Свет
Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

Одлуката за тоа како ќе продолжи процесот на судење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, новиот американски претседател Џо Бајден ќе му ја препушти на Сенатот, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.
„Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека работи за американскиот народ. Претседателот Бајден ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе го продолжи процесот на отповикување“, рече Псаки на брифингот за печатот во Белата куќа.
Претседателот на Претставничкиот дом, Ненеси Пелоси, сè уште не го испратила текстот за отповикувањето до Сенатот, а според правилата на тоа тело, судењето на поранешниот претседател ќе почне ден по приемот на одлуката за отповикување.
Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволуваат судењето во Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европската агенција за лекови сепак размислува за одобрување на руската вакцина

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека започнала со разгледување на документацијата за вакцината „Спутник В“, што ја изработи рускиот институт Гамалеја, со цел да ја одобри лиценца за употреба во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.
Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на „Спутник В“ со стандардите на ЕУ во однос за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува „РИА Новости“.
Медиумите пишуваат дека ваквата одлука на Евроспката агенција за лекови следува по низата критикии за бавната набавка и дистрибуција нба вакцини во земјите на ЕУ.
Претходно, Русија на ЕУ ѝ понуди 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, но доби ладен туш од Брисел, од каде на компанијата што стои зад „Спутник В“ ѝ беше кажано дека нивната вакцина не влегува во стратегијата за борба против коронавирусот на Европската унија.
Европа
Во Унгарија најголем број на заразени во последните три месеци

Во Унгарија во последните 24 часа се потврдени 6.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во последните три месеци, според официјалните податоци.
Уште 152 лица починаа од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Во Унгарија се потврдени вкупно 446.178 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а починале 15.476 лица.
Во моментов, активни се 102.566 случаи на зараза, а 6.554 лица се на болничко лекување, од кои 639 се приклучени на апарати за дишење.
Регион
Светска банка: Црна Гора на работ на бездната

Светска банка проценува дека црногорската економија ќе доживее најголема рецесија на Западен Балкан оваа година, со рекорден јавен долг од скоро 100% од бруто домашниот производ.
Ваквата прогноза главно се должи на високата зависност на земјата од туризмот.
Светската банка исто така процени дека веќе и онака високото ниво на јавен долг ќе достигне врв од 98% од БДП во текот на 2021 година, а изградбата на втората делница од автопатот Бар – Боjаре би претставувала голем ризик за неговата одржливост.
Економското закрепнување ќе зависи од туризмот, но пандемијата со коронавирусот претставува сериозен ризик затоа што, доколку биде присутен и ова лето, тоа повторно ќе има негативни последици за туристичката сезона, предупредуваaт експертите.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер