Свет
Бајден: Убеден сум дека Путин веруваше оти може да ги скрши НАТО и ЕУ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот лидер Владимир Путин мисли оти може да ги растури НАТО и Европската Унија.
„Убеден сум дека Путин веруваше оти може да го скрши НАТО, дека веруваше оти може да ја скрши Европската Унија“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.
Наместо тоа, САД и многу европски земји се обединија и застанаа на страната на Украина.
Американскиот претседател додаде дека Путин е многу пресметан, но дека неговите постапки покажуваат дека не може да најде излез од војната во Украина, пренесуваат светските агенции.
Инаку, Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, повторно активирајќи ги законските одредби што потекнуваат од Втората светска војна.
Новиот закон (украинска демократска одбрана за заем – закуп од 2022 година) се заснова на програма од Втората светска војна дизајнирана да ѝ помогне на Европа да ,у се спротивстави на Хитлер и беше поддржан од речиси сите членови на американскиот Конгрес, освен 10 члена на Претставничкиот дом, кои гласаа против, соопшти Белата куќа.
Biden says he is worried Putin does not have a way out of Ukraine war https://t.co/a3hjjrqmwM pic.twitter.com/FkVJTsODYg
— Reuters (@Reuters) May 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.