган и Арчи (нивниот новороден син) секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство“, се вели во изјавата на кралицата Елизабета.

„Ги разбирам предизвиците со кои се соочуваа поради големото внимание во јавноста во последните две години и ја поддржувам нивната желба да живеат самостојно“.

Кралицата додава дека е особено горда што Меган станала дел од семејството.

„Целото семејство се надева дека денешниот договор ќе им овозможи да започнат со градење на среќен и мирен нов живот“.

Хари (35) и неговата американска сопруга, поранешната актерка Меган Маркл (38), овој месец предизвикаа криза во кралското семејство, најавувајќи дека сакаат да ги намалат своите кралски должности и да минуваат повеќе време во Северна Америка со цел да станат финансиски независни.

Кралицата и нејзиното семејство во последниве денови се договараа со државните власти како ова практично да се спроведе.

Палатата објави дека Хари и Меган повеќе нема да примаат јавни пари за кралски должности и ќе ги вратат парите што ги потрошиле за реновирање на нивниот дом во Виндзор. Станува збор за 2,4 милиони фунти.

Промените стапуваат на сила напролет, објави палатата, одбивајќи да ги коментира безбедносните аранжмани направени за Хари и Меган.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија4 часа

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија6 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет6 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ7 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија8 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет9 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура10 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија11 час

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија12 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет12 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт12 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет12 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет1 ден

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие