Контакт

Европа

Балканскиот кварт во Виена преплавен од полиција поради хрватските навивачи

Објавено пред

Виенската полиција се подготвува на улиците да постави зголемен број полицајци во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар на СП меѓу Англија и Хрватска. Причина за тоа се инцидентите што во округот Отакринг ги направија навивачите на хрватската репрезентација по четвртфиналната победа над Русија, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Австриските медиуми објавиле дека полицијата во Виена била изненадена поради нацистичките испади на хрватските навивачи, а дополнително било утврдено дека имало користење и недозволени пиротехнички средства поради што биле повредени две жени. Едната може да го загуби слухот во едното уво, а другата има повреди на очите. Покрај тоа, биле поднесени 78 пријави за разни прекршоци, шест од нив се однесуваат на телесни повреди, а три за попречување на активностите на полицијата. Исто така, навивачите на хрватската репрезентација со часови ја блокираа улицата Отакринерштрасе.

Поради ваквите испади, има одлука дека следењето на денешниот натпревар строго ќе се надгледува за да не се повтори хаосот пред неколку дена.

Според информациите, во Отакринг ќе бидат испратени 350 полицајци, а подготвен е план за дејствување при повеќе сценарија вклучувајќи и обиди за хулигански нереди. Меѓу полициските сили што денес ќе бидат присутни во округот се и специјалните полициски единици, а ќе бидат доведени и полициски кучиња, изјави портпаролот на полицијата во Виена, Харалд Сурус.

Покрај тоа, полицијата за своите припадници организирала забрзана едукација за усташките симболи со цел тие да не минат незабележано, како што беше случај по натпреварот со Русија. Сепак, од полицијата во Виена велат дека според австрискиот закон за забрана на нацистички симболи, усташките одбележја не се формално забранети, но истакнаа дека ќе бидат опоменати сите оние што ќе ги изложат и дека  каков било неред овој пат ќе биде строго казнет.

Европа

Шпанските служби спасија 450 мигранти

Објавено пред

Од

Шпанската крајбрежна спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници денеска спасиле 450 лица што се обиделе од северна Африка да пристигнат во Европа.

Соопштено е дека меѓу нив 294 мигранти пловеле со 17 брода, но бројот би можел да биде и многу поголем бидејќи уште се трага по два брода.

Недалеку од првите, од три брода биле извлечени 156 мигранти вклучувајќи 30 жени и шест деца.

Агенцијата на Обединетите нации за миграција наведе дека од почетокот на годината во Шпанија стигнале повеќе од 18.000 мигранти.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен Иранец за нападот со нож во автобус во Германија

Објавено пред

Од

napad-germanija

Уапсен е напаѓачот што денеска со нож во автобус во Германија повреди најмалку 14 лица.

Германските медиуми пишуваат дека станува збор за Иранец на возраст од 30 години.

Државниот обвинител вели дека многу нешта би можеле да бидат мотив за нападот, а не е исклучена можноста да се работи за тероризам.

Според изјави на сведоците, мажот со нож ги нападнал патниците и возачот, кој веднаш го сопрел автобусот по што ги отворил вратите за патниците да може да истрчаат надвор.

Нападот наводно започнал кога еден од патниците му понудил место на постаро лице. Во тој момент напаѓачот го избол патникот со нож.

Претходно полицијата објави на „Твитер“ дека во тек е голема полициска акција во градот. Во нападот што се случи во Либек, северна Германија, беа повредени најмалку 14 лица, од кои две сериозно.

Прикажи повеќе...

Европа

Напад со нож во автобус во Германија

Објавено пред

Од

Најмалку 14 лица се повредени, од кои две сериозно, во напад со нож во автобус во Либек, северна Германија.

Полицијата објави на „Твитер“ дека во тек е голема полициска акција во градот.

„Ја проверуваме ситуацијата и набргу ќе објавиме повеќе информации“, наведе полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион5 часа

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ5 часа

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет6 часа

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија7 часа

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија7 часа

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија8 часа

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија19 часа

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија1 ден

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Македонија1 ден

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да...

Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ
Регион1 ден

Харадинај: Евентуална поделба на Косово би значело почеток на војна

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека евентуална поделба на Косово за него би претставувало почеток на војна. Харадинај го...

Gavril Bubevski SJO Gavril Bubevski SJO
Македонија1 ден

(Видео) СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата,...

Тимјаник, Мила Царовска, дом Тимјаник, Мила Царовска, дом
Македонија1 ден

Отворен домот во Тимјаник, во него се сместени четири деца

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, Неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три...

ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK
Македонија1 ден

Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека Владата ставила европско...

Свет1 ден

Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир...

Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија
Вести1 ден

Отворен саркофагот во кој се веруваше дека се останките на Александар Македонски

Истражувачите го отворија саркофагот стар 2 000 години што беше пронајден во Египет и ги покрена шпекулациите во локалните и...

Мисури, САД, туристи, несреќа Мисури, САД, туристи, несреќа
Свет1 ден

(Видео) Единаесет мртви откако туристички брод се преврте во САД, нуркачите трагаат по исчезнати

Најмалку 11 лица загинаа во Мисури откако се превртел брод кој превезувал туристи по езеро, соопшти полицијата. Амфибиското возило Ride...

Македонија1 ден

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Досие