Свет
Бајден на листот со состаноци го додаде и Ердоган, ќе се сретнат на маргините на самитот на НАТО

Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се состане со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на маргините на самитот на НАТО во Брисел овој месец, објави Белата куќа.
„Голем број билатерални и регионални прашања ќе бидат на дневен ред за време на нивниот состанок на 14 јуни“, се наведува во соопштението.
Во април Бајден предизвика бес во Турција со признавање на масакрите врз Ерменците во Османлиската Империја како геноцид. Претходно, за време на предизборната кампања во 2020 година, Бајден вети дека ќе го заостри курсот кон Ердоган, кого го нарече автократ.
Бајден ќе има прилично густ распоред следната недела кога ќе го почне своето прво патување во странство како шеф на државата.
Покрај разговорите во рамките на самитот на НАТО, тој исто така ќе присуствува на самитот Г7 на југозападот од Англија и ќе учествува на самитот ЕУ – САД во Брисел. Тој ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора, британскиот премиер Борис Џонсон и со белгиското кралско семејство.
Најочекуваната средба е на крајот, на 16 јуни, со рускиот претседател Владимир Путин во Женева.
„ Ова патување ќе ја потенцира американската определба за обновување на нашите сојузи, ревитализација на трансатлантските односи, како и соработка со нашите сојузници и мултилатерални партнери во решавањето на глобалните предизвици и подобра безбедност на американските интереси“, изјави секретарот за печат на Белата куќа, Џен Псаки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.
Да потсетиме, минатата есен во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон.
Бајден ја искористи канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде беше почесен професор од 2017 до 2019 година, пишува Си-ен-ен.
Во канцеларијата биле пронајдени помалку од десетина доверливи документи, потврдил извор за Си-Ен-Ен.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден,пренесе Индекс.хр.
Свет
Американка уапсена во Москва откако прошетала теле низ Црвениот плоштад

Американката Алиша Деј е уапсена денеска и осудена на руски суд откако прошетала теле низ Црвениот плоштад во Москва, објави Ројтерс.
Според руските државни медиуми, Алиша Деј рекла дека го купила телето за да го спаси од колење.
Деј беше казнета со 285 долари за попречување на пешаците за време на нејзиниот незаконски протест и беше осудена на 13 дена затвор поради непочитување на полициската наредба,пренесе Танјуг.
Европа
Оланд: Путин не е луд, туку е радикално рационален

Поранешниот француски претседател, Франсоа Оланд, смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е луд, туку радикално рационален лидер, кој е убеден дека западните земји ќе се изморат од испраќање помош за Украина и дека преговорите ќе донесат крај на конфликтот, кој ќе биде поволен за Русија.
Оланд беше претседател од 2012 до 2017 година и има големо искуство од прва рака со Путин.
„Тој (Путин) е радикално рационална личност или рационално радикална личност, што сакате. Тој има свое мислење во рамките на кое е подготвен да употреби сила“, изјави поранешниот француски лидер за „Политико“.
Пред одбележувањето една година од руската инвазија на Украина, која почна на 24 февруари, Оланд додаде дека Путин ќе се обиде да ги „консолидира своите успеси со цел да го стабилизира конфликтот надевајќи се дека јавноста ќе се замори и дека Европејците ќе се плашат од ескалација сè со цел во таа фаза од војната да се спомене можноста за преговори“.
Оланд смета и дека овој пат улогата на посредник кај Путин ќе падне на Кина или Турција.
Оланд беше еден од најнепопуларните француски претседатели додека беше на функцијата, со ниски едноцифрени рејтинзи. Но, сега тој е вториот најпопуларен политичар, пет места пред Макрон.