Свет
Бајден денеска на прес-конференција; Белата куќа: Тој е големо момче
Џо Бајден, кој се бори за политички опстанок со секое појавување во јавноста, в четврток се соочува со непријатен тест за својата претседателска кандидатура – прес-конференција, обврска што баш и не ја сака.
Но, Белата куќа ветува дека тоа ќе биде „прес-конференција на големо момче“, без детали за тоа како ќе се одвива.
Изборот на зборовите на претставникот за печатот на Белата куќа, Карина Жан-Пјер, за Бајден како „големо момче“ сугерира дека неговата средба со претставниците на медиумите сега ќе биде поинаква за разлика од кратките прашања и одговори, главно кога прима странски државници и доставени прашања од однапред одредени новинари, најмногу четири.
Прес-конференцијата е закажана за 23.30 часот по средноевропско време, а Бајден ќе мора јасно да се изрази со самоуверен глас и да зборува без белешки.
Накратко, тој мора да направи сѐ што не можеше да направи на 27 јуни на дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, кој ќе се соочи со него на претседателските избори на 5 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
21 лице загина во поплавите во Европа, ново предупредување за Италија
Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите предизвикани од циклонот Борис во Централна Европа, а силно невреме сега и се заканува на Италија, каде е пронајдено телото на пожарникар кој исчезна во поплавата.
Во поголемиот дел од Италија се издадени предупредувања за силен дожд, ветрови и поплави, јавува Би-би-си.
Веќе има извештаи за поплави во Пескара во централна Италија, додека италијанската метеоролошка служба предупредува дека невремето ќе го погоди северниот брег на регионот Емилија-Ромања.
Свет
Најмалку 7 лица загинаа во пожарите во Португалија, Шпанија и Мароко испраќаат помош
Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, објави Управата за цивилна заштита.
Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува „Ројтерс“.
Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во централниот кварт Визеу, каде што беснеат пожарите.
Регион
(Видео) Вучиќ преку инстаграм бара Трифуновиќ да биде ослободен
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ. Тој се осврна и на случајот со Северина, која Србите ја задржаа на граница.
„Пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана и надворешно и внатрешно, само затоа што естрадна уметница од Хрватска беше задржана десетици минути на граничниот премин. Таа не беше приведена, уапсена или малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога адвокатот Бериќ беше уапсен во Хрватска, тој беше во притвор 15 дена поради објавена песна на неговиот Фејсбук профил“, рече Вучиќ.
„Вчера беше приведен и уапсен и одведен од граничниот премин Сергеј Трифуновиќ, човек кој е мој политички противник, основачот на Движењето на слободни граѓани. Но, тој е и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, тој беше уапсен, а никој не разбра за што. Најпрво барам од властите во Србија да се обидат да се борат за правдата и слободата на Сергеј Трифуновиќ преку сите дипломатски канали и апелирам до хрватските власти да разберат дека притворањето на Србите не води кон развој на подобри односи и не сакам да ги изговарам грубите зборови и квалификации што тие ги искажаа за Србија“, продолжи тој.
„Молам и барам да постапат рационално и да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, заклучи тој.
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен во вторник околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет. Судењето на српскиот актер продолжува денеска во 12:30 часот, пренесуваат хрватските медиуми.