Свет
Бајден помилува 39 лица осудени за ненасилни злосторства, им ги скрати казните на 1.500 лица
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска изјави дека помилувал 39 лица осудени за ненасилни злосторства и дека им ги скратил казните на речиси 1.500 лица, кои издржуваат долги затворски казни.
Помилувањето и намалените казни дојде една недела откако Бајден потпиша безусловно помилување за својот син Хантер, објави „Ројтерс“.
Официјални лица минатата недела рекоа дека Белата куќа ги слуша барањата на Бајден да ја изрази истата милост кон илјадници луѓе на кои им е нанесена неправда од правосудниот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индонезија започна евакуација на 3.000 жители поради ерупција на вулканот Ибу
Индонезиските власти почнаа да евакуираат околу 3.000 жители во близина на вулканот Ибу на островот Халмахера, откако вулканот еруптираше и исфрли пепел во висина од четири километри, соопшти тамошната агенција за катастрофи.
Ерупцијата на вулканот Ибу се случи вчера наутро и траеше околу две минути, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво во околните области, објави Ројтерс.
„Ситуацијата на теренот во моментов е стабилна“, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за намалување на ризикот од катастрофи, Абдул Мухари.
Тој претходно изјави дека во близина на вулканот живеат околу 13.000 луѓе.
Ерупцијата е само последна во низата вулканска активност во Индонезија, која се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“ и има 127 активни вулкани. Вулканот Ибу имаше серија ерупции минатата година, а во мај жителите од седум околни села мораа да бидат евакуирани.
Свет
(Видео) Лансирана е ракетата на Безос
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена во последен момент поради технички проблеми.
Но, околу триесет ката висока и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ беше лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида.
Овој беспилотен тест лет е предвиден да ја демонстрира технологијата во вселената за потребите на Blue Origin. Главната цел на мисијата е да докаже дека Њу Глен може да стигне до орбитата, што би го отворило патот за посложени мисии во иднина.
The NG-1 countdown clock is proceeding. The three-hour launch window opens at 1 a.m. EST (0600 UTC).
Live webcast begins here 20 minutes before launch.https://t.co/wDtmxoDKRs
— Blue Origin (@blueorigin) January 16, 2025
Свет
Тројца уапсени во Калифорнија за подметнување шумски пожари
Две лица се уапсени во Лос Анџелес. Во еден случај, жител на Лос Анџелес изгаснал пожар на дрво и го фатил осомничениот, кој признал дека го подметнал пожарот бидејќи „му се допаѓа мирисот на запалените лисја“, пишува ABC News.
Вториот осомничен признал дека го подметнал пожарот за да предизвика „хаос и уништување“.
Во градот Сан Бернардино, полицијата уапсила маж кој подметнал мал пожар кој изгорел околу 34 хектари, но нема повредени или оштетувања на зградите, јавува CBS News.
Иако пожарите во Јужна Калифорнија се уште не се целосно под контрола, властите најавија дека условите за нивно гаснење почнале да се подобруваат, но дека се уште постои висок ризик.