Свет
Бајден: Верувам дека сме блиску до договор за заложниците

Американскиот претседател Џо Бајден верува дека се приближуваат кон договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Газа.
На прашањето на новинарите дали се блиску до договор, Бајден одговори: „Верувам дека е така“.
Катарскиот премиер, клучен посредник меѓу Израел и Хамас, изјави за време на викендот дека треба да се разработат само „ситни детали“.
238 заложници се’ уште се во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.
Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.
Свет
(Видео) Морничави снимки од земјотресот од 7,6 степени на Филипините

На социјалните мрежи објавена е вознамирувачка снимка од моментот на силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер што ги погоди денес Филипините.
Потресот се случи на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од потресот.
Video of the recent earthquake in Philippines. #Mindanao #Philippines #earthquake $Portal@Portalcoin pic.twitter.com/fKt5FxB6o5
— Z0X (@NorisKris1) December 2, 2023
Свет
Столтенберг: Европските земји не можат да го прошират производството на оружје за Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека европските земји ги следат сопствените интереси и не можат да го прошират производството на оружје за Украина.
„Не сме во можност да соработуваме толку блиску колку што треба, што доведува до повисоки трошоци и го отежнува проширувањето на производството. Мора да се реши проблемот со фрагментацијата на европската одбранбена индустрија“, изјави Столтенберг во интервју за студиото АРД во Брисел.
Тој рече дека е важна поголемата слика и колективниот интерес.
Како пример за потребата од подобрување, Столтенберг го наведе производството на муниција, кое во моментов е во посебен фокус поради големата потреба на Украина од оружје во конфликтот со Русија.
„Важно е да се спречи поскапувањето на муницијата поради зголемената побарувачка. Потребна е повисока понуда. Зголемувањето на производството е клучно“, заклучи генералниот секретар на НАТО.