Контакт

Свет

Бачел: Израел би можел да биде обвинет за воени злосторства

Објавено пред

Високата комесарка на ООН за човекови права, Мишел Бачел, изјави дека израелските напади врз Појасот Газа може да бидат квалификувани како воено злосторство.

Таа исто така нагласи дека не добила докази оти зградите што биле цел биле користени за воени цели.

На состанокот на Советот за човекови права на ООН во Женева се расправа за почнување широка меѓународна истрага за нападите поврзани со последниот конфликт меѓу Израел и палестинските екстремистички организации во Појасот Газа, но и за систематските злоупотреби на палестинските територии внатре во Израел.

Се предлага Советот за човекови права на ООН да повика на испитување на злосторствата и повреда на човековите права во деценискиот конфликт на Блискиот Исток.

Нацрт-резолуцијата е предложена од Организацијата за исламска соработка (ОИС) и за неа се дискутира на денешниот состанок фокусиран на ескалацијата на насилствата меѓу Израел и Палестина во текот на овој месец.

Состанокот на 47-те члена на Советот го свика Пакистан во име на ОИС и палестинските власти.

Израелската амбасадорка во ООН во Женева, Меирав Ејлон Шахар, во средата ги критикува и состанокот и нацрт-резолуцијата велејќи дека единствената цел е „да се обвини Израел, да се прикријат злосторствата на Хамас и да се избегне палестинската власт да преземе одговорност за сопствениот народ“.

Пред прекинот на огнот во петокот минатата недела во израелските воздушни напади беа убиени 253 Палестинци, од кои 66 деца и беа ранети повеќе од 1.900 луѓе, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Дванаесет лица беа убиени во Израел, меѓу кои две деца и еден војник.

„Оваа ескалација е директно поврзана со протестите и силниот одговор на израелските безбедносни сили, најпрвин во источен Ерусалим, а потоа и во целата окупирана палестинска територија“, изјави Бачел.

Таа истакна дека ракетните напади на Хамас се случајни и не прават разлика помеѓу воените и цивилните објекти и затоа тие претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право.

Во врска со израелските напади во Газа, таа рече дека многу цивили се убиени и ранети и големи штети се предизвикани на цивилен имот, а ги спомена и владините и станбените згради и куќите, меѓународните хуманитарни организации, здравствените институции, канцелариите за медиуми и патиштата, нагласувајќи дека, покрај израелските тврдења дека многу од овие згради биле користени од вооружени организации или дека служеле за воени цели, не биле видени други докази.

Таа исто така изјави дека поставувањето воена опрема во густо населените цивилни области и извршувањето напади од таму претставува кршење на меѓународното хуманитарно право.

„Нема сомнение дека Израел има право да ги брани своите жители. Сепак, Палестинците исто така имаат права. Истите права“, рече Бечел.

Таа ги повика израелските власти веднаш да го запрат процесот на иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право.

Регион

Вучиќ во Брисел: На ваков состанок не сум присуствувал, Курти дојде за да не се согласи за ништо

Објавено пред

По разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е договорено да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули и дека косовската делегација не сака да ги исполни потпишаните договори.

Како што рече Вучиќ на прес-конференцијата, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорот за продолжување на дијалогот, рече тој, е важна работа што може да гарантира зачувување на мирот.

„Три важни вести – албанската делегација не сака да ги исполни договорите, тие не сакаат да зборуваат за Заедницата на српски општини, тие побараа итно и веднаш кога ќе го признаеме независно Косово и го нарекоа инцидент и провокации фактот што Србите сакаат да присуствуваат на литургии во нивните цркви. Бев нежен, не сакав да укажам на други работи, целосно отсуство на реалност “, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека се разговарало за исчезнатите лица.

„Зборував за принципите и колку е важно да се открие местото каде што е погребан секој Албанец и секој Србин, понудив и тоа го одобрија и Борел и Лајчак, за да ни кажат дека ако се сомневаат во локацијата на гробницата , ние веднаш ќе отвориме и ќе и покажеме на јавноста, побарав на девет локации да ми дозволат да копаат, а потоа тие ми одговорија не, затоа што Комисијата за исчезнати лица е предводена од Вељко Одаловиќ. Она што ви го кажав е во поблага форма, не видов рационален пристап“, рече тој.

Претседателот на Србија додава дека ќе мора да разговара со Србите од Косово затоа што е многу исплашен.

„Видов со колку неодговорност ќе треба да се соочиме во иднина, исплашен сум затоа што некој е многу неодговорен. Ние сме подготвени да го прифатиме секој датум и ден и нема ништо поважно од обезбедувањето безбедност за нашиот народ во Косово. Дали наскоро гледам посериозен напредок, на ваков состанок не сум присуствувал“, вели Вучиќ.

Како што рече, Курти дошол „за да не се договори“.

„Тој дојде да праша кога ќе го признаете Косово. Мојот одговор е – никогаш“, рече претседателот на Србија посочувајќи дека тоа многу го вознемирило Курти.

Прикажи повеќе...

Свет

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Објавено пред

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува порталот „Политико“.

Имено, за време на неговиот мандат како потпретседател на САД, Бајден има преминато над 1,6 милиони километри на патувања во 57 земји во светот, наведува бриселскиот портал.

Кога на тоа ќе се додадат и стотиците патувања за време на неговиот мандат како член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот од 70-тите години, може да се каже дека Бајден има најпополнети пасоши во споредба со сите останати станари во Белата куќа.

Многу од овие патувања биле во Европа, која отсекогаш имала посебно место во срцето на Бајден.

Затоа, неслучајно и неговото прво патување во странство по стапувањето на претседателската функција, е всушност патување на стариот континент, пишува „Политико“.

Според порталот, официјална цел на патувањето на Бајден веројатно е за да им покаже „малку љубов“ на европските сојузници, по нападите што ги претрпеа од неговиот претходник. Но, Бајден навистина ја сака Европа.

Тој ентузијазам беше опиплив и во текот на претходните години, кога и да ја посетуваше својата прва татковина во Ирска, кога присуствуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен или кога ги посети најоддалечените делови на Балканот, односно на сите места на кои повремено се враќаше.

Постојат пет места кои Бајден најмногу ги сака во Европа, а тоа се Ирска, Балканот, седиштето на НАТО, Минхен и Унгарија.

„Политико“ наведува дека многу американски политичари имаат ирско потекло, а таков е случајот и со двајцата родители на Бајден.

Друго европско катче во кое Бајден бил „претплетен“ професионално и политички е поранешна Југославија, регион полн со историски поделби кои, како што наведува „Политико“, не се разликуваат многу од ситуацијата во Ирска.

Порталот наведува дека Бајден никогаш не се откажал од Балканот, враќајќи се на него повторно и повторно, и долго откако повеќето западни политичари го изгубиле интересот.

„Балканот не е споредна стратешка мисија“, им порача тој на колегите од Сенатот, по посетата на регионот во 2001 година.

„Југоисточна Европа останува централна за безбедноста на целиот континент, а со тоа и на Соединетите држави“, додаде тогаш Бајден.

Откако стана потпретседател во 2009 година, Бајден повторно го посети регионот. Во 2016 година тој беше на Косово поради отворањето на новиот автопат именуван по неговиот покоен син Боу, кој, пак, своевремено волонтираше на Косово.

Прикажи повеќе...

Европа

„Астра зенека“: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на коронавирус

Објавено пред

Англиско-шведскиот производител на лекови „Астра зенека“ објави дека нивната терапија со моноклонални антитела, AZD7442, не помага во превенција на болеста Ковид-19 кај лица што биле изложени на коронавирус.

Компанијата соопшти дека во студијата учествувале невакцинирани лица постари од 18 години, кои биле во контакт со заразените во последните осум дена.

Во споредба со плацебо, AZD7442 го намали ризикот од развој на симптоми на коронавирус за 33 проценти, што не е статистички значајно, соопшти компанијата.

Од „Астра зенека“ ја испитуваат ефикасноста на лекот кај веќе заразени пациенти и спречување на развој на потешки форми на болеста.

„Иако лекот не ја исполни примарната цел да спречи појава на симптоми, ние сме охрабрени од заштитата што им ја дава терапијата AZD7442 на учесниците со негативен ПЦР-тест“, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател за истражување и развој во „Астра зенека“.

Владата на САД го поддржа развојот на AZD7442.

Компанијата постигна договор со Соединетите Американски Држави во март за испорака на половина милион дози од лекот, а во вторникот беше објавено дека во тек се преговори со американската влада за понатамошни чекори.

Ривалските компании „Регенерон фармацеутикалс“ и „Ели Лили и ко“ развија слични производи кои се состојат од моноклонални антитела и се одобрени за употреба во САД.

Терапијата со моноклонални антитела е класифицирана како група лекови што имитираат природни антитела што ги произведува телото за борба против инфекцијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со „регенерон“ и сега проучува слични лекови од производителите „Ели Лили“, „Целтрион“ и еден лек развиен од „Глаксо Смит Клајн“ и „Вир биотехнологија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 вакцини од „Астразенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „Астразенека“ од Грција....

Свет51 минута

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија53 минути

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 час

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет3 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија3 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет4 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет4 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет4 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија18 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет20 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет22 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија22 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа23 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет1 ден

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Досие