Свет
Бајден со осуда за Русија: Референдумите во Украина се апсолутна измама

Претседателот на САД, Џо Бајден, вети денеска дека Соединетите Американски Држави никогаш нема да ги признаат руските територијални претензии во Украина, а Вашингтон подготвува нов круг санкции против Русија поради организирањето на референдумите во четирите југоисточни украински региони во кои е доминатно руското и рускојазичното население и се под контрола на сепаратистичките и руските сили, кои Западот ги оцени за нелегално руско анектирање украинска територија.
Тој им се обрати на челниците на пацифичките островски земји и притоа ги осуди референдумите во Украина како апсолутна измама тврдејќи дека резултатите, кои покажаа дека огромно мнозинство, над 90 отсто од оние што гласале во Донмецк, Луганск, Херсон и во Запорожје, се за присоединување на Русија – измислени се во Москва.
„Сакам да бидам многу јасен во врска со ова, САД никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските барања на украинската суверена територија“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
На 11 мај САД ќе ја укинат вонредната состојба воведена за борба против коронавирусот

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска соопшти дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19, речиси три години откако земјата воведе сеопфатни мерки за борба и сузбивање на коронавирусот.
Во 2020 година, претходната администрација на претседателот Доналд Трамп воведе национална вонредна состојба поради корона вирусот и вонредна состојба во јавното здравство, потсетува Ројтерс.
Бајден постојано ги продолжуваше тие мерки,пренесе Танјуг.
Свет
(Видео) Уште еден кит заринка на источниот брег на САД

Од минатиот месец, 15 китови се насукаа на источниот брег на САД, а 7,6 метарски грбав кит се насука на бреговите на американската сојузна држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат од што е ова предизвикано.
„Станува збор за машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемото насукување на кит на овие брегови во повеќе од една деценија“, рече Дон Клавим, управител на градот Хемпстед, објави Би-Би-Си.
Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.
„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на Clean Ocean Action.
Свет
(Видео) Во пукање во Флорида најмалку десет лица се ранети

Најмалку десет лица се ранети во пукотница во Лејкленд, Флорида, соопшти градската полиција.
Пукањето се случило вчера околу пладне, а две лица се во критична состојба, соопшти полицијата, пренесува АП.
Се наведува дека напаѓачите во еден момент ги симнале сите четири стакла од темносините возила и отвориле оган врз нив, а во престрелката биле ранети лица од двете страни на улицата.
Police say 10 people were shot in a "targeted attack" in #Lakeland #Florida They're seeking a blue Nissan in connection with the shooting.#shooting #GunControlNow #guncontrol pic.twitter.com/P29mWebMeq
— Breaking News Worldwide (@FelizKarenP1) January 31, 2023
Полицијата во Лејкленд сè уште не идентификувала ниту еден осомничен и објавила на Фејсбук дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.
Началникот на полицијата во Лејкленд, Сем Тејлор, рече дека истражителите веруваат дека нападот не бил случаен и дека жртвите биле цел.
Тој додава дека на местото на престрелката била пронајдена марихуана, а истражителите веруваат дека непосредно пред пукањето на местото на инцидентот се вршела продажба на дрога.