Свет
Бајден ќе го објави името на првата Афроамериканка во Врховниот суд

Претседателот на САД, Џозеф Бајден, најави дека планира до крајот на февруари да го назначи наследникот на либералниот судија на Врховниот суд, Стивен Бриер, кој најави дека се пензионира и повтори дека ќе биде првиот африкански американски судија во највисокиот суд во земјата.
„Ова е емотивен ден за мене. Денеска сум овде за да ја изразам мојата благодарност во име на нацијата на судијата Стивен Бриер за неговата извонредна кариера во јавната служба“, рече Бајден, пренесе „Гласот на Америка“.
„Имам намера да ја објавам мојата одлука (за кандидатот за судија на Врховниот суд) до крајот на февруари. Тоа ќе биде првата Афроамериканка некогаш номинирана за Врховниот суд. Тоа требаше да се направи одамна“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија ќе учествува во обновата на украинските градови

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на средбата со украинскиот амбасадор Володимир Толкач рече дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.
Вучиќ изрази искрено жалење за ситуацијата во Украина и посочи дека Србија е посветена на почитување на принципите на територијален интегритет и суверенитет на државите како еден од основните принципи на меѓународното право, пренесува Н1 Србија.
Тој рече дека во таа смисла Србија го почитува територијалниот интегритет и на Украина, соопштија од кабинетот на Вучиќ.
Вучиќ истакнал дека Србија ги обезбедила најдобрите можни услови за бегалците од Украина, како и сите права и дозволи за престој и работа. Додал дека тоа го обезбедуваат правилата на земјите од ЕУ, односно дека е дури и на повисоко ниво и европската легислатива.
Српскиот претседател најавил и дека наскоро со Толкач ќе ги посети украинските бегалци во Србија, а Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.
Тој повторил дека Србија, во согласност со својата доследна политика, е посветена на мирно решавање на споровите.
Европа
Поранешниот германски канцелар Шредер ќе ги загуби привилегиите поради врските со Русија

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер дополнително ќе биде казнет затоа што не сакал директно да ја осуди руската инвазија на Украина.
Германската владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократите (СПД), партија на која ѝ припаѓа и Шредер и која некогаш ја водеше, ќе му ги одземе посебните права што ги ужива како поранешен канцелар. Тој ќе остане без својата канцеларија и персонал, според владиниот предлог што треба да го одобри Комисијата за буџет во четврток, пренесуваат медиумите во регионот.
Шредер, како што пишува во извештаите, ќе може да ја одржува пензијата и личната заштита. Конзервативната опозиција побарала тој да остане без пензија.
Опозицијата тврди дека го нарушува угледот на Германија во светот бидејќи не се оградил од рускиот претседател Владимир Путин и затоа што ги задржал своите должности во различни руски енергетски компании. Шредер беше канцелар од 1998 до 2005 година, последниот социјалдемократ кој ја предводеше Германија пред сегашниот канцелар Олаф Шолц.
Потоа, меѓу другите, работеше за „Северен тек“, „Гаспром“ и „Роснефт“. Раководството на СПД побара од него да ја напушти партијата. Некои дури бараа да биде избркан.
Европа
Кремљ: Тврдењата на Киев се лажни – Украинските екстремисти од Азовстал се предаваат, нема збор за евакуација

Обидите на Киев да го окарактеризира предавањето на украинските екстремисти од „Азовстал“ како евакуација се неточни, тие се предаваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Недвосмислено е дека војниците кои се засолниле на територијата на „Азовстал“ се предаваат и го полагаат оружјето. Што се однесува до нивната идентификација, прашањето треба да се испрати до Министерството за одбрана на Русија – изјави тој.
Песков ги нарече недозволиви обвинувањата на Киев дека руски војници вршеле злосторства за време на специјална воена операција и рече дека многу од случаите за кои зборува Киев се лажни и монтирани.
– Многу од случаите за кои зборува Киев се очигледно лажни. Најмногу сме шокирани од монтираните случаи кои нашите експерти покажаа дека се лажни, па така се однесуваме кон нив – нагласи портпаролот на Кремљ, пренесе Новости.