Контакт

Свет

Бајден: На пат сме да победиме на изборите

Објавено пред

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека е на пат да постигне изборна победа.

„Тука сум да ви кажам дека веруваме оти сме на добар пат да победиме на изборите“, рече тој во обраќањето пред приврзаниците.

Шефот на неговиот предизборен штаб изрази уверување дека тие се на јасен пат до победата и дека Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Бајден истакна дека знае оти за победата ќе треба време, кое е неопходно за да се избројат сите гласови добиени по пошта. Тој додаде дека трпеливоста е неопходна додека не заврши напорната работа за броење гласови. Според него, изборите нема да бидат завршени сè додека не се избројат сите гласови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Црна Гора секој трет работник останал без работа

Објавено пред

Во Црна Гора, од март до ноември, има зголемување на невработеноста од 11.000 лица или 31,6 проценти, рече помошник-директорката во Секторот за исплата од областа на вработувањето во Бирото за вработување на Црна Гора (ЖЗ) Светлана Крговиќ.

РТЦГ пренесува дека Крговиќ оценила дека состојбата на пазарот на трудот е неизвесна и дека статистичките податоци не се охрабрувачки.

Според соопштението на Бирото, таа рече дека е прекинат позитивниот тренд на намалување на невработеноста, кој е регистриран од декември 2017 година.

Крговиќ, заедно со другите претставници на Бирото, преку апликацијата Зум, учествуваше на експертската конференција на Центарот за јавни услуги за вработување на земјите од Југоисточна Европа (ЦПЕШЕЦ), организирана од Бугарската агенција за вработување.

„Претставниците на службите за вработување на земјите членки на ЦПЕШЕЦ разменија искуства за управување со учинокот во време на криза, улогата на јавните служби за вработување во закрепнувањето и иднината на пазарот на трудот, како и за спроведувањето на активните мерки на пазарот на трудот за време на кризата“, соопшти Бирото.

Заеднички беше оценето дека јавните служби за вработување, во борбата против кризата, покажаа прилагодливост и отвореност кон предизвиците на пазарот на трудот.

Главните цели во претстојниот период ќе бидат мерки и програми за поддршка на работодавците и барателите на работа, стратегии за успешно закрепнување од кризата, зелени работни места и дигитализација на институциите за вработување.
.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Објавено пред

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице загина, а две се тешко повредени.

Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен.

Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.

Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас, а Телеграф.рс од својот извор дознава дека експлозијата се случила кога работниците носеле боци со гас.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.

Прикажи повеќе...

Свет

Шарл Мишел: Светот беше неподготвен, потребен е меѓународен договор за пандемии

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предложи меѓународен договор за пандемии во рамки на Светската здравствена организација.

„Бројот на епидемии е зголемен изминатите децении. Знаевме дека светот не е имун на големи пандемии. Сепак, фатени сме неподготвени. Тоа е своевиден неуспех и мораме да извлечеме поука од тоа“, рекол Мишел.

Според него, „огромното достигнување во развојот на вакцините за помалку од една година, наместо вообичаените десет години, се должи на глобалната соработка без преседан и мобилизација на научната заедница и индустријата, на кои властите им пружија потребна поддршка и финансирање”.

Тој предложи оваа мобилизација и меѓународна солидарност да бидат основа на новиот меѓународен договор во рамки на СЗО за лекување при идни пандемии.

„Принципот за универзален пристап кон новите вакцини против Kовид-19 е од клучно значење. Наша цел мора да биде гаранцијата за пристап до вакцини, лекување и тестови за идните пандемии. Тоа треба да се внесе во договорот“, нагласи Мишел.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 минути

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија53 минути

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ1 час

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион1 час

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија2 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија3 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион3 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет3 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа16 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија17 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија18 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија19 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија22 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен22 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ22 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет23 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет24 часа

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет1 ден

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Досие