Свет
Бајден: Само Русија има моќ веднаш да ја запре војната

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика светските лидери на Генералното собрание на ОН да застанат покрај Украина во борбата против руската инвазија, со надеж дека тоа ќе го слушнат и републиканците.
„Русија верува дека светот ќе се замори и ќе дозволи да ја нападне Украина без последици. Ако дозволиме Украина да биде фрагментирана, дали независноста на која било нација е безбедна?“ праша Бајден во говорот пред Генералното собрание на ОН.
Бајден беше пречекан со аплауз кога рече дека САД и нивните сојузници ќе застанат покрај Украина во нејзината борба за слобода.
„Само Русија сноси одговорност за оваа војна. Само Русија има моќ веднаш да ја прекине оваа војна“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борел разговараше со Курти и Вучиќ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, по повод престрелките во Косово што Приштина ги опиша како терористички напад и го обвини Белград, а загина еден косовски полицаец.
Борел најостро ги осуди денешните постапки, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.
Тој изрази сочувство до семејството, колегите и роднините на убиениот полицаец, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување.
Како што се додава, Борел разговарал и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Борел го повторил барањето до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците од манастирот Бањска.
Регион
Рашко-призренска епархија: Во манастирот мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците

Од Рашко-призренската епархија соопштуваат дека состојбата во Бањскиот манастир во моментов е мирна, иако се уште се чувствува страв поради денешните случувања и во околината и во самата манастирска капија.
Вооружените лица кои претходно денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот. Во моментов е забележано присуство на косовската полиција пред влезната капија и во дворот на манастирот, се наведува на веб-страницата на Рашко-призренската епархија.
Во конакот на манастирот сè уште е игуменот со неговите браќа, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца.
Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека се одржуваат редовни богослужби во параклисот на манастирот, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро, информираат од Рашко-призренската епархија.
Регион
Мистерија во автобус што се враќал во БиХ: Седум патници се онесвестиле, не се знаат причините

Туристички автобус кој се враќал од Барселона за Босна и Херцеговина во саботата околу 20 часот застанал на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле.
Возачот го паркирал автобусот со 62 патници и повикал помош.
Француските власти веднаш испратиле спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум амбулантни возила и пожарникари.
Сега се истражува за да се утврдат точните причини за овој настан. Патниците имале слични симптоми како несвестица, вртоглавица или мачнина.
Овие ситуации може да бидат предизвикани од различни фактори за време на патувањето, вклучително и еколошки услови како што се лоша вентилација во автобусите, изложеност на токсични материи или дури и психолошки стрес, пишува „Клих.ба“.