Свет
Бајден и Зеленски во петокот разговарале речиси еден час, тврди Си-ен-ен

Си-ен-ен денеска објави дека украинскиот и американскиот претседател разговарале 49 минути во петокот и дека Зеленски побарал дополнителни санкции против Русија.
„За време на нивниот последен разговор, украинскиот претседател Зеленски побарал од американскиот претседател Џо Бајден дополнителни санкции за да се создаде посилен притисок врз Русија“, дознава Си-ен-ен.
Според неколку извори запознаени со повикот, Зеленски побарал од Бајден понатамошни напори да се отсече Русија од меѓународната трговија и да продолжи да ја таргетира руската елита. Во исто време САД продолжија да додаваат повеќе олигарси и нивните семејства на списокот со санкции.
Според Си-ен-ен, Зеленски за време на повикот ја споменал и забраната за пристап на Русија до меѓународните водни патишта.
Бајден детаљно му ги опишал на Зеленски најновите санкции што планира да ги објави, како и потегот за укинување на повластениот трговски статус на Русија со САД.
Зеленски му се заблагодарил на Бајден за санкциите и го повикал да продолжи да го зголемува економскиот притисок врз Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го слави Денот на независноста, а по тој повод улиците на главниот град Подгорица се украсени со државни знамиња.
Црна Гора се отцепи од Државната заедница СРЈ на референдум на 21 мај 2006 година.
Порталот РТЦГ потсетува дека според официјалните резултати, црногорската независност ја поддржале 230.661 граѓанин односно 55,5 отсто, додека за опстанок на заедничката држава со Србија биле 185.002 граѓани или 44,5 отсто.
Европа
Објавена снимка од предавањето на украинските борци од „Азовстал“

Руското Министерство за одбрана соопшти дека по предавањето на последните украински војници целосно ја ослободило фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Објавено е и видео на кое се гледа предавањето на последните украински борци од „Азовстал“.
На видеото се гледа како руски војници ги проверуваат украинските борци. Некои од борците ги покажаа своите тетоважи пред камера на барање на руските војници.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенко изјави дека 2.439 украински припадници на одбраната се предале во фабриката за челик „Азовстал“ од 16 мај, oд кои последните 500 во петокот.
Европа
Британска министерка: Мора и Молдавија да ја опремиме со модерно оружје, амбициите на Путин не запираат

Лиз Трас, британската министерка за надворешни работи, откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно оружје во Молдавија за да ја заштити од Русија.
Таа рече дека земјата, која се наоѓа југозападно од Украина, сака да биде опремена според стандардите на НАТО.
Молдавија во моментот не е членка на НАТО и постои загриженост дека земјата би можела да биде идна цел на Путин, по конфликтот во Украина.
„Путин беше целосно јасен за неговите амбиции да создаде голема Русија – и само затоа што неговите обиди да го заземе Киев беа неуспешни, не значи дека тој ги напушти таквите амбиции“, рече Трас за „Телеграф“.