Контакт

Свет

Бајден за омикрон – новиот сој на коронавирусот е причина за загриженост, а не за паника

Објавено пред

Американскиот претседател, Џо Бајден, во врска со новиот сој на коронвирус омикрон рече дека тој претставува причина за загриженост, но не е причина за паника и додаде дека не размислува за какво било поголемо затворање во Соединетите Американски Држави.

Тој повторно ги повика Американците да се вакцинираат целосно и да се вратат маските за лице во затворени простории, на јавни места, со цел да се забави секое ширење на вирусот.

Говорејќи во Белата куќа, Бајден рече дека е неизбежно пристигнувањето на новиот сој во САД, но тој исто така рече дека земјата ги има потребните алатки за заштита на Американците, а тоа се одобрените вакцини.

„Америка ќе се соочи со оваа нова закана исто како што се соочивме со оние што беа пред неа“, рече Бајден.

Тој апелира до приближно 80 милиони невакцинирани Американци на возраст над 5 години да примаат вакцини, а остатокот од земјата да побара дополнителни вакцини шест месеци по нивната втора доза. Ги охрабри сите да се вратат на носење маски за лице во сите затворени јавни простори.

„Оваа варијанта е причина за загриженост, а не причина за паника“, рече Бајден.

Минатата недела тој одлучи да го ограничи патувањето од Јужна Африка и седум други јужноафрикански земји во обид да им даде време на научниците да дознаат повеќе за новата варијанта и да вакцинираат повеќе Американци пред таа да ги погоди САД.

„Ако луѓето се вакцинирани и носат маски, нема потреба да се затвораат“, рече тој.

Бајден рече дека неговата администрација не се штеди во напорите да ги отстрани сите пречки на патот да го зачува американскиот народ безбеден, вклучително и соработката со производителите на лекови.

Регион

Рама: Никогаш нема да се откажеме од ЕУ, макар додворувачите да донесат и кавијар

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама апелира до лидерите на Западен Балкан да го отфрлат додворувањето на надворешните сили и да ја задржат вербата во сонот за членство во ЕУ.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ (ФТ), Рама рече дека Албанија никогаш нема да се откаже од Европа и ЕУ, без разлика каква ќе биде формата на Унијата во иднина укажувајќи на европските политичари што се под влијание на националистички притисоци.

Рама призна дека чекањето е фрустрирачко, но земјите што му се додворуваат на регионот, без да ги именува Русија, Кина и Турција, ги нарече несоодветни додворувачи.

„Другите може да донесат пари, инвестиции, можеби дури и кавијар, но нема да може да го донесат она што ви треба за да изградите функционална слободна земја“, изјави Рама за ФТ.

Рама рече дека е загрижен за порастот на национализмот во Босна, но нагласи дека национализмот во ЕУ сега е главна пречка за амбициите на регионот да се приклучи на блокот од 27 нации.

Според него, ЕУ сѐ уште не заздравела од бегалската криза од 2015 година кога повеќе од милион луѓе побарале азил во Европа, главно бегајќи од сириската војна. Оттогаш ЕУ е водена од страв, а не од аспирации, а владите што сами по себе не се екстремни се под влијание на екстремности, рече тој.

„Кога Албанија го почна пристапниот процес пред речиси две децении, клучот беше да се оддалечиме од балканскиот национализам, но денес нашиот проблем не се балканските национализми, туку национализмите во ЕУ. Она што нѐ спречува да влеземе во ЕУ е влијанието на национализмите на ЕУ врз политичкиот живот на важните земји од ЕУ“, рече Рама.

Од шесте западнобалкански земји, Албанија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се кандидати за членство во ЕУ, а Косово и Босна се потенцијални кандидати. Регионот има големи проблеми со корупцијата и посветеноста на владеењето на правото, но Рама рече дека политичките калкулации на членките на ЕУ исто така одиграле улога во одолжувањето во изминатите 18 години откако блокот вети дека ќе им дозволи на земјите од регионот да влезат кога ќе ги исполнат критериумите.

„Албанците имаат свои разочарувања од Брисел, но тоа не го менува верувањето дека мора да бидеме таму“, рече албанскиот премиер.

„Веќе ги консумиравме сите љубовни приказни и бракови“, додаде тој имплицитно мислејќи на врските што Албанија ги имаше за време на комунизмот, прво со Русија, а потоа со Кина. „Бараме нов брак, а не стар. Но, овој тип на брак е секако тежок“, додаде тој.

Во својот трет мандат Рама ја промовира идејата за заеднички регионален пазар, на кој се согласија сите шест земји во ноември 2020 година. Во обид да го забрза процесот, Албанија, заедно со Србија и Северна Македонија, потпиша за спроведување некои од неговите одредби. „Ако го направиме ова на Балканот, тоа ќе биде најдоброто одвраќање од лудилото, а ако не го направиме, никој нема да го направи наместо нас“, рече тој.

Рама призна дека преостанатите три земји се двоумат.

„Босанците, бидејќи очигледно не може да се одлучат за ништо, Црногорците затоа што сѐ уште имаат илузија дека следната година може да влезат во ЕУ, а секоја наредна година станува наредна, Косово поради проблемите со Србија, што мислам дека може подобро да се реши кога луѓето седат и разговараат“, рече Рама за ФТ.

Прикажи повеќе...

Свет

Како да разликуваме омикрон од настинка

Објавено пред

Иако омикрон-варијантата на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно да се постапи.

Покрај она што е утврдено дека повеќето од пациентите што се ковид-позитивни се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми карактеристични за омикрон-сјот, а кои не се појавуваат при настинка.

„Уникатната карактеристика на короната е губењето на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете кај настинката“, рече д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар ‘Шарп Чула Виста’ во Сан Диего, додавајќи дека дополнително кај обичната настинка не се среќава силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.

„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека сте заразени од коронавирус отколку дека станува збор за настинка“, рече Шао.

Слични симптоми за омикрон-сојот и за настинката се треската и болките во грлото, а ако болеста напредува – кашлањето и отежнатото дишење.

Прикажи повеќе...

Свет

На улиците во Германија поставен нов сообраќаен знак

Објавено пред

Возачите во Германија ќе мора да се навикнат на нов сообраќаен знак. Како што пишува германски СВП, во Штутгарт се појавил нов сообраќаен знак, кој се однесува на безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.

Знакот означува забрана за престигнување велосипедисти и мотоциклисти. Засега може да се види на раскрсницата на Боблингер Штрасе и Калтенталер. Ова место им е познато на многу учесници во сообраќајот на тој град бидејќи бара посебна грижа. Велосипедските и автомобилските патеки на оваа делница се одделени со испрекината линија.

Ова не секогаш дозволува слободно поминување на автомобилот бидејќи е невозможно да се постигне минимум еден и пол метар странично растојание при престигнување, како што е пропишано со законот. Казната за непочитување е 70 евра.

„Бидејќи возачите погрешно ја проценуваат ситуацијата, забраната за престигнување велосипеди и мотоцикли сега е илустрирана со нов сообраќаен знак“, изјавија градските власти за СВП.

Инаку, овој знак можеше да се види и во Мајнц уште во април 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија3 часа

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија3 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет4 часа

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт4 часа

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион5 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет5 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет7 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет7 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија16 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија21 час

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија21 час

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа22 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион1 ден

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ1 ден

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет1 ден

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ1 ден

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет1 ден

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Досие