Свет
Бајден ѝ се обраќа на јавноста во пресрет на Денот на благодарноста

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, денес ќе ѝ се обрати на јавноста по повод пандемијата на коронавирусот и празниците.
Говорот ќе го одржи пред утрешниот американски празник Денот на благодарноста, период кога милиони Американци обично се собираат со семејството и кога многумина патуваат за да бидат заедно со семејството.
Но, оваа година, поради Ковид-19, федералната влада ги повика луѓето да останат дома, пренесува „Гласот на Америка“.
Транзициската канцеларија на Бајден соопшти дека тој ќе зборува за заедничките жртви што ги прават Американците за време на овие празници и ќе порача: „Можеме и заедно ќе ја поминеме сегашната криза“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Урсула фон дер Лајен: ЕУ ќе мора што поскоро да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини за коронавирус за Западен Балкан „што е можно поскоро“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа објасни дека се покажало оти постапката за доставување вакцини на сиромашните и земјите надвор од Унијата преку меѓународниот механизам Ковакс е комплицирана и затоа е одлучено со посебен механизам на ЕУ да се обезбедат вакцини на Западен Балкан, кои ќе ги дадат членките на ЕУ.
Лидерите на ЕУ исто така одлучија дека брзото ширење на опасната нова варијанта на вирусот „силно ги обесхрабрува патувањата кои не се итни“ во рамките на Унијата, но исто така го зачувува единствениот пазар на ЕУ и „Шенген зоната“.Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочија дека расте загриженоста во ЕУ за ширење на нова варијанта на коронавирусот и истакнаа дека ќе бидат преземени сите мерки за забрзување на масовната вакцинација на населението во ЕУ. Тие истакнаа дека целта е да се вакцинираат најмалку 70% од населението во ЕУ до летото.
Европа
Орбан: Не ни требаат објаснувања, туку вакцини

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да ги укине мерките воведени за спречување на коронавирусот сè додека не се изврши масовна вакцинација на луѓето.
Тој за унгарското државно радио рече дека најдобриот пристап е да се одобри употребата на неколку различни вакцини против коронавирусот, со цел да се поттикне побрзо производство и испорака на вакцини, пренесува „Ројтерс“.
„Не ни требаат објаснувања, туку вакцини“, рече Орбан и додаде дека се надева дека министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, кој денес е во Москва за да преговара за вакцините, ќе обезбеди договор за набавка на руската вакцина „спутник В“.
Според него, кога здравствените работници, старите лица и оние кои работат во првите редови ќе ја примат вакцината, може да започнат разговори за олеснување на мерките.
Унгарската агенција за лекови ја одобри употребата на британската „Астра зенека“ и руската вакцина „спутник В“. Унгарија на тој начин стана првата земја на ЕУ што ја одобри руската вакцина, за која европскиот регулатор сè уште нема дадено зелено светло.
Свет
Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални и се закани дека ќе ги тужи другите заради повикување преку интернет да се приклучат на нелегалните протести со кои се бара негово ослободување.
Домашните сојузници на Навални изјавија дека полицијата дошла во домовите на активистите, вклучувајќи ја и неговата портпаролка Кира Јармиш, за да ги предупреди пред планираниот протест, пренесува „Ројтерс“.
Владлен Лос, белоруски адвокат на групата на Навални, рече дека бил приведен и му било кажано да ја напушти земјата до понеделник и му е забрането повторно да влегува до ноември 2023 година.
Полицијата го уапси и сојузникот на Навални, Љубов Собол, изјави нејзиниот адвокат. Таа ги повика луѓето да учествуваат во протестот, иако не беше јасна причината за нејзиниот притвор.
Властите соопштија дека планираните митинзи се незаконски и дека луѓето што упатуваат такви повици ќе одговараат.
Надзорното тело за комуникации, Роскомнадзор, навести дека ќе ги казни платформите на социјалните мрежи за нелегална содржина што ги охрабрува малолетниците да учествуваат во нелегални протести.
Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, беше приведен за време на викендот, а подоцна беше затворен за наводни повреди на условна слобода откако слета во Русија за прв пат по лекувањето во Германија од наводно труење со нервниот отров новичок.
Тој го обвинува Путин дека го наредил неговото убиство, што Кремљ го негира. Неговите приврзаници повикаа на протести низ целата земја во саботата, со надеж дека ќе извршат притисок врз Кремљ да го ослободи пред парламентарните избори во септември.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот