Свет
Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа.
„Путин го наруши мирот во Европа. САД и нивните сојузници стапуваат на сцената докажувајќи дека НАТО е понеопходен и поважен од кога било“, порача тој од Мадрид.
Американскиот претседател изјави и дека САД ја менуваат позицијата на моќ во Европа врз основа на заканите што доаѓаат од Русија. Тој потврди дека САД ќе го зголемат бројот на разурнувачите во Шпанија од четири на шест, пренесува „Ројтерс“.
Тој изјави дека Вашингтон ќе испрати две дополнителни ескадрили „Ф-35“ во Велика Британија и ќе го формира штабот на 5. армија во Полска.
BREAKING: @Potus announces new US military deployments to Europe:
1. Create permanent HQ for US 5th Army Corps in Poland
2. Deploy additional rotational brigade to Romania
3. Deploy 2 additional F-35 squadrons to the UK
4. “Enhance” rotational deployments in Baltics— Nick Schifrin (@nickschifrin) June 29, 2022
„САД ќе го зајакнат своето воено присуство во Европа за да може НАТО да одговори на заканите што доаѓаат од сите правци и од сите области – копно, воздух и море“, рече тој.
Самитот на НАТО, на кој се собираат повеќе од 40 шефови на држави и влади, почна синоќа во Мадрид, а неговиот работен дел се одржува денеска. Самитот, на кој меѓу централните теми ќе биде војната во Украина, завршува утре. По вчерашното турско укинување на ветото, Шведска и Финска ќе може да влезат во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
На парламентарните избори во Бугарија ќе учествуваат 24 партии и 7 коалиции

Денеска во 17 часот истече рокот во кој партиите и коалициите во Бугарија требаше да ги достават потребните потписи и документи за регистрација за учество на претстојните предвремени парламентарни избори на 2 октомври, информира „БГНЕС“.
Документи за учество на изборите поднеле вкупно 24 партии и 7 коалиции.
Утре ЦИК ќе ја заврши проверката на сите доставени документи, а доколку има некој од потписите што не содржат 2.500 валидни потписи, формацијата ќе биде избришана.
Следниот важен рок е 27 август. До тој датум, само коалициите на партии регистрирани од Централната изборна комисија можат да поднесат апликации за да ги одразат промените што се случија во составот на коалицијата – напуштање партија или пристапување во нова партија.
Бугарите кои живеат во странство можат да се пријават за гласање преку Интернет. Електронската апликација за поднесување барања од Бугари во странство за гласање на предвремените избори ќе се прифаќа од денеска до 6 септември.
Изборите на 2 октомври ќе се гласаат машински, со истиот софтвер како и на последните парламентарни избори.
Регион
Откриени 73 килограми кокаин во БиХ

Властите во Босна и Херцеговина денеска заплениле 73 килограми кокаин вреден неколку милиони евра, што е едно од најголемите откриени количества на оваа дрога во земјата по завршувањето на војната.
Кокаинот бил шверцуван со друга стока што била увезена во Босна и Херцеговина, а бил откриен во акција што била спроведена со помош на партнерските агенции на Европската унија и Европол.
По наредба на Обвинителството на БиХ, членови на Дирекцијата за организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, дрогата кокаин ја откриле во магацин.
„Ова е една од најголемите заплени на наркотична дрога кокаин во постдејтонска Босна и Херцеговина, а вредноста на запленетите наркотици на нелегалниот нарко пазар изнесува неколку милиони евра“ – се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина. .
Оттаму додаваат дека истрагата се води во соработка со партнерските агенции. Обвинителството на БиХ ја продолжува истрагата со цел целосно да се расветлат сите околности на меѓународниот шверц на кокаин.
Свет
СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

Над 35.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во 92 земји и територии во светот, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, додека бројот на починати е 12.
Ова го изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) – Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во СЗО од 92 земји и територии со 12 смртни случаи“, рече тој, пренесе ТАСС.
Како што наведе, минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на мајмунски сипаници.