Свет
Бајден утре ќе претстави членови на новата влада, медиумите открија некои имиња

Џо Бајден утре ќе ги објави првите имиња за идната влада на САД продолжувајќи ја работата за составување на својот тим два месеца пред стапувањето на должност и покрај напорите на Доналд Трамп да го сврти резултатот од претседателските избори.
„Во вторник ќе ги дознаете првите имиња на членовите на владата на избраниот претседател“, изјави идниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Рон Клајн, за Еј-би-си.
„Треба да почекаме избраниот претседател сам да го стори тоа во вторник, пред продолжениот викенд по повод Денот на благодарноста“, додаде Клајн.
„Њујорк тајмс“ и „Блумберг“ известуваат дека Бајден ќе го назначи искусниот дипломат Ентони Блинкен за државен секретар во својата идна администрација.
Еден дипломатски извор соопшти дека Бајден се очекува да ја назначи Линда Томас-Гринфилд, црномурна жена која имаше високи позиции во администрацијата на Обама, за нов американски претставник во ОН.
Нејзиното назначување треба да го исполни предизборното ветување на Бајден за разноликост во новиот владин состав.
Што се однесува до позицијата министер за финансии, меѓу кандидатите за потесен избор на Бајден се и поранешната претседателка на Американската централна банка (FED), Џенет Јелен, актуелната гувернерка на FED, Лајел Брејнард, поранешната гувернерка на FED, Сара Блум Раскин, и претседателот на Банката на федерални резерви во Атланта, Рафаел Бостиќ.
На национално ниво Џо Бајден освои речиси 80 милиони гласови на изборите, а републиканскиот претседател Трамп освои нешто помалку – 74 милиони гласови.
Исто така, Бајден доби 306 избирачки гласови во споредба со 232 гласа до кои дојде Трамп.
Трамп, сепак, продолжува да ја повикува Републиканската партија да се бори и да не им дозволува на демократите да ги уништат, како што вели, доказите за изборна измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога 11 лица беа повредени, а стотици згради беа оштетени.
Десетици жители на селата Дамаси и Месохори, северно од Атина, ја поминале ноќта надвор.
Ним им е обезбедено сместување во шатори и хотели во блиските градови Трикала и Лариса, објави Цивилната заштита.
Синоќа се почувствуваа повеќе земјотреси, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.
Екипи прегледуваа куќи, како и училишта кои денес се затворени поради претпазливост, болници и други јавни згради.
Меѓу оштетените згради има четири цркви, од кои едната е од 17 век, соопшти Министерството за култура.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Американскиот геофизички институт, односно шест степени според податоците на Атина, беше регистриран вчера нешто пред 12 часот.
Епицентарот бил на 238 километри северно од Атина и на длабочина од осум метри, објави Атинската опсерваторија.
Регион
СЗО загрижена поради бројот на заразени во Србија: Ситуацијата е сериозна

Директорот на канцеларијата на СЗО во Белград, Марјан Ивануша, коментирајќи го наглиот скок на бројот на новозаразени со коронавирус во земјата, предупреди дека ситуацијата е сериозна затоа што Србија се наоѓа на четвртото место во Европа според бројот на новоинфицирани со коронавирус на 100.000 жители.
Веќе со денови, Србија има повеќе од 3.000 нови инфекции на дневна основа, а во вторникот и средата повеќе од 4.000, додека бројот на хоспитализирани повторно надмина 4.000.
Ова дополнително го загрозува веќе преоптоварениот здравствен систем, поради што медицинскиот дел од Кризниот штаб инсистира на заострување на мерките и општо затворање од најмалку една недела.
Предлогот е во тој период да бидат затворени сите трговски центри и угостителски објекти, а би работеле само продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, но само за полнење на гориво.
Кризниот штаб ќе донесе одлука за овие мерки на седницата закажана за во петок.
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека ситуацијата во Србија е сериозна, рече дека единствено што останува за борба против вирусот е да се почитуваат епидемиолошките мерки, додека преку вакцинацијата не се постигне колективен имунитет.
„И покрај успехот во вакцинацијата, треба да се има предвид дека бројот на оние кои не се вакцинирани и натаму е голем“, изјави Ивануша за белградска „Политика“.
Во средата, 16 пациенти починаа од инфекција со Ковид-19 во Србија, а коронавирусот беше потврден кај 4.056 лица меѓу 16.175 тестирани примероци.
Од почетокот на пандемијата, во земјата се тестирани 2.986.711 примероци, регистрирани се вкупно 470.941 случај на коронавирус, а досега официјално се пријавени 4.491 смртен случај, со стапка на смртност од 0,95 проценти.
Европа
Бројот на заболени во Англија намален за две третини во споредба со јануари

Вкупниот број на луѓе заболени од Ковид-19 во Англија опадна од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, објавија денес истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.
Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари било 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.
Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на заболени е зголемен во Лондон, на југоисток, како и на исток и во Вест Мидлендс, објави „Ројтерс“.
„Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен“, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџот во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер